Среда, 11 Септември 2024   
Македонија е Жива и ќе постои додека постојат Македонците!

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во време  на демократија во Европа, ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани болки од минатото. Повторно некој сака да ни каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја фалсификува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата.

 

Во 1913 г. Македонија не по своја вина беше поделена од страна на нејзините соседни земји кои го искинаа нејзиното живо национално ткиво и ја поделија територијата на неколку дела. Тоа национално ткиво сеуште крвари.

Заради тоа, мораме на Европа и светот да им ја кажуваме вистината и да ги потсетуваме ако незнаат кои сме.

 

Да ги потсетиме на славниот Александар Македонски (синот на Филип Втори Македонски), во чие време македонската империја се протегала на три континенти и чија крајна цел била  создавање на општосветска империја, во која требало да нема граници во мешањето на различните култури и во која сите народи требало да живеат братски. Дури и во 'Историјата на Грција”, од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во средината на 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот. Таму стои следниот цитат : "Македонскиот јазик бил различен од илирскиот, од тракискиот, а по се изгледа и од пајонскиот. Тој исто така бил различен и од грчкиот”.

 

Да ги потсетиме дека Христијанството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија. Македонија и Македонците повеќе пати се спомнати во Библијата, најмногу заради мисијата на светите апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

 

Да ги потсетиме на Свети Климент Охридски, човекот кој ја создал кирилицата - писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони: Македонци, Руси, Украинци, Срби, Бугари, Хрвати, Босанци, Црногорци, и многу други припадници на други народи.

 

Мораме да им кажеме и заради Илинденскиот идеал, заради Гоце, Даме, Ченто, заради нивните знајни и незнајни соборци кои се бореа и загинаа за достоинството на Македонија и заради нашите деца и внуци и нивните потомци кои мора да опстојуваат на нашите простори.

 

Да ги потсетуваме на Македонците испраќани на Голи Оток, во Идризово, во затворот на Солунска глава, само затоа што сакаа самостојна Македонија.

 

Да ги потсетуваме дека само Македонците живеат и зборуваат македонски во сите четири  дела на Македонија, во етничка Македонија. Не само некогаш, туку и денес. Затоа Македонија им припаѓа на Македонците

 

Заради сето ова и заради уште многу нешта, гордо и со крената глава на сите гласно да им кажеме: Нема на никој да му успее да ја уништи Македонија, за век и веков!

 

Драги Македонци, да ја имаме Македонија како капка на дланка, татковина, дедовина, Македонија мајка на Македонците, земја на достоинствени Македонци кои со гордост ја исполнуваат Македонската кауза.

На сите да им кажеме: Македонија е Жива и ќе постои додека постојат Македонците!

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.