Среда, 05 Јуни 2024   
УДЕЛОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОЗДАВАЊЕТО НА АНТИЧКАТА БАЛКАНСКА МИТОЛОГИЈА

1dons copy copy copy copy

Александар ДОНСКИ

  Во претходните написи наведовме огромен број докази според кои нема никаква основа нарекувањето на античката митологија како „старогрчка“. Видовме дека над 80% од античките автори на оваа митологија не биле никакви „Грци“, а видовме и дека најголемиот број митолошки ликови од оваа митологија припаѓале, т.е. биле преземени од други народи. На крајот од овој осврт ќе кажеме нешто и за уделот на античките Македонци во содржината на т.н. „Старогрчка митологија“. Овој удел може да се разгледува на две нивоа.

           Првото ниво е постоењето на посебни македонски специфич­нос­ти во однос на заедничките ликови од оваа митологија, како и во од­нос на начинот на нивното третирање (начинот на славењето на бо­го­вите, нивните карактеристики и сл.). Иако биле први соседи со Грци­те, сепак Македонците на различен начин ги  сла­веле  некои од боговите, кои рековме дека тогаш биле заеднички за повеќе народи.

           Второто ниво во врска со уделот на Македонците во оваа митологија се однесува на фактот што некои од митолошките ликови биле по потекло од Македонија, а во Македонија се одиграле и некои настани спомнати во приказните на оваа митологија.

           Во врска со разликите во славењето на некои од заедничките бо­гови помеѓу Македонците и Грците, еден од најавторитетните светски познавачи на античка Македонија д-р Јуџин Борза, откако прави анализа на оваа тема, констатира: “Најголемиот дел од писмените податоци за Македонскиот пантеон доаѓаат од времето на Филип Втори и Александар, од што испаѓа дека Маке­донците и Грците славеле исти богови. Се­пак, многу од јавните манифес­тации на тоа славење изгледа биле различни. На пример, во Македонија не се пронајдени големи јавни рели­­гиозни споменици од пред крајот на четвриот век (што претс­тавува уште една разлика во однос на Грците).” (Eugen Borza, In the Shadows of Olympus, The Emergence of Macedon, Princeton University Press, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, УСА, 1990,  стр.  95).

           Разлики во славењето на заедничките богови се забалежани и во култот кон Зевс. И Македонците и Грците го славеле Зевс (секој од својата страна на Олимп), но на прилично различен начин.

         Американската историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски во својот труд “Спортот и кул­турата во античко-македонското опш­тество” пишува дека Зевс имал поголема улога кај Македонците отколку кај Грците: “Зевс се почитувал во религиозната сфера и на Грците и на Маке­дон­ците. Но, за Македонците улогата на Зевс среде нивните богови изгледа била поголема во однос на улогата на Зевс кај Грци­те”. (Dr. Synthia Sydnor Slowikowski, Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society, The Pensilvania State University 1988, стр. 72).

       Посебни македонски специфичности се забележани и кај други митолошки ликови и останати содржини. Богот Херакле во голема мера бил славен во Македонија речиси како бог со посебни македонски специфичности. Но, се знае дека тој бил славен и од останатите тогашни народи. Д-р Синдија Синдор Сло­виковски ја потенцира раширеноста на култот кон Херакле кај разни народи, при што пишува дека за овој бог постоеле посебни маке­донски, грчки и азиски митови: “Херакле бил познат во грчките, македонските и азиските митови, легенди и приказни... (цит. дело, стр. 136).

      Таков бил случајот и со божицата Зирена, која имала засебни македонски епитети, а по својата содржина потсетувала на Афродита каква што ја славеле Хелените.

        И македонскиот бог на војната (што Грците го спомнуваат како Македонски Арес), како и македонските божици, кои имале аналогија во грчките нимфи и грации, исто така си имале свои засебни маке­донс­ки имиња и со тие имиња биле славени од страна на Македон­ците.

