Среда, 18 Септември 2024   
Кога ќе дибиете двојазичен документ, се прашувате каде се тука Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и т.н.

1svekrva copy copy copy copy copy Свекрва

Македонските политичари љубат да говорат дека државата ни е мултиетничка и унитарна. Но, дали е навистина така? Кога ќе се погледнат таблите пред владините институции, каде името е напишано на македонски, албански и англиски јазик, имате впечаток дака се работи за бинационална држава. Истото се случува кога ги слушате изјавите на преставници на албанските партии, потоа на собраниските седници или пак кога ќе дибиете двојазичен документ. Се прашувате каде се тука Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и т.н.

Наместо македонскиот јазик со кирилското писмо да биде единствен службен јазик на цела територија на земјата и во нејзините меѓународни односи, со Законот за јазиците од 2018 година официјално се проширува употребата на албанскиот јазик. Отогаш албанскиот јазик се користи во органите на централната власт, како што се Владата, Собранието, судската власт, како и во општините каде над 20 отсто од населението припаѓа на албанскиот ентитет.

По овој повод Венецијанската комисија во 2019 година даде оценка укажувајќи дека Законот „ги надминуваа стандардите поставени во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската декларација за регионални и малцински јазици“. Меѓудруго во заклучоците на комисијата стои дека „во одредени области законот оди предалеку, наметнувајќи нереални обврски на јавните институции, особено во судските постапки. Обврските се нереални и скапи за спроведување“.

И покрај критиките дека со овој закон земјата станува двојазична држава и дека се уништува унитарниот карактер на државата, тој стапи на сила една година по неговото одобрување. СДС го гласа овој закон со цел да ја има пофдржката од ДУИ и да ја задржи власта..

По изгласувањето на овој закон пстојат повеќе иницијативи од граѓани, здруженија и политички партии кои го оспоруваат Законот за јазиците. Конечно по пет години, има најава дека на почетокот на октомври Уставниот суд  ќе се произнесе по Законот за јазиците и за балансерот. По ова, албанските партии најавата ја оценија како вознемирувачка.

Како и во други прилики, албанските партии повторно се закануваат, овојпат дека доколку се доведе во прашање Законот за јазиците, може да биде доведена во прашање стабилноста во државата.

Дали ќе успее Судот да се произнесе по ова деликатно прашање без да ги наруши политичко-етничките односи во државата наскоро ќе видиме. Но без разлика на одлуката, како што вели премиерот Христијан Мицковски: „Ова не е анархија. Одлуките на Уставниот суд ќе треба да се почитуваат“.

Едноставно одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права,

Време е да се престане со заканите. Не може една етничка заедница, чии лидери имаат полна уста за влез на земјата во Европа, да не го почитуваат Уставот и законите.

Одлуките на Уставниот суд мора да се почитуваат!

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.