Коментари

Свекрва : Не исполнети ветувања кон пензионерите!?

1svekrva copy copy copy copy

1

Свекрва : Не исполнети ветувања кон пензионерите!?

Словенечките пензионери чија пензија минатиот декември била помала од 1.000 евра, како што пренесоа медиумите во средината на април, треба да добијат „енергетски“ ваучер од 150 евра за да можат да ги платат зголемените сметки за енергија. Во Македонија, каде најниските пензии се нешто повеќе од 150 евра, а највисоките нешто над 1000 евра, беа одвоени по 1.000 денари за 3 месеци за сите пензионери со цел да можат полесно да се справат со зголемените цени на енергенсите и на основните прехранбени продукти. Сумите се неспоредливи, но тоа се цифри кои ја илустрираат негрижата на македонскоте власти кон своите пензионери, особено кон онаа група која има пензија колку еден словенечки „енергетски“ ваучер.

Ветувањата на СДСМ за зголемување на минималната плата од 15.000 на 18,000 денари се реализира. Со закон е дефинирано дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции. Меѓутоа, власта и покрај ветувањата не донесе закон за минимална пензија, со што ги изневери очекувањата на пензионерите со најмиски пензии.

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев пред да ја напушти премиерската фотеља, на крајот на минатата година ветуваше дека порастот на пензиите ќе биде особено видлив. Тогаш се размислуваше и за зголемување на пензиите од најниската до највисоките во однос: 60:40:20. Исто така, според тогашните најави, најниската пензија би требало да изнесува 60 % од просечната плата, што би значело дека минималната пензија би изнесувала нешто над 17.000 денари. Од партијата на пензионерите, како што тогаш пренесуваат медиумите, најавуваа дека со ваквото решение би се исполнило клучното барање на оваа категорија граѓани

Но, наместо да се донесе закон за минимална пензија, како што одминуваше времето, се се измени. Власта договори со пензионерите, како што велат; „историско зголемување“ на пензиите со усогласување според новата методологија. Според ова усогласување на пензиите од септември ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%. Со оваа методологија, како што се фалат од власта, пензионерите со просечна пензија која изнесува нешто над 16.000 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка:

Меѓутоа, дали грижата за пензинерите е подеднаква.

Никој од нив не зборува што станува со оние кои примаат земјоделска пензија, како и оние пензионери со најниска пензија која изнесува околу 10.700 денари. Колкаво ќе биде нивното зголемување, дали нивните пензии би биле 12.600 денари, односно испод 70% од минималната плата!!!  

Во земјата има над 320.000 пензионери. Од нив речиси половината пензионери примаат пензија до 14,000 денари, а над 20 % земаат пензии од 14 до 18.000 денари. Мнозинството од нив се желат дека пензиите се ниски, дека трошоците растат и дека едвај врзуваат крај со крај.

Економската и енергетската криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина драстично влијаеа врз квалитетот на животот на пензионерите. Покачувањето на струјата, парното, комуналиите, прехрамбените продукти, бензинот и т.н. директно се одразија на домашниот буџет. Едноставно малите пензии не стигнуваат ни за лекови, ни за храна, ни за покривање на режиски трошоци, а камоли за да им се купи нешто на внуците. 

Иако не сме Словенија, наместо власта да ги зголеми драстично пензиите на лица кои се на работ на егзистенција, а кои речиси целиот живот го посветиле во изградба на оваа држава, таа се расфрла со парите за партиски вработувања, односно делење на плати на лица кои ниту еден час немаат поминато на работно место. Оваа власт од една страна нема доволно пари за оние кои работеле, за оние кои ја граделе и се бореле за оваа држава, но затоа има пари за плати и пензии за оние кои не доааѓаат на работа, кои користат државни возила и други ресурси за свои приватни потреби и за оние лица кои се бореле против државата! Повеќето пензии се премали, додека некој во државата зема големи плати за ништо.

Оттука кога СДСМ говори дека гради фер општество и настојува да им помогне на највозрасните лица затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, тоа го прави само декларативно.

Во суштина власта се грижи само за себе и за оние кои им помагаат во спроведување на нивните политики. Многу примери за проневери, меѓу кои и истрагата за двајцата генерални секретари во владата, говори дека на челниците на власти воопшто не им е гајле за народот, туку гледаат што побргу да ги задоволат личните интереси.

Тие како да не размислуваат дека пензионерите се големо гласачко тело и дека нивното незадоволство ќе им стави крај на оваа не народна власт, но дека еден ден на крај ќе мораат да одговараат пред народот.  

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top