           Освен, така да кажеме, заедничките божества (кои секој народ ги славел според сопствени обичаи)  постоеле и оригинални македонски митолошки ликови за кои нема сомнение дека потекнувале од Македонија. За жал, кај нас во голема мера дури и не­кои од чистите македонски митолошки ликови се сметани како “грч­ки” (на пример, во некои овдешни списанија, ТВ квизови повр­зани со митологијата и сл.).

        Од оригиналните македонски митолошки ликови, најнапред ќе ги издвоиме познатите музи.  Култот на музите за прв пат бил посве­дочен во македонската област Пиерија, а оттаму  би­л прифатен од ос­танатите антички народи. Овој податок е добро познат во светската научна јавност. Само како илустрација ќе спомнеме цитат од ЦД Гро­ли­­­ер енциклопедија (цит. дело), каде  во нас­ловот “Музи” (Muses), чи­та­ме: “Музите ... понекогаш биле нарекувани како пиериди, според нив­ниот пр­вобитен дом Пиерија во Македонија, од каде честопати го посетувале изво­рот на Аганипа”.

          И големиот познавач на античката митологија Карлос Парада децидно го потенцира македонското потекло на музите. Откако пишува дека музите најпрвин биле три, Парада констатира: “Се смета дека Пиер Македонецот востановил девет музи и ги променил нивните имиња... Поради тоа музите понекогаш биле нарекувани пиериди... Пиер бил крал од Пела во Македонија. (Карлос Парада, цит. дело, наслов Muses).

           Според една легенда музата на историјата, која се викала Клио, имала деца со Пиер. Во врска со ова Карлос Парада пишува: “Клио имала љубовна врска со кралот Пеир од Пела (Маке­донија) и му ги родила Хјакинт  и Полибеја, девојка која подоцна била однесена на небесата” (Карлос Парада, цит. дело, наслов Muses).

           Според друга легенда, пиеридите биле ќерки на Пиер (што е во спротивност со легендата според која пиеридите биле самите музи - ова не е единствен случај во различни легенди од оваа митологија да се среќаваат контрадикторни податоци). Што се однесува до потек­лото на Пиер, Карлос Парада пишува: “Пиер бил крал од Пела во Македонија. Тој бил син на Магнес и Неада. Од врската со Евипа Пиер ги добил ќерките пиериди”. (Карлос Парада, цит. дело, наслов Pierus).

          За потеклото на жената на Пиер (Евипа) Карлос Парада (пови­кувајќи се на “Метаморфозите” од Овидиј) пишува: “Евипа била жена од Пеонија (област во Македонија)” (Карлос Парада, цит. дело, наслов Evippe 4).

         Значи  музите потекнуваат од верувањата на Македонците, кои, да пот­сетиме, според самите тогашни Грци, зборувале на, за нив, не­раз­бирлив македонски јазик и кои затоа биле нарекувани барбари.

          Како бог кој прво бил славен од Македонците, а потоа од Грци­те, е и богот Дионис. За овој бог се смета дека имал бригиско потекло. На планината Олимп постоело древно светилиште на Дионис, кое се викало Дион, но тоа се наоѓало на северниот дел од плани­ната, т.е  на македонскиот дел на Олимп.

         Во ЦД Гролиер енциклопедија, во врска со славењето на Дионис од страна на Македонците, пишува дека Дионис на Балканот најнап­ред бил славен од Македонците (иако е спомнато и неговото бригиско потекло). Овде читаме: “Дионис не е индо-европско божество. Тој најверојатно има бри­­­гиско потекло, чиј култ најпрво поминал во Македонија, а потоа во Тесалија и Бео­тија... Дионис исто така се викал и Бромиос или Бакхус. Целта на него­виот култ била да предизвикува екстаза - искуство на излегување надвор од себеси, или ентузијазам - ис­куст­во да се чувствуваш како бог. Сутината на мистериите на Дионис била дека, оној што ги прави, требало да се поис­товети со бог. Мнозинството следбеници на овој култ биле жени, наречени Мена­ди, кои доживувале екстази. Кога свештеникот на Дионис свирел на флејта, приврзаниците на  овој култ паѓале во екстаза, за време на која  им било кажувано да растргнуваат животни”. (Гролиер, цит. дело, наслов Greek Mythology).

