Коментари

Македонскиот народ се повеќе ги збива своите редови

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

По пеењето на странска химна во Собранието на Република Македонија испровоцираните граѓани во обид да се одбрани честа и угледот на македонското Собрание, Уставниот поредок на земјата, влегоа во Собранието каде се судрија со СДС и ДУИ узурпаторите на власта  при што имаше повредени пратеници, повредени суети, но за среќа немаше жртви. Овој упад на граѓаните во Собранието подоцна беше окваливикуван од узорпаторите на власта како акт на тероризам, а дел од луѓето беа обвинети и осудени на 211 години робија.

Вакви казни никогаш не беа изречени во земјата, иако се паметат и други примери кога македонските граѓани насилно протестираа. Драстичен пример е насилно влегување во Собранието на Македонија за време на конфликтот во 2001 година.

Тогаш во знак на протест поради извлекување на терористите од Арачиново, подпомогнато од претставници на НАТО и ЕУ, околу пет илјади Македонци, меѓу кои резервни и редовни војници на АРМ, како и специјалци на МВР протестираа пред Собранието.

Протестот се претвори во масовни немири и влегување на демонстрантите во Собранието, при што беа икршени прозорци и уништени возила на МВР и ОБСЕ.

Но, ниту тогаш, ниту ни чинот на демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорѓи Иванов, извршен една година пред 27-ми април 2017 година, поточно на 13 април 2016 година, на почетокот на шарената револуција, не беше оквалификуван како терористички акт, а приведените лица не беа обвинети за терористи, туку беше поведена прекршочна постапка.

Тие беа обвинети за учество во толпа, за што беа осудени условно и со парични казни.

Меѓутоа, во режија на СДС и ДУИ, партиите кои ја узурпираа власта, со помош на политизираното судство, ги осудија граѓаните кои застанаа во одбрана на уставниот поредок.  

Осудените граѓани за нередите на 27-ми април 2017 година во Собранието ма РМ можеа за стореното дело да се оквалификуваат секако, но никако не можеа да бидат терористи.

Тие можеа да бидат осудени прекршочно, но никако за тероризам. Тие можеа да бидат осудени со минимални казни, но никако со драконски казни како што е повеќегодишна робија.

Денес т.н. терористи за актуелната власт, а за народот патриоти и уставобранители гнијат по македонските затвори. Во политичкиот прогон што го спроведоа коалиционите партии СДС и ДУИ македонските патриоти и уставобранители беа осудени на 211 години затвор. Тоа беше направено за пример за македонските граѓани да не им текне да се спритивстават додека ги распродаваат македонските национални интереси и ја обезлличуваат земјата.

Но, тоа му овозможи на тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев и неговите надворешни поддржувачи, иако губитници на изборите, да ја приграбат власта во земјата, така што ја прифатија Тиранската платформа со која се бараше промена на уставот и федерализиција на земјата. Во тој момент дојде до вжештување на атмосферата кај демонстрантите што беше искористено од одредени сили масата целно да се насочи кон Собранието за да таму кулминира со незадоволство насочено кон пратениците на СДС и ДУИ. Но оние кои ги отворија вратите на Собранието никогаш не одговараа пред законот, што укажува дека беа дел од сценариото.   

Но она што е најтрагично и парадоксално е што луѓето кои застанаа во одбрана на Уставот на македонската држава беа обвинети и осудени за извршување на кривично дело: Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по нарачка од власта на СДС и ДУИ, а оние кои го прекршија Уставот и кои ја обезличија земјата, оние кои сеуште ги распродаваат македонските интереси сеуште се на власт без да им фали ни влакно од главата.

Македонскиот народ се повеќе ги збива своите редови и многу скоро ќе тргне по наплата за сите понижувања кои ги диживеа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top