Коментари

Ламбе Арнаудов: Госпоѓо Јотова! Народи кои немаат малцинства се вонземјани или фашисти

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Деновиве, мојот прекрасен роден град Охрид беше брутално песлослан, изгнасен од несмасните шовинистичко-фашизоидни изјави на една непресметлива политичарка во која е вграден и фашистички но и болшевистичко живковистички код, денес непримерен и неприфатлив во животот што го живееме на овие клети балкански простори. Дури  и ако се прашуваат луѓето, а не политичарите, такво нешто и НИКОГАШ немало.

Госпоѓо Јотова, во однос на создавање нација, универзалното право на самоопределување, човечки права и слободи, самоизјаснување и демократија, ти си сé уште во ПРВО  одделение и тоа неколкукратен повторувач.

Сама себе се негираш со својата изјава, а и грубо го навредуваш твојот народ, кога правиш споредба за состојбите во Бугарија и Македонија.

Зборуваш дека ние сме повеќенационално устроена држава и Уставот и Законите ни биле такви и потоа продолжуваш: Во Бугарија со ЗАКОН се забранети МАЛЦИНСТВА.

Со ова кристално јасно потврдуваш и се согласуваш дека МАЛЦИНСТВА во Бугарија и те како ПОСТОЈАТ и ги има многу, ама сиротите се онеправдани и асимилирани од вашата фашизоидна шовинистичко надрасната и крајно неприфатлива осамена, срамна политика, смислена, поточно кажано турена во вашите празни глави.

Не оди подалеку од своето семејство. Со него ручаш, го делиш брачниот кревет, твојот почитуван сопруг кој исто така, од таквите како тебе, е асимилиран Бугарин, а е Грк или Влав, тој си знае ама нема што да прави.

Госпоѓо Јотова, јас никогаш како тебе, нема да го негирам постоењето на бугарскиот народ, ниту ми паѓа на памет да се сомневам во постоењето и посебноста на било кој народ, не ги осудувам и ги прифаќам чувствата на малиот број Македонски Бугари. Нивно право е да се чувствуваат така.

Но, госпоѓо Јотова во Македонија се изјасниле слободно демократски за Македонски Бугари, 0,2% од населението во Република МАКЕДОНИЈА.

Научниците хемичари, да те потсетам сигурно не знаеш, правејќи анализа на хемискиот состав на ПАТЛИЏАНОТ утврдиле дека во неговиот состав има и 0,2% маст. Е, овие 0,2% не го прават свинска, овча, кравја или растителна МАСТ, тој си е 99,98% ПАТЛИЏАН.

Затоа госпоѓо Јотова те уверувам дека или сте вонземјани кои многу често за да го задоволите вашето преголемо ЕГО се прикажувате крајно будалесто или многу поверојатно сте фашисти што е потврдено, и во вашата национална историја и во севкупната светска историја и историографија.

Во светот имало и други фашистички народи, но сите се одрекнале од него за навек. За жал кај вас се возобновува, се доградува и функционира.

Не само кон нас МАКЕДОНЦИТЕ.

Нé има и во Бугарија и тоа многу.

Врати се половина век назад низ историјата. Благодарение на победата над фашизмот во Бугарија цела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА беше МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ НАРОД кој зборува МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Учеа, се образуваа на мајчин јазик и културно твореа и се воздигнуваа.

Првиот апокалиптички поход на озлогласениот болшевик Тодор Живков беше вперен уште од самиот почеток, приграбување на апсолутно автократски на  власта во неговите раце, кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во нашиот ПИРИН.

Бруталниот антимакедонски, шовинистичко асимилаторски и крајно неправеден и недемократски атак врз нашите сограѓани во ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА спречи тој дел да си биде составен со својата мајка МАКЕДОНИЈА.

Истото го направи и под РОДОПИТЕ со турското население, со влашкото згора преку Дунав, со грчкото на границата со Грција и со српското население.