           Во етногенезата на античките Македонци, Бригијците имале значителна улога, па секако дека оттаму е и присутноста на овој бог среде Македонците.

           Овде повторно малку ќе се оддалечиме од темава за да спомнеме еден инте­ресен податок во врска со древното македонско светилиште Дион. Познато е дека Грците сe уште немаат извршено археолошки истражувања на археолошките слоеви во Дион од времето на античка Македонија, туку само на погорните т.н. римски слоеви. Дали е ова поради немање пари? Секако дека не. Грција секогаш може да најде средства за своите археолошки ископувања. Па зошто тогаш Грците ги запоставуваат ископувањата во македонските слоеви на Дион, т.е. на слоевите од времето кога Македонците немале некакви позначајни контакти со Грците? Дали можеби Грците се плашат дека ќе наидат на уште повеќе докази за сосема поинаква чиста македонска култура, која била сосема различна од тогашната грчка, по што нивните оби­ди за докажување на грчкиот карактер на Македонија, целосно ќе паднат во вода? Одго­ворот на овие прашања мислам дека е повеќе од очигледен. Одиме понатаму.

           Како позната митолошка личност со македонско потекло е и легендарниот пеач и митски тракиски крал Орфеј. Според легендата, Орфеј бил роден во Македонија.

           Бугарскиот историчар Т. Спиридонов во својата книга: “Тракис­ки­јат етнос” (Софија, 1991) ја потврдува вистината дека Орфеј бил  роден во Маке­до­нија. Овде читаме:  “Историскиот крал на Тракијците Орфеј, кој со својата лира ги зане­сувал луѓето и ги скротувал дивите ѕверови, бил роден во Ма­кедонија нека­де помеѓу Олимп и реката Струма”.

         Впрочем, минималното познавање на митологијата покажува де­ка Ор­феј бил син на музата Калиопа, чие македонско потекло веќе го спом­нав­ме. Орфеј не само што бил роден во Маке­до­нија, туку тој бил и убиен и погребан во нашата земја. Неговиот гроб се наоѓал во под­ножјето на Олимп во јужниот дел на Македонија и на неговиот надгро­бен споме­ник биле испишани стихови од еден македонски поет.

           Во врска со убиството на Орфеј, Карлос Парада пишува:  “Некои веруваат дека Орфеј бил убиен близу планината Пие­рија (во Македонија, з.м.) и дека близу тоа место била зачувана урна во која биле сместени неговите посмртни останки.” (К. Парада, цит. дело, наслов “Оrpheus”).

           Како античко-македонски бог треба да го споменеме и богот на леку­вањето Дарон.

           Друго античко-македонско божество, кое го немало кај Грците, била божицата Ма, која кај  Македонците  си имала свои македонски специфичности (иако кај секој народ постоело божество со слична улога на Пра-Мајка).

           Митолошки лик со македонско потекло бил и речниот бог Аксиј. Тој имал љубовна врска со Перибоја (Перибоеа), од која се ро­дил Пелагон, кој бил татко на јунакот Астеропај, кој ја бра­нел Троја. Според името на Аксиј, подоцна била наречена денешната река Вардар (чие првобитно име било токму Аксиј), додека име­то на Пелагон до денес го носи македонската област Пелагонија.

           Близу реката Струма била славена и божицата Бендида, а во по­веќе места на Македонија биле славени и змијоликите божества Дра­­ко и Дракена. За име­то Дра­кон (кое се среќава во антиката, а подоцна од него е произ­лезен анг­лискиот збор за змеј - драгон, па дури и името на грофот Дракула) се знае дека за прв пат било посведочено во Либија, т.е. ни ова име не е грчко. (К. Парада, цит. дело, наслов Хесперидес).

           Како митолошки личности со македонско потекло ќе ги спом­неме и Пеонците (припадници на северно-македонското племе), кои биле сојузници на Троја. Некои од нив биле: Ениј, Астипил, Мнес, Мидон, Офелест, Трасиј   и други.

