Коментари

ФАШИЗОИДНИ ЛЕЈКИ И ДОМАШНИ КОЛАБОРАЦИОНИСТИ ЈА ПОНИЖИЈА МАКЕДОНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 166)

1. E драги мои македонки и македонци, што доживеавме: изминатиов викенд (на 16ти aприл), членката на ЕУ, Бугарија повторно изврши вистинска политичка (и не само политичка) агресија врз Република Македонија. Додуша не со тенкови и војска, како во 1941 година кога фашистичка царборисовска Бугарија окупира две третини од територијата на денешна Република Македонија, туку – овој пат со хеликоптери и други транспортни средства, за бројните дојденци од соседната земја за да присуствуваат на настан што не претставува ништо друго до сега невидена провокација со очигледна намера за реинкарнација на бугарскиот фашизам во нашата сопствена земја! Повод за доаѓањето на бројната бугарска државно-партиска делегација беше отворањето на таканаречениот Бугарски културен центар “Иван Михајлов” среде Битола, на којшто присуствуваа Премиерот на Бугарија Кирил Петков кој во Битола пристигна со хеликоптер, потпретседателката на Бугарија Јотова и повеќе други знаени и незнаени лица од нивната актуелна и претходна влада, меѓу кои и соработникот на УДБА (бил врбуван од македонските тајни служби кога студирал во Македонија) и порашен претседател на бугарското ВМРО-СМД, Красимир Каракачанов.

   Ваквата осмислена и очигледно педантно планирана и логистички изведена (секако со помош и во дирекна соработка со македонските државни органи и служби) акција,  п р о в о к а ц и ј а (!)  од бугарска страна воопшто не треба да не изненадува! Не ја исклучувам и однапред калкулирананa можност за свесно предизвикување инцидент како реакција на граѓаните на слободарска Битола, што би бил искористена Бугарија да не валка во Брисел со клевети за недобрососедство, неевропско однесување и слични бла, бла оптужби што е редовна пракса на бугарската непријателска политика кон нас. Впрочем, тоа е неспорно дел од непријателското сценарио на Бугарија кон нас за што е можно подолго одлагање на почетокот на преговорите на Република Македонија за членство на ЕУ. Според мене, и овој настан е дел од долгорочниот проект за разнебитување на македонската држава и нација што ни го прави веќе деценија и повеќе длабоката држава со подршка на ЕУ, одработувајќи за за интересите на други земји од нашето непосредно соседство!

   Токму така, тврдам дека и провокацијата во Битола е само уште една акција за негирање и омаловажување на македонската нација според замислата на длабоката држава, чиј главен фронтмен се фашизоидните лејки од Бугарија, со дирекно соучесништво од домашните колаборационисти од коалицијата на власт СДСМ-ДУИ, кои како со памук ни ги смукаат нашиот идентитет, самобитност и достоинство, нашето минато и не упорно водат кон неизвесна иднина!!!

   Зошто велам домашни колаболационисти? Па Македонија дента, кога се отвораше таканаречениот бугарски културен центар во Битола наликуваше на воена зона, окупирана со полиција од заедничката граница со Бугарија до Битола, за секој случај (!) бидејки власта го знае расположението на македонскиот народ кој не се помирува со фактот што пак ни се повампирува бугарскиот фашизам преку измислената парола дека отворањето на спорниот културен центар со сатрапот на многу македонски патриоти Ванчо Михајлов било “гест на помирување и зближување”.

   Но не можеме да се лутиме само на бугарите коишто – заради своите интереси небаре уште да ни влезат во спална, туку и на домашните слуги на ѓаволот, во прв план министерот за надворешни работи и сегашниот премиер на РМ. Сметам дека е ненадоместлива штета што во овој драматичен момент за нас како држава и нација на позиција министер за надворешни работи се наоѓа лице од народностите кој, сосема очигледно, не ја чувствува Република Македонија како своја родна грутка, туку со потезите што ги влече слугува на нечии туѓи интереси (можеме да претпоставиме кому)!? А и самиот премиер! Па што мисли Димитар Ковачевски со изјавата:”Ке биде добро доколку и колегата Петков отвори културен центар во Благоевград и Сандански…”.

