Коментари

ГОЛЕМА РАЗДВИЖЕНОСТ НА БАЛКАНОТ

Martin Trenevski 1

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 165)

1. Голема раздвиженост се чувствува во последно време на Балканот. Албанскиот претседател Илир Мета беше во посета на Бугарија и веднаш по враќањето дома од Тирана одекна најавата дека неговата земја ќе барала одвојување од пакетот со Македонија за сама (!) да почне преговори за членство во ЕУ!? Дали бугарите му ветиле нешто на Мета како награда бидејки Албанија ги гарантирала малцинските права на н е п о с т о е ч к и т е бугари во Албанија и дури ги вметна во нејзиниот устав – не знам, но мислам дека таквото барање на Албанија е само пуста желба бидејки некои членки на ЕУ се категорички  п р о т и в  таквата идеја, а единствено би прифатиле почеток на преговори истовремено во пакет со Македонија.

   Нешто слично порача од Берлин и премиерот Еди Рама кој во рамките на официјалната посета на Германија изјави дека доколку во јуни двете земји не добијат датум за преговори, Албанија ќе бара да почне преговори сама!

     Во меѓувреме се појави веста преку Фајненшл Тајмс дека принцот Лека Зогу, синот на истоимениот несуден наследник на албанскиот кралски трон, би можел да биде сериозен кандидат за претседател на Албанија. Дали принцов ќе одигра слична улога како што одигра Симон Саксобургонски за промоција на Бугарија за нејзино членство во ЕУ и НАТО ќе видиме. Во секој случај албанците очигледно се многу амбицирани за што е можно побрзо членство во ЕУ (тие веке се членка во НАТО од 2008 година, кога требеше да постанеме и ние, но заради грчката влокада останавме во чекалната на Алијансата до 2021 година).

    Нашата сосетка Србија забрзано се вооружува. Деновиве на белградскиот аеродром слетаа шест кинески воени товарни авиони од типот Y-20 кои донесоа ракетни системи за противвоздушна одбрана што предизвика големо изненадување кај некои во соседството, но секако особено на Западот. Дали староновиот претседател Александар Вучиќ знае нешто што ние не знаеме и сериозно се подготвува – за секој случај, ќе видиме!?

  Од Бугарија ништо ново. Двете страни (Бугарија и Македонија) продолжуваат со интензивни разговори на ниво на работни групи но според премиерот на РМ Димитар Ковачевски “процесот засега е на ниво на размена на идеи и сѐ уште не постои заемено прифатлив документ”.

   Во меѓувреме од Софија нас не заплискуваат со предупредувања, или подобро речено закани и уцени, дека патот на Република Македонија кон ЕУ ќе зависел доколку Македонија исполни одредени услови, па, како што вели пратеникот во бугарското собрание Тома Биков, замислите: “Бугарија да ја пушти (!?) Република Македонија да почне преговори за членство во ЕУ”!?

На заканите од Бугарија се надоврза и бугарскиот премиер Кирил Петков кој се завети дека нема да правел никакви договори со Скопје, доколку не биле одобрени од сите партии застапени во бугарското Национално собрание!

   Се поставува прашање: дали ваквите непријателски тонови кон нас упатени од Софија се само  порака за нивната домашна јавност, или рефлекција, т.е. реакција на се поголемиот притисок од сите страни врз Бугарија да не го кочи процесот на проширување на ЕУ со блокадата на Македонија, а со тоа и на Албанија? На тоа предупреди и предавачот и виш соработник во Школата за напредни и меѓународни студии при универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон, Едвард Џозеф според кој “мора да се направат напори да се надмине блокадата на Софија за евроинтеграцијата на земјава со неоправданото и деструктивно вето”! Бугарија го негира напредувањето во ЕУ, како на Македонија, така и на Албанија, нешто кое Скопје и Тирана заслужено го заработија”, констатира Џозеф!

