Среда, 17 Јули 2024   
По атентатот врз Доналд Трамп, Очите на целиот свет се свртени кон САД!

1svekrva copy copy Свекрва

По атентатот врз Доналд Трамп, Очите на целиот свет се свртени кон САД!

Во саботата, за време на предизборниот митинг во Пенсилванија, врз Доналд Трамп беше извршен неуспешен атентат. Поради атентататот и гафовите на Џо Бајден, станува се поизвесно дека рејтингот на Трамп ќе расне и ќе биде идниот претседател на САД. Со оглед дека демократите самите побараа од нивниот кандидат Џо Бајден, претседател на САД, да се повлече од претседателската трка, се поставува прашањето кој и зошто сакаше со сила да му го одземе правото на говор на Трамп.

Атентатот врз Трамп, преставува атак врз американската демократија и се случи набрзо по Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој главниот фокус беше војната во Украина. По изјавите дека за 24 часа ќе ја запре војната во Украина, многумина во светот беа загрижени од можноста Доналд Трамп да биде идниот претседател на САД. Одредени сили кои сакаат да владеат со светот и кои сакаат да ја видат поразена Русија, предпочитаат актуелниот претседател Џо Бајден да остане на досегашната позиција и покрај неговите гафови.

Атентатот врз Доналд Трамп, при кој тој помина со лесна рана на десното уво, дополнително ќе ја зоврие состојбата во САД. Во политизираното општество, поделбите се евидентни. Републиканците ги обвинуваат демократите за атентатот и се лути еден на друг, сиромашните се лути на богатите, а расните тензии се повеќе се зголемуваат. „Сите се лути за нешто и секој има оружје“. По 160 години од граѓанската војна, секој момент може некој да почне да пука како што беше на Балканот во деведесетите години од минатиот век.

Атентатот во кој е ранет Доналд Трамп, а има еден загинат и двајца негови приврзаници ранети, преставува голем пропуст на Тајната служба. Американската јавност сега со право бара одговорност за пропустите на Тајната служба, како и одговори кој сака да го острани Трамп од претседателската трка..

За многумина изборот на  Доналд Трамп за претседател ќе значи престанок на балканизација на САД, престанок на војната во Украина, престанок на закана од нуклерна војна, обединување на светот, како средување на состојбите на Балканот. Исто така, неговото враќање во претседателското столче ќе значи не само обединување на Амеркја, туку помалку страдање, крв и солзи, а повеќе враќање кон државата, традицијата, моралот и семејните вредности.   

Со доаѓањето на Трамп на чело на САД, според искуството од претходниот мандат, се очекува позитивно да се одрази врз сојузниците. Со оглед дека САД и Македонија се НАТО сокузници и стратешки партнери, земјата очекува да се стабилизира Балканот и Источниот Медитеран, особено сега кога Грција и Бугарија го попречуваат членството на земјата во ЕУ.  

Очите на целиот свет се свртени кон САД и внимателни ги следат тамошните настани.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.