Коментари

ДАЛИ МАКЕДОНСКА МАЈКА ГИ РОДИЛА ИЛИ СЕ РАСТЕНИ ВО САКСИЈА?

Martin Trenevski 1
1martin1
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 168)
1. На Македонската дипломатија и се случуваат неверојатни работи коишто само го зацврстуваат имиџот на земјата како хибриден режим и континуирано го руинираат и онака  длабоко нарушениот углед, a само ја заокружуваат веќе нашироко распротстранената претстава на банана држава! Случувањата последниве месеци со Македонската дипломатија само неспордно потврдуваат дека таа е во слободен пад и само што не го пробила дното.
    Најсвежа илустрација за гореспоменатите претстави е случајот со поранешната градоначалничка на Тетово во два мандати Теута Арифи. Дотичната, членка на најтесното раководство на коалициониот партнер ДУИ, по неуспешниот обид и по трет пад да добие градоначалнилки мандат во Тетово, сега стана кадровски проблем за нејзината партија, која како знак на благодарност за /не/делата што ги направи на градот под Шара и на неговите жители во текот на осумте години владеење, упорано настојува да ја промовира за амбасадор на РМ – каде и да било и по секоја цена, надевајки се дека тоа ќе им помине бидејки тие си имаат и свој (!) министер за надворешни работи!?
    Прво се обидоа да ја устоличат за амбасадор во САД каде беше упатено барање за агреман /согласност/ дека тие (американците) ја прифаќаат нејзината номинација. Но од Вашигнтон уследи громогласен молк на таа иницијатива што во дипломатската пракса значи н е п р и ф а ќ а њ е  на предложенииот кандидат за амбасадор (Колку за појаснување, земјата каде е номиниран кандидат за амбасадо со неодговарање на иницијативата дава на знаење дека кандидатот не е прифатлив, а таане е должна да даде образложение ЗОШТО не е прифатлив)!
   Но кадровиците на ДУИ упорни во своите настојувања му наметнааа на “својот” министер Бујар Османи да работи на случајот и овој је понуди дотичната кандидатка за амбасадор во ЕУ. Арно ама и од Брисел повратно стигна ладен туш – и тие не ја сакале Теута Арији. Бурлеската наречена “Теута за амбасадор” има и трето продолжение, па била понудена за амбасадор во Анкара, но и од Турција стасал “катил абер” дека ни тие не ја сакале. 
   На Бујара и ДУИ не им преостанува ништо друго сега да ја понудат Tеута за амбасадор во Тирана или Приштина со евентуални (!) теоретски шанси да помине, иако не сум баш сосема сигурен.
   Ваквите импровизации па и егзебиции со надворешната политика дефинитивно го руинираат севкупниот углед на државата Република Македонија и крајно време е некои кругови и индивидуи тоа да го сватат, ако воопшто им е грижа за угледот на државата. Тоа, осбено ако се има на ум и проблемот со номинацијата на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтоин што исто така не помина (иако тој беше многу активен во промената на Уставот и уставното име на Република Македонија според сценариото на длабоката држава), но МНР – игнорирајки го ставот на САД, одлучи да го испрати како амбасадор во Обединетите Нации, организација што сепак се наоѓа на тлото на САД.
   Не знам само зошто САД упорно стојат и ја подржуваат оваа невозможна коалицијија на СДСМ и ДУИ после вакви несватливи гафови и однесување. Единствен одговор секако е нивниот квинслишки и поданички однос кон длабоката држава и нејзиното долгорочно сценарио за разнебитување на Македонија и македонците по сите основи и нивно сведување на обичен сателит којшто беспоговорно ќе ги следи и извршува со нивното сценарио зацртаните инструкции!
    Јас лично сепак најболно го доживувам именувањето на Албанец за амбасадор во Канада каде е најголемата македонска иселеничка заедница во која доминираат и наши сонародници од Беломорието. Како ке работи тој човек во оваа средина не ми е јасно!?
   Свесно подготвените и егзакутирани поделби на Македонците и во дијаспората се на виделина и на дело! За жал!!!
2. По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев Инститот за национална историја (ИНИ) организира научен симозиум во Музејот на македонската борба на кој е најавена презентација на 46 реферати на историчари од земјата кои ќе го апострофираат несомнениот придонес на Делчев за создавањето на македонската држава. За жал, за овој настран ниту благослов, ниту пак било каква подршка не најавиле /барем засега/ од длабоката држава устоличените Стево Пендаровски, кој е на функцијата Претседател на државата, а ниту Димитар Ковачевски, сегашен Премиер на РМ!? Не знам дали овие двајца македонска мајка ги родила или се растени во саксија, та немаат никакво патриотско чувство и почит кон нашиот Гоце. А беспоговро работат според инструкциите од длабоката држава, во прв план да не се замерат на бугарите и на нивната национал-шовинистичка агенда кон нас македонците.
   Во рамките насимпозиумот ќе биде промовирана поштенска марка посветена на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе биде отвворена изложбата „Портрети на Гоце Делчев“ од академскиот сликар Ангел Петров, специјално подготвена за овој настан, како и изложба на Државниот архив „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-2022)“
    И додека нашите државници Пендаровски и Ковачевски се дистанцираат од давање почит на нашиот Гоце, ултранационалистот и Претседателот на Бугарија Румен Радев, организира на 4.мај голем научен собир во Софија со учесво на бројни академици од БАНУ и бугарски историчари и интелектуалци за да докажуваат дека Гоце се борел и загинал “за македонските бугари”!?
3. Коалициониот партнер во Владата на РМ – ДУИ продолжува да ја “кити” Македонија со споменици на загинатите балисти од УЧК, од војната во 2001 година. На 2ри мај, во кумановското село Слупчане беше отворен  дваесетина метри висок споменик на загинатите, што испровоцира многу контраверзи во македонската јавност. Познавачите на проблематиката за споменици и други споменични обележја реагираа дека многу елементи за овој проект се спорни, но за лидерите на ДУИ “тоа бил споменик што треба да не обединува”, а за нас тероритсичката ОНА според Ахмети, “била дел од историјата на Македонија”!?
   А како ние македонците го доживуваме таканаречениот споменик во с. Слупчане и терористичката ОНА/УЧК најречито говори изјавата на градоначалникот на Куманово Максим Димитиевски кој изјави дека таа беше “окупациона сила”, што впрочем и го потврди и меѓународниот фактор на самиот почеток од војната 2001, кога ген-секот на НАТО  Џорџ Робертсон рече дека тие (ОНА) се “терористи од планините ” што се борaт против уставниот поредок на државата!!!
   Вреди да се цитира и изјавата на Димитриевски кој за отворањето на спомен кулата на загинатите борци на ОНА во Слупчане потсети дека партијата ДУИ која на последните парламентарни избори се декларирала како “зелена” и “реформирана партија со нови политики којашто ќе гради добри меѓуетнички односи, позитивно расположение во државата”, денеска ја гледаме повторно во исто светло, многу слично како во 2001 година.
M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top