Среда, 22 Мај 2024   
Освен Грција и Бугарија и ДУИ се заканува

DOOM - Kongres 2 copy copy copy 

Македонска нација

Македонски народ е реалност која мора да ја прифатат соседите

Победата на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и нивниот кандидат за претседател на државата на парламентарните и претседателските избори, ги разбранува духовите во регионот.  Поради употребата на вековното име за време на инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова за претседателот на државата, се слушаат пискотници од Атина и Софија. Тие се закануваат со вето за влез во ЕУ, доколку земјава го употребува своето вековно име. Истовремено од ДУИ се закануваат за можна криза во земјава, доколку не бидат дел од власта.    

Двете држави, Грција и Бугарија, сега бараат од Македонија да се применува новото име без разлика што употребата на името Македонија не може да се гледа како закана или територијална аспирација. Истовремено иако самите не ги почитуваат договорите, малцинските и човековите права, тие бараат целосно да се спроведе: Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија.  Но тоа се договори под притисок, кои навлегуваат во сувереното право на македонскиот народ за самоидентификација, идентитет, јазик и култура.

Освен Грција и Бугарија и ДУИ се заканува

Тие бараат сега да се почитува т.н. Мајски договор со кој ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во 2007 година наводно се обврзаа за составување влада „победник со победник“. Но во ДУИ заборавија дека таа обврска функционираше до 2017 година, кога, иако ВМРО ДПМНЕ беше победник во македонскиот блок со 51 мандат, ДУИ го изигра договорот и со 10 пратенички мандати коалицираше со СДСМ која беше второрангирана. 

За разлика од Грција и Бугарија, Македонија ги почитува договорите, а малцинските права се на највисоко можно ниво. Речиси да нема заедницца која не застана зад опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му донесе историска победа на опозијата предводена од лидерот Христијан Мицковски, идниот мандатор на македонската влада.

Него и новата влада ќе ја очекува тешка задача да ги смири духовите во соседството. Но, по прегласувањето во ИЕ 5, идниот мандатар на новата влада очекува да се обезбеди мнозинство од 62 пратеници во Собранието, што ќе му овозможи двотретинско мнозинство потребно за одбрана на националните интереси и спроведување на реформи во интерес на граѓаните.      

Иако, повикот за промени во земјата и одбрана на националните интереси, соседите го сметаат за „рик на глушецот“, тие сепак се плашат од цунамито кое започна во земјава да не ги зафати и нивните земји. Тие се бранат со закани, но промените се неминовни.

Македонски народ, негова држава, историја, јазик и култура се реалност која мора да ја прифатат соседите за да нема тензии. Секое игнорирање на овој факт го враќа регионот во минатото кога македонското прашање беше јаболко на раздорот, и причина за војни. Во таков случај нема да има ни влез во ЕУ, ни просперитет на Балканот

Тоа важи и за ДУИ. Наместо закани и дурдеџиски работи од 19 век, кога албанскте разбојници ги напаѓаа македонските села за потоа да се наметнат како нивни заштитници, потребно е да работат на интегретивните процеси и прогресот на целото население во земјата. Само така ќе стане фатор за проперитет не само во албанската заедница туку и на целата земја.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.