|
Македонска нација : Кој ја сака својата татковина тој секогаш живее под големото сонце Возобновена од народот, како Демократска Партија за Македонско Национално Единство, во чие име останаа да светлат и четирите историски букви на ВМРО-Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, од своето формирање до денес одлучно застана во одбрана на националните интереси на македонскиот народ и држава. Следејќи го идеалот на ВМРО, изграден врз вековните желби на македонскиот народ за слободна и независна македонска држава, идеал кој мотивира, поттикнува, опоменува и сведочи за бројните Македонци кои ги вложија своите животи за исполнување на оваа цел, следејќи го патот кој го трасираа многу генерации меѓу кои и основачите на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот идеолог Драган Богдановски, партијата по серијата подеми и падови од своето формирање, денес да стане модерна партија способна да се соочи со сите предизвици. Секоја генерација ја бие својата битка, а денешната ја бие битката за зачувување на идентитетот. Во минатото е изгубено многу време, време кое денес треба да се надомести. |
Денес кога се отвараат клучните прашања за Македонија, кога се поставува прашањето за опстанокот на земјата, да се биде или не, кога е најпотребно сите да бидиме сплотени против промената на идентитетот и јазикот, повторно спротивставените мислења за решавање на битните национални прашања го поделија македонскиот народ на патриоти и предавници.
Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците’. .
Дали ПАТРИОТИЗМОТ значи само човеково топло чувство за земјата во која е роден? Или патриотизмот значи пред се врела љубов за народната традиција и јазик?
Од самиот збор патриа, патриотизмот значи чувство за територијата на својот народ, како и ненадминлива љубов за традицијата и својот мајчин јазик. Има и многу луѓе кои по својата природа се лишени од чувството на патриотизам.
Ваквите луѓе преоѓаат од својата земја во туѓа како што птицата прелетува од гранка на гранка. Може да се каже дека овие луѓе немаат патриотско чувство. Ова е една голема човекова несреќа. Има само две најголеми чувства кои се две најголеми духовни богатства, со кои и најсиромавиот човек не е сосема сиромав, тоа се патриотизмот и верата. Без овие чувства човекот е пропаднат.
Кој ја сака својата татковина тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен.
Исто така има и најголеми патриоти кои во туѓа земја го проживеале целиот свој живот, а не изгубиле ни трошка од патриотизмот, ни трошка од љубовта кон родната земја, напротив направиле многу за неа.
Најголемиот меѓу патриотите е обдарен со извесна видовитост, бидејки човековите вистини се секогаш и вистини на срцето. Неговиот видик е секогаш безмерен бидејки кога патриотизмот е потполн тој истовремено е и племенит.
Вечна да е Македонија, АМИН!