|
|
Со Македонија имаме се', без Македонија губиме сите! |
Македонска нација Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите! Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! Ние сите сме чеда на Македонија, зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити? Зарем ќе им помогнеме да ни го закопаат нашиот идентитет и славното име македонско? Ако тоа не го посакуваме, ако сакаме да се залечат раните на Македонија, треба да се обединиме во интерес на нашата заедничка Македонија, и да им го свртиме грбот на сите интриганти што денес не` распируваат, шират омраза и поделби меѓу Нас браќата од разни политички партии и вери. Да ги оставиме настрана теснопартиските и личните интереси. Да не им веруваме на тие кои работат само за свои лични интереси. Македонија Не’ колне да се смириме, да се сложиме и збратимиме без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност. Ковачевски се обидува да не` натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите предци и не` убедува дека било добро да го смениме Уставот а со тоа и нашиот идентитет и да заборавиме на македонското. Доколку имаме различни политички погледи кон Македонија, различни идеали или идеологии, СЕПАК ЕДНО МОРА ДА НЕ ОБЕДИНУВА, сите да се бориме да го сочуваме нашиот идентитет и достоинство, а не да водиме борба кој повеќе ќе ја разнебити Македонија, заради лични интереси. ЗАРАДИ ТОА: ДА НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР ПОД ДИКТАТ НА СОФИЈА СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ. Час поскоро предвремени парламентарни избори, за да ја спасиме Македонија од оваа налудничава и антимакедонска власт! Македонија е наша обврска! Со Македонија имаме се', без Македонија губиме сите!
|