Коментари

БОЈКОТ НА ПОПИСОТ И РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

(Цртички и отровни стрелички – 163)

   Иако електронски спроведен, што значи прелиминарните податоци можеа да бидат на увид за само 24 часа, дури седум месеци по спроведувањето на таканаречениот “попис” тие испливаа во јавност. Бројките од долго очекуваната и по 21 година од последниот попис спроведена операција, што се појавија во јавноста внесуваат голем немир речиси кај сите во земјата заради нивната сомнителна и со полно право оспорувана (не)објективност и неверодостојност! Tоа е, пред се, резлутат на слепата послушност на домашните измеќари на странскиот фактор длабоко инволвиран во домашните случувања. Далеку било, да се надеваме дека и оваа егзибиција наречена “попис” на номенклатурата на власт нема да доведе и до дестабилицзација на земјата и по кој знае кој пат длабока криза заради нечии  т у ѓ и  интереси, а не заради интересите на народот на Македонија.

   Постојат ептен многу причини да не веруваме во објективноста на пописот поради очигледното и тенденциозното настојување  да се штимаат и како такви да се презентираат бројки кои никако не соодвествуваат со вистинската слика за бројноста на населението во земјата и поединечно на етничките заедници во РМ.

   Во прв план пред очи ми е сценариото на длабоката држава (кое ми е добро познато од пред седум-осум години) во кое е зацртано дека бројот на албанците во Македонија треба да биде 30% од вкупното население, без разлика колку реално изнесува тој број на теренот. Но, пред да прејдеме на бројките што седум месеци ги штимаше Државниот завод за статистика, прашувам: како е можно нивниот бројот речиси да се  дуплира за 20тина години, бидејки според сознанијата што лично непосредно ги имам од амбасадори во Македонија од серозни држави (членки на НАТО) во стилот “off the record”, т.е.неслужбено, бројот на албанците тогај (пред 21 година) не бил поголем од 16 проценти!? Неспорно е дека се иселнуваат многу млади македонци, но се иселуваат и албанци, истото важи и за наталитетот и морталитетот и кај едните и кај другите, но за такви драстични разлики едноставно не можам да верувам и да ги прифатам!

   Уште пред да почне фамозниот попис пред седум месеци, кристално јасно беше дека тој е фаличен и по многу основи ќе е неверодостоен, во прв план заради инсистирањето за попишување на иселениците кои во моментот на попишувањето повеќе од една година престојуваат  в о н  земјата. Такво нешто во светската пракса, но и според Евростат, НЕ ПОСТОИ!!!. Па замислите една Франција, Обединетото Кралство, Италија, или Хрватска, Грција и други земји каде е карактеристично иселувањето, да организираат попис во нивната дијаспора!? Тоа е невозможна мисија, а сите планови за активности на споменатите и други земји карактеристични со иселувањето го планираат според приближни проценки, а не со попис! Иако на тоа многумина укажуваа, Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, си опстои на директивите од длабоката држава егзекутирани преку поданичката власт СДСМ-ДУИ што несомнено ќе има долгорочни несогледиви последици за сите нас.

   Резервираноста меѓу македонското население дома кон спорниот попис, како и можните наштимани резултати од истиот беше очигледна. Како личен пример ќе наведам дека мојата ќерка и нејзиното семејство НЕ БЕА ПОПИШАНИ, иако во два наврати самите лично интеревенираа до надлежните за да пратат попишувачи на нивната адреса!? Такви примери има многу, а пак ќе го прашам Апостол Симовски: како ги третираше таа категорија на граѓани при “сумирањето на резултатите на полисот”?  Од друга страна, истиот тој А. Симовски јавно се закануваше со затвор или друг вид санкции ако не се попишите, злоупотребувајки ја службената позицијата директор на Државниот завод за статистика, за што сметам дека еден ден треба да одговара за своите постапки!!!

   Несомнено е дека и А. Симовски и самата институција Државен завод за статистика се злоупотребени од актуелната власт и наместо статистичка, спроведоа политичка операција што е дел од сценариото за разнебитување на македонската нација како долгорочен проект заради задоволување на суетата на некои од нашите соседи кои не можат да се помират со фактот дека на планетава постои нација што се нарекува МАКЕДОНЦИ. За жал на сите нас дома и во иселеништвото, таквото сценарио со овој таканаречен “попис” е во напредната фаза на реализација благодарејки на домашните слуги на ѓаволот – актуелната коалциија СДСМ-ДУИ.

   Од тие причини се придружувам кон сите оние што повикуваат за игнорирање и непризнавање на пописот, свесен на последиците од таквите заложби.

   Вообичаена пракса во светот е пописот на населението и на јавните добра да се прави на секои десет години, а истата се смета за најважна статистичка операција за нормалното функционирање на системот и за планирање на долгорочниот развој на земјата. Но самата изјава на А. Симовски „Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението“ фрла сомнеж дека многу нешта во врска со пописот не се објективни и како такви треба да ги третираме. Би му порачал на Апостола: Не само еден месец, туку цел живот ќе бидеш проколнуван за злосторот што ни го стори. Тоа да ти биде јасно!