   Ало, премиере Ковачевски, дилетанту, што се замислуваш ти? Мислиш дека ние – граѓаните пиеме нафта и не гледаме што правиш и кому му слугуваш? Наместо пароли човече, на првата седница на владата треба да донесеш одлука за отварање на генерален конзулат на РМ во Благоевград; званично да упатиш барање за формална согласност од бугарската влада за таа цел и, истовремено, да именуваш почесни конзули во Сандански, Петрич, Мелник и други поголеми градови во Пиринска Македонија, па да поверуваме дека навистина нешто корисно правиш за нашите сонародници таму.

   Отворање на генерален конзулат во Благоевград треба да е врвен приоритет на македонската надворешна политика, особено за сегашниот министер за надворешни работи кој, наместо да се грижи за нашите сонародници, оди во други земји и лобира за земја во соседството, а не за сопствената земја! А сите ние го плаќаме. Гротескно, навистина и без сомнеж!!!

   Но ваквото фашизоидно однесување на Бугарија не е случајно и без согласност на врхушката во ЕУ. И наместо да реагира и да ја дисциплинира Бугарија за нејзиното фашизоидно однесување, во екот на се пожесто растечкиот антимакедонизам во Софија долета шефицата на европската Комисија, мадам Урсула фон дер Лаен и им донесе вест дека според Планот за развој и реконструкција на Бугарија и се доделени 6,4 милијарди евра!?

   Евробирократите очигледно не водат сметка дека со фашизоидната политика на Бугарија таа драматично го дестабилизира регионот!? Како војната во Украина да не им е доволно и самите садомазохистички толерираат и спонзорираат кризи во други делови на континентот. Каква невидена бесчуствителност!

 2. За прв пат од неговото устоличување на позицијата Претседател на Републиката, морам да го пофалам Стевота Пендаровски заради неговата изјава:”Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството” (Станува збор за таканаречениот бугарски културен центар Ванчо Михајлов во Битола). Дали на Стево му пропеа петлето на патриотизмот или изјавата ја даде во контекст на евентуален втор мандат за претседател, не знам. Но важно е дека ја даде!

   Стево изрази жалење дека во Битола е направен обид “еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави”, и додава дека “ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока.” Аферим бе Стево. Добродојде во реалниот свет!

3.  Во Мелник, Пиринска Македонија, беше одбележена 107-годишнината од убиството на легендарниот македонски револуционер Јане Сандански. Собирот е прогласен од организаторите за  семакдонски, бидејки на него порисуствувале гости од дијаспората, преставници на организации од Македонија, Бугарија и Албанија, но не и од македонскиот државен врв. Македонците од Албанија ги претставуваше претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски кој во своето обраќање, помеѓу останатото, нагласи дека македонците од Албанија ја подржуваат борбата за национални и човекови права на Македонците во Бугарија. “Oчекуваме од Бугарија како членка на Европската унија да ги почитува европските вредности, да ги спроведи препораките од институциите на Советот на Европа и 14-те пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права и да дозволи Македонците да ги уживаат сите права предвидени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, Рамковна конвенција која што е потпишана и ратификувана од страна на Бугарија”, изјави Васил Стерјовски. Поздравни со изрази на поддршка пристигнаа од Македонци во Канада, Франција, Германија, како и од македонската амбасад во Софија, но нејзин претставник не присуствуваше на настанот.

  4. Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски деновиве доживеа  т р у е њ е   с о   х р а н а! На прв поглед веста е рутинска, небаре секојдневна, но не е така! Иако не беше соопштено на јавноста  к а д е  премиерот се затрул со храна, во случајов не е ни толку важно, но нешто што не вознемирува сите нас – граѓаните, е загрижувачкиот факт дека во земјата владее вистински хаос кога станува збор за контролата исправноста на прехрамбените производи што се пласираат на домашниот пазар, особено на храната што се увезува.

   Иако на Факултетот за ветерина постои најсовремена лабораторија опремена со исто така најсовремени инструменти за проверка на квалитетот на прехрамбени производи, сепак некој “овластен” масовно штанца дозволи за приватни лаборатории, најчесто на човек-фирма/лаболаторија, без соодветна лабораториска опрема и без  потребно стручно знаење. Не ретко и на граничните прелази не се врши потребна фитосанитарна проверка на храната што се увезува, па така ни се случуваат појави на салмонела во Киндер-јајцата, увоз на смрзнато месо и месни производи од сомнително/непознато потекло или изминат рок за употреба и речиси секојдневни труења на граѓаните од храна. Да му е страв на човек да седне во ресторан или кафеана бидејки многу често е ризично по неговото здравје, а – далеку било, и живот!?

    Ете, тоа е уште една грда слика на реалностите во древната ни земја Македонија!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top