|
|
Охридското езеро постои милион години а Бугарите велат дека е нивно |
Александар Џеповски Мајстори се тие да најдат некоја плоча или карпа каде ќе напишат како некој си Аспарух пред милион и кусур години видел како од бугарски извор извира Охриското езеро. Око нема да им трепне и ќе го напишат на денешен бугарски и ќе не убедат сите дека нема ни 1 % разлика од тогаш, пред милион години назад и денес. Тоа што било пред милион, билион или трилион години и така и вака ама таа судбоносна 681 година е почеток на се и крај на сите шпекулации. Од тогаш почнува планетата да диши многу лесно и цела галаксија со гордост „дозна“ дека Бугарија е цела и хомогена до Охрид. Сите црнци, Кинези, Ескими и Индијанци кои помирисале и бугарски воздух случајно па дури и во сон, едноставно се прогласени за Бугари па ако треба и како просветители. Да не правиме муабет за Марсовци и вонземјани од сите галаксии кои многу убаво „зборат“ бугарски и „имаат“ бугарски корени. Што се однесува до вас лично и родителите, иако немате три чисти со нив - Бугарите ... тие знаат дека сте Бугари и ќе ти „докажат“. За дедовци и прадедовци немој случајно да се впуштате во полемика , тие повторно, посилно и „поаргументирано“ ќе ви кажат колку големи Бугари биле. Охридското езеро постоело и ќе постои уште милион години ама глупоста бугарска е од скоро околу 145 години и богами до кога ќе трае, не знае никој. Дали се производ на натемаго или Горниот едноставно тестира и ги уфрли со намера не знаеме точно. Но едно е сигурно .. ИМ ТРЕБА ГОЛЕМА ПОМОШ И МНОГУ ПСИХИЈАТРИСКИ КЛИНИКИ. ТАТАРИСТАН СЕ ОТКАЧИ ОД НИВ И СЕГА Е НАШ РЕД ДА ГИ ИСПРАТИМЕ БИЛО КАДЕ. АМИН !!! |