Коментари

Македонија не треба да попушти пред уцените на Софија

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Македонија не треба да попушти пред уцените на Софија

Македонија треба да се подготви повторно за антифашистичка борба

Постои реална опасност за почеток на Трета светска војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Опасноста е сериозна, реална, не може да се потцени“, рече Лавров вчера во емисијата „Голема игра“ на Канал 1.

Повеќе од два месеци во Украина се води братоубиствена војна. Наместо неописливите човечки трагедии да бидат причина меѓународната заедница веднаш да побара прекин на војната, таа како да долева масло на огнот со испраќање оружје на Украина. Наместо на маса да се реши воениот конфликт, украинскиот претседател, глумец и комичар Володимир Зеленски, ја продолжува агонијата и се надева дека со помош на НАТО ќе го реши конфликтот на зелените украински полиња. Но со зелената политика на Зеленски многу европски земји не се сложуваат, сметајќи дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Најголеми добитници од оваа војна се оние кои ја потикнуваат на братоубиствена војна во Украина, оние кои и продаваат оружје и оние кои и даваат кредити. Најголем губитник е Украина, огромна земја богата со ресурси, која го жртвува своето население и која од војната ќе излезе со разурната економија, инфраструктура, премногу задолжена и поделена.  

Меѓутоа многу лесно губитници можат да бидат сите. Запалениот оган во Украина лесно може да се прошори на Балтикот и Балканот, предизвикувајќи Трета светска војна. Свесни дека војната може да дојде и на нивниот праг, многумина членки на ЕУ и НАТО одбиваат да и испорачаат оружје на Украина, иако се наоѓаат под голем притисок на „големиот брат“, Меѓу нив е и владата на Бугарија која засега одбива да испорача оружје на Киев со образложение на премиерот Кирил Петков дека неговата земја е „премногу блиску до конфликтот“.

Ваквата изјава има основа ако се погледаат анализите на воените аналитичари дека Русија ќе се обиде да ја освои Одеса и да дојде до Преднестровље, одвоена област од Молдавија, каде има руска војска. Дека нешто се случува на тој правец е најновата информација за напад врз штабот на државната безбедност на отцепениот Молдавски регион – Преднестровље. Тоа е доволно блиску до Романската и Бугарската граница, но и до Балканот, црна дупка на ЕУ.  

Меѓутоа ваквиот однос на бугарскиот премиер Петков доведе до раскол во владеечката бугарска коалиција. Бугарските социјалисти предупредија дека ќе се повлечат од коалицијата ако Бугарија испорача оружје на Украина, а исто така и Демократската партија предупреди дека ќе излезе од коалицијата ако Бугарија не и испорача оружје на Украина.    

Поделеноста во владеечката коалиција не е само поради војната во Украина, туку и поради македонското прашање. Секој обид да се тргне ветото за влез на Македонија во ЕУ без да се исполни бугарскиот ултиматум значи повторно пад на владата на Петков. Оттука бугарскиот премиер е во право кога вели дека „има многу луѓе кои се обидуваат да ги разнишаат добрите односи меѓу Бугарија и Македонија. Но не е во право кога виновниците ги бара меѓу македонскиот народ. Нив треба да ги бара во неговата земја, меѓу луѓето во власта кои не признаваат постоење на македонски народ и јазик, меѓу луѓето кои велат дека сме ист народ во две држави и кои го сметаат македонскиот јазик за западнобугарски дијалект.

Според бугарскиот премиер: „Софија и Скопје имаат заедничка цел Македонија да влезе во ЕУ“. Меѓутоа ставот на Софија не води кон целта, бидејќи таа цел не може да се оствари  ако таа продолжува да го уценува македонскиот народ и да поставува услови од типот дека за влез на Македонија во ЕУ може да има само ако Македонците се декларираат дека имаат бугарски корени, заедничка историја и т.н. Тоа нема да може да се оствари ниту по една декада за која Софија верува дека е доволно време Македонија да се дисциплинира и Македонците да се асимилираат.

Имено, Софија верува дека времето е нивен сојузник и како што направи Грција,  може да ги натера Македонците со тек на време да попуштат и да се декларираат како Бугари, нешто што не се. Самиот премиер Петков вели дека Македонија би станела членка на ЕУ најрано за 10 години. Што значи дека Софија има стратегија со вето да ја држи Македонија надвор од ЕУ најмалку една декада, се додека македонскиот народ не се бугаризира и еднаш за секогаш да го затворат македонското прашање.

Меѓутоа, ветото на Бугарија и непризнавањето на македонскиот народ, односно непризнавањето на самоопределување на еден народ е наци-фашизоидна политика која содава лоша клима на Балканот. Таа ги отвора широко портите на Балканот воениот пламен од Украина да се прошири на Балканот. Македонија иако е членка на НАТО, заради ветото на Софија е вистинско буре барут, сива зона во регионот и основа за конфликт на Балканот.

И додека руската армија наводно води „специјална воена акција за демилитаризација и денацификација на Украина“, Софија отворено провоцира славејќи личности во Македонија кои за време на Втората светска војна соработувале со нацистите и фашистите. Бугарската власт отворено го поддржа отварањето на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, кој е докажан соработник на нацистите и фашистите за време на Втората светска војна, но и човек кој не го признава постоењето на македонски народ и кој вели дека „Македонците се говеда“,

Присуството на високата бугарска делегација во Битола на отварањето на клубот „Иван Михајлов“ речиси е исто како да биле на отварање на клуб со име „Адолф Китлер“, име кое за време на Втората светска војна и дозволи на Бигарија да ја окупира Македонија, и лице кое е забрането да се велича во Германија. Сепак Германија најде начин да се соочи со минатото, за разлика од Бугарија која сеуште не може да се извини ни за холокаустот на Евреите во Македонија и Тракија.

Македонија не треба да попушти пред уцените на Софија и треба едноставно да забрани сè што е поврзано со нацистичката историја, нацистичките активности и нивните колаборационисти како во земјата, така и во светот. Но, исто така треба да се подготви за нова антифашистичка борба.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top