Госпоѓо Јотова! Во Бугарија има многу МАЛЦИНСТВА. Секако МАКЕДОНСКОТО е најбројно. Што побргу тоа го сфатите полесно ќе се отрезните, оти тоа е благодат за Бугарија. Во спротивно многу скоро ќе се соочите со состојби кои не ви одат во прилог како држава полноправна членка на НАТО и ЕУ.

Постојано тврдите дека МАКЕДОНИЗМОТ е теорија на заговор на српско-шовинистичката комунистичка идеологија, особено зајакната по Втората светска војна против Бугарија, што е апсолутна невистина и голем БЛАМ за вас.

МАКЕДОНСКИОТ СЕПАРАТИЗАМ како што вие во Бугарија милувате да го наречете, што не е точно, туку е научно докажано самоосвестување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД против вашата прикриена и вешто пласирана лага за наводна грижа за Македонците и со право се нарекува МАКЕДОНСКА КАУЗА е започната и развивана токму во Бугарија пред повеќе од столетие и пол.

Ве прочитаа МАКЕДОНЦИТЕ.

Лажна е љубовта, секогаш била и сé уште трае интересот главен и основен, да нема МАКЕДОНЦИ во Бугарија, да нема МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА и да нема држава МАКЕДОНИЈА, зошто крајна цел ви е и нашата територија. Само сонувајте, ќе видиме која територија и на кого му припаѓа. Сигурно МАКЕДОНИЈА ќе ви остане само никогаш неисполнет СОН, а за другото ќе видиме, времето ќе покаже.

Ова декадентно живеење кај Балканските народи, и во Европа и сиот свет наскоро ќе биде заменето со многу похумано и подемократски организирани општества во кои луѓето ќе го живеат слободно во благосостојба, мирен и спокоен, животот што е должност на сите луѓе во светот.

Во тој благороден свет ќе нема место за предавници и кукавици.

Предавниците ќе бидат осудени со најстроги казни зошто ако не биде така, државата што им простува на предавниците ќе ја СНЕМА.

Хероите ќе ги прегазат кукавиците бидејќи колку и да е тежок, трнлив и болен нивниот пат, ТИЕ, ХЕРОИТЕ не се откажуваат за разлика од кукавиците кои пред најмалиот предизвик се кријат во глувчешки дупки, и дај Боже никогаш да не излезат.

Без нив светот ќе е многу ПОДОБАР.

НОВА РЕНЕСАНСА за НОВ ЖИВОТ.

Бугарија со вакво неконтролирано минато, без контрола и компас во сегашност е без шанси да ја контролира и иднината. Не припаѓа ни на ренесансата ниту пак на новиот свет.

Госпоѓо Јотова, навистина си првоодделенка, повторувачка повеќекратна и без контрола на ништо. Еве зошто.

Нација не се создава со укази, закони, декрети и Устав. Со нив демократските општества, напротив, го потврдуваат постоењето на народи и малцинства гарантирајќи ги, почитувајќи ги како меѓусебно еднакви и со исти права.

Нација се прави со векови, со мешање, со самоосознавање и истакнување на одредени особености, јазик, култура, творештво, трае со години, десетлетија и  векови и никогаш не е посве чиста.

Тоа постои само во главите на малоумни, заведени, неспособни таканаречени елити, сите со заеднички именител – ФАШИСТИ.

Кој не го контролира минатото, тој не може да ја контролира ни иднината.

Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на МАКЕДОНИЈА, оваа исклучително значајна контрола ја има апсолутно содржано во својата идејна програма и за минатото и за иднината.

МАКЕДОНИЈА не е рамо за плачење.

МАКЕДОНИЈА има длабоки корени, исконско потекло, раѓала синови достојни да ја одбранат нејзината чест. Така било, така ќе биде сега и во иднина. И затоа е јака, силна, непобедлива.

А, за предавниците и кукавиците, повеќемина од нив, за жал, актуелни и поранешни премиери, претседатели и министри од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе бидат презрени и отфрлени, а и тие сами ќе се закопаат во јамата што ја отворија за МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top