   Први со резерви кон објективноста на резултатите од пописот се изјаснија од ДУИ заканувајки се дека нема да ги признаат доколку албанци во Македонија се помалку од 20%. по што следеше изјавата на првиот вицепремиер, Артан Груби, кој изрази „жалење“ од изјавата на Симовски, но со додавка дека “нема потреба никој – ниедна етничка заедница, да се грижи и сите ќе биле задоволни, сите ќе бидат толку колку што се”. Груби не објасни од каде му се сознанијата за таква “утешителна” порака.

  Но  еве ги неофицијалните резултати: во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, (што не е точно – забелешка моја) што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.(во моментот кога го пишувам овој прилог официјалните резултати сеуште не се објавени):

   Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, македонците би излегле од 60 до 62%, албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%, јавува ТВ 21.

   Црни Апостоле, па каде се македонците во дијаспората човече? Само во Канада ги има далеку повеќе од 200.000, а што мислиш колку се, за жал, во Австралија (особено во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Бризбен, Аделаид, Њукасл, Вулунгонг, Порт Кембла и да не наведувам понатаму)!? Каде ти се македонците од Германија, Швајцарија, а да не ги изоставиме САД каде ги има во стотици илјади!? Треба да одговараш за овој злостор што слугантски го стори Апостоле Симовски.

2. Бугарскиот премиер Кирил Петков зрачеше од среќа на пресот со колегите од Црна Гора, Македонија и Романија во понеделникот (28.03.2022) во Софија истакнувајќи дека бил постигнат “значаен напредок” во преговорите со Македонија. Иако не прецизира за кои прашања е постигнат напредокот што го спомена Петков, познато е дека станува збор за некакво заедничко (?) славење на Светите Кирил и Методиј и царот Самоил, а спорни се гледиштата за ликот и делото на Гоце Делчев.

   Димитар Ковачевски невешто се обиде да прикрие дека македонската страна попуштила пред притисокот од бугарска страна, но самата изјава на еден член, кој си даде оставка од членство во Комисијата за историски прашања, е недвосмислен доказ дека македонскиот дел во мешовитата комисија е под огромен притисок на политиката да се прифатат бугарските инсистирања кои, судејки по изјавата на премиерот Петков, се направени од македонска страна со надеж дека конечно ќе се крене бугарската блокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ!?

   Премиере на Република Македонија Д. Ковачевски, ќе те запрашам јавно: што ќе добиеме и да се тргне бугарската блокада и преговорите конечно да почнат??? Можеби некои ссситни финансиски и други привилегии, но самиот Петков многу јасно ни порача дека очекува во наредните 15 години да се надминат сите отворени прашања! Да не заборавиме дека Бугарија може 72 пати во текот на преговорите повторно да не блокира инсистирајќи на нови барања и концесии од наша страна.

   Дали ја сваќаш суштината на проблемот г. Ковачевски или не сметаш нас, граѓаните, за недоветни и не ги сразбираме работите???

   Ја повикувам опозицијата која сеуште дреме во длабок зимски сон да инсистира се што ќе биде договорено во преговорите со Бугарија да биде дадено на тестот на јавноста и народот на  р е ф е р е н д у м  да се изјасни дали ги прифаќа или не отстапките што една шака индивидуи на власт ги отстапува небаре им се приватно наслетво.

3. Македонското МНР, солидаризирајки се со повеќе членки на НАТО, протера пет руски дипломати. реакцијата на званична Москва беше брза и категорична: “ќе одговориме со иста мерка”.

   Ова е трет пат како Македонија протерува руски дипломати и може да се каже дека односите помеѓу двете земји се на најсиско можно ниво.

   Ај што ни се заканија за одговор со иста мерка, не ми е јасно кого ќе протераат русите. Па ние немаме во Москва  ни амбасадор, а амбасадата е сведена на само еден дипломат и хигиеничарка. Патем да споменеме дека Македонија е во групата “непријателски земји” бидејки им воведовме санкции, нашата земја е 100% зависна од рускиот гас што сега ќе мора да го плаќа во рубљи, а нека му мислам струмичани каде ќе продаваат летово чушки о домати, бидејки рускиот пазар за нас веќе е затворен.

4. Министерката за одбрана Славјанка Петровска изјави дека доколку НАТО прати војници во Украина, и ние ќе сме го следеле тој потез како членка на НАТО!?

   Кутрата Слкавјанка, па зарем женава не поднаучи некои работи од кога ја устоличија на таа позиција? НАТО госпоѓо Славјанке никогаш нема да прати војска во Украина бидејки тоа би значело директен воен судир на Алијансата со Русија што може да води до трета светска војна!!!

   Госпоѓо министерке, во Армијата на Македонија и самото Министерство за одбрана има многу способни кадри кои одлично ги познаваат работите. Не е срамота да прашаш и да се консултираш пред да одиш во јавност со небулозни изјави како што редовно го правиш тоа.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер за иселеништво и екс амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top