Коментари

Поштарот ѕвони два пати, а Зеки го билда своето девизно салдо

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Ген – секретарското место во владата на Република Македонија станува примамливо за финансиски махинации, и воедно, истото е златна кокошка за апроневера на финансиски средства изразени во 6 или 7 бројки во европска валута (евра).

На самиот почеток во оваа статија само да нагласиме дека претходникот на Зекири на ген – секретарското место во владата Рашковски, исто така, направи криминал во набавка на софтвери. За воља на вистината Рашковски го наполни повеќе своето џепче изразени во илјадници апоени од европската валута.

Довчерашниот ген – сек во владата Зекири по расветлувањето на аферата за консултантските услуги за проценка во работата на Македонски Пошти од морални причини искажани лично од него си даде оставка од местото ген – сек во корумпираната влада започната со зајчето и неговата продолжена џокер рака Ковачески.

Зекири е послушно пионче на струмичкото зајче кое со неговото братче Вице беше многу скромно во барањето на мито и тоа само едно евро за него и неговото братче Вице.

Во оваа прилика да напоменеме дека се ближи 27-ми април во сега далечната 2017 година кога токму Зекири беше еден од протагонистите за поставувањето на нелегален начин на Џафери на местото спикер на законодавниот дом.

Жално е што во актулениов момент Зекири 5-годишнината од немилите настани ќе ја прослави во Шутка.

Ова е убава можност секако по нардба на затворската служба од Шутка лично тој да го постави бројчаникот на Триумфалната порта и конечно да почне да работи за искажување на криминални дела изразени во евра.

Жално е што зајчето ветуваше во тоа време дека бројчаникот ќе работи за да ги докаже сегашните опозиционери како краделе кога истите биле на власт.

За жал, Зекири ќе има многу работа оти ќе треба бројчаникот на секои 5 минути да го подмачкува со масло од проста и едноставна причина, стрелките од бројчаникот од многу актуелни проневери во овие 5 години криминална влада ќе се расипат од многу вртење (обртаи) на стрелките на часовникот.

П.С. На крајот ќе зависи од каде ќе биде набавен бројчаникот. Па така, ако истиот го набави зајчето пред неговото заминување од премиерското место тогаш ништо од фантомските бројки за криминал, од проста причина што истите нема никогаш да проработат, а на сметка на тоа заевата дружина така лаконски да продолжи да испумпува пари од државниот буџет и следствено на тоа да се полнат џебовите со евра, за жал повторно од калибарот на заевата дружина.

Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top