2. Граѓаните на Франција минатиов викенд гласаа на претседателските избори, а во вториот и одлучувачки круг одат сегашниот претседател Емауел Макрон и неговиот вечен ривал, десничарката Мари ле Пен. Иако анкетите покажуваат извесна предност на Макрон, трката сепак е многу неизвесна и познавачите на политичките прилики во земјата предупредуваат на можни изненадувања.

   Некои сметаат дека војната во Украина може сериозно да влијае на исходот на изборите во вториот круг и тоа во полза на Ле Пен.  Имено, руската  војска во приморскиот град Мариупол открила и сардисала голем бункер од советско време во којшто биле скриени неколку стотини припадници од неонацистичката бригада АЗОВ, но и поголем број странски инструктори, меѓу кои и високи офицери на француската армија и Легијата на странците со ознаки и опрема што недвосмислено потврдуваат нивното француско потекло.

   Доколку овие лица и опрема бидат презентирани во јавноста, тоа секако ке значи недвосмислена потврда за инволвираноста на Франција во војната во Украина што, според некои аналитичари, може многу сериозно да влијае на расположението на француските гласачи во полза на Мари ле Пен. Тоа пак укажува дека е многу веројатно Франција за прв пат во својата историја да добие жена за прецедател на државата.

   Ако може да си дозволам мое мислење, и јас ја подржувам таа опција! Макрон го покажа своето антимакедонско расположение на дело!!! Ангела Меркел лично отиде во Париз да го убедува да не го блокира почетокот на преговорите на Мкедонија, се разбира и на Албанија, но тој измисли некакви “кластери” во преговарачкиот процес со што почетокот стана многу неизвесен!

   Дали Макрон одработува за некого (Бугарија не е единствен кочничар на Македонија) времето ќе покаже!

3. Читам на порталиве дека Финска и Шведска се подготвувале за членство во НАТО и тоа уште ова лето (!?) и не ми се верува. Бев амбасадор во Шведска (2001-2005) и нерезидентен амбасадор во истиот период и во Финска, како и Шеф на Мисијата на РМ (амбасадор) и во НАТО (2010-2014) и мислам дека многу добро ги познавам работите, а тоа сознание не малку ме загрижува! И двете Балтички земји се соседи на Русија која е многу децидна дека не го сака НАТО на своите граници. Финска многу скапо ја плати воената авантура против СССР во финско-руската војна 1939 (?) година кога изгуби речиси една третина од својата територија (областа Карелија). Од друга страна, Русија е најголем трговски партнер на Финска која гарантирано ќе го изгуби тој статус доколку се приклучи на Алијансата. Но Финска, така барем се чини, е одлучна, или под притисок, да го стори тоа судејки по порачката на дури 65 најсовремени борбени авиони од типот Ф35, а веќе поседува шеесетина авиони од типот Ф15.

    Шведска уште од средновековието е во соперништво со Русија и вложува дури 4% од БДП за одбрана, а самата произведува борбени авиони Сааб-Грипен и најсовремена воена опрема.

   Впрочем, и двете земји се веќе длабоко инволвирани во операциите и активностите на НАТО (конкретно, на пример, во соборувањето на режимот на Гадафи во Либија, додуша не на копно, туку “само” од воздух).

   Кој е мотивот за ваквите потези на двете скандинавски земји:  стравот ос евентиачната воена закана од сосетката преку Балтикот Русија, или амбициите за превласт на северот на континентот – на Арктикот, превогат со резерви на нафта и гас плус риба, не знаеме, но многу веројатно е дека е и едното и другото.

   Масло на огнот на антагонизмот помеѓу НАТО и Русија деновиве додаде украинскиот МНР Дмитро Кулеба кој изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО  и со констатацијата дека, според него, немало да има војна ако Украина беше членка на НАТО

   Не сум сигурен дека оваа изјава е на место бидејки  Русија не го сака НАТО на своите граници и остро се спротивставува на проширувањето на Алијансата во таа насока што, според мене, е една од главните причини за интервенциите во Грузија и сега во Украина!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top