           Со потекло од Македонија била и митолошката личност Палена (Паллене), која е позната по тоа што се борела со своите додворувачи и ги убивала, се додека не биле поразена од Дионис. Во врска со неј­зи­ното потекло Карлос Парада пишува: “Палена... била ќерка на кралот Ситон, кој бил крал на Одомантите (народ што живеел во североисточна Македонија).” (К. Парада, цит. дело, наслов Palenne).

         Македонско потекло имал и еден од лапитите. Овие митолошки суштества станале познати по тоа што се бореле против кентаурите. Според легендата, нивното потекло било од Тесалија, но еден од нив имал македонско потекло. Тоа е лапитот Пелат. Повикувајќи се на “Метаморфозите” од Овидиј (12.2541), во врска со потеклото на Пелат, Карлос  Парада пишува: “Пелат бил лапит од Пела (во Македонија) кој се борел про­тив кентаурите”. (К. Парада, цит. дело, наслов “Laphits”).

        Македонец бил и еден од аргонавтите. Тој се викал Девкалион. Повикувајќи се на делото на Хигин, во врска со потеклото на овој аргонавт, Карлос Парада пишува: “Девкалион дошол од Пела, град во Македонија и им се прид­ру­жил на аргонавтите. Тој бил син на Хиперасиј и Хипсо”. (К. Парада, цит. дело, наслов Deucalion).

           На крајот да го спомнеме и митолошкиот лик на Македон, кој  во т.н. “Грчка митологија” се смета за прататко на Македонците. Ма­ке­дон бил роден од Тија, која била ќерка на Девкалион (тоа е оној Девкалион, кој го преживеал Потопот), а татко му бил лично врховнот бог Зевс. Она што е многу интересно е фактот што, според оваа митологија, првиот Грк и првиот Латин потекнувале од сосема исти родители (Пандора и Зевс). Во врска со ова Карлос Парада пишува:

           “Пандора имала љубовна врска со Зевс и ги родила Латин, по кого биле наречени Латините  и Грек, по кого, оние кои ги следеле хеленските обичаи, биле наречени Грци”  (К. Парада, цит. дело, наслов Пандора).

           Но, кога се во прашање Македонците, т.е. митолошкиот лик на пр­виот Македонец, тогаш (според легендата) тој бил роден од љубов­на­та врска помеѓу Зевс и Тија. Во врска со ова Карлос Парада пишу­ва:  “Тија имала љубовна врска со Зевс и му го родила Магнус (по кого била наречена областа Магнезија) и Македон (по кого била наречена Македонија). (К. Парада, цит. дело, наслов Зеус).

           Факт е дека (според митологијата) Пандора и Тија биле сестри, но тие припаѓале во редот на првите луѓе по Потопот. Од друга стра­на, според оваа легенда, испаѓа дека Грците биле поблиски со Лати­ните, отколку со Македонците, т.е. дека разликите помеѓу Македон­ците и Грците биле поголеми отколку очигледните и добро познати разлики помеѓу Грците и Латините.

           Во т.н. “Грчка митологија” се среќава и ликот на некој Макед­нус, кој бил син на Лаокон. (Apolodorus, The Library, 3.8.1).

           Според оваа митологија во Македонија се одиграле и некои нас­тани од нејзините легенди. Така, на пример, според една легенда Хер­мес во Македонија му украл  едно стадо на Аполон.  Сведок на оваа кражба бил некој Бат, кој му ветил на Хермес дека нема да му каже на Аполон, но бидејќи не издржал, бил престорен во камен  од страна на Хермес. Практично дотичниот Бат исто така е мито­лош­ка личност со потекло од Македонија.

           Во Македонија престојувал и Херакле, кој требало да се бори со Кик­мус, но до борба не дошло затоа што среде нив бил пуштен  гром.

           Ова значи дека и Македонија и Македонците дале значаен при­донес во содржината на т.н. “Грчка митологија” за која дока­жавме де­ка никако не може да биде “грчка”, поради фактот што им припаѓала на повеќе тогашни антички народи од Европа, Азија и Африка.  (Извадок од книгата „Античко-македонското наследство во денешната македонска нација прв дел фолклорни елементи) и од документарната емисија на англиски поставена на историскиот канал на You Tube: Aleksandar Donski History Channel.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.