|
|
Пензионерите веруваат и даваат поддршка на политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски |
Згоемувањето на пензиите ги расположи пензионерите Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го исполни предизборното ветување за пензионерите. Тие конечно го добија првиот дел од ветеното зголемување на пензиите, а осто така се зголеми и позитивната листа на лекови. Зголемените пензии и намалените трошоци за лекови ги расположи пензионерите бидејќи им овозможи на лицата со ниски пензии полесно да го минат месецот. Но тоа е само почеток, бидејќи веќе идната година во март следува ново исто такво покачување на пензиите. Македнија е социјална држава и пензискиот систем не функционира како економски, туку врз социјално-солидарен концепт. Тоа значи и правична распределба на средствата кои треба да овозможат достоен живот за секој пензионер. Оттука, да не беа касите испразнети од СДС и ДУИ, сигурно уште оваа година со септемвриската пензија, пензионерите ќе добиеја зголемување од 5000 денари. Меѓутоа, со ребалансот на буџетот, Владата успеа да обезбеди со септемвриската пензија пензионерите да добијат линеарно зголемување од 2500 денари, а веќе на почетокот на идната година, со мартовската пензија ќе следуваат уште 2500 денари, што е еднакво на ветените 5000 денари. По мартовското зголемување, во септември идната година пензиите треба да се усогласат со трошоците за живот по старо. Се сметта дека тогаш септемврискиата пензија би била зголемена за околу 4%, што значи само продолжување на зголемување на разликите од најниската до највисоката пензија. Затоа Владата треба да размисли да се намалат разликите меѓу најниската и највисоката пензија. Односно, наместо процентуално, да се продолжи со линеарното зголемување на пензиите, но и да се одреди најниската пензија, како што има и најниска плата. Најниската пензија треба да им овозможи подобрување на животниот стандард на пензионерите, да имаат доволно средства за плакање на режиските трошоци, храна, лекови и по некој денар за да ги израдуваат нивните внучиња. Со оглед на секојдневните поскапувања на прехранбените продукти, пензионерите се задоволни од мерките кои ги превзеде оваа Влада. На тој начин, особено пензионерите со најниски пензии, ќе можат полесно да се справат со секојдневните трошоци. Тоа што Владата го вети, тоа и го исполнува. Едноставно, оваа власт предводена од премиерот Мицковски не ветува нешто што неможе да го исполни, па дури и кога се во прашање евроинтеграциите. Иако, Албанија се одвои и ги започна преговорите за ЕУ, а Македонија закочена од страна на „браќата“ бугари сеуште чека, Владата не попушта под притисоците за влез на Бугарите во Уставот. Причината е едноставна, бидејќи кој гарантура дека Бугарија, која не признава македонски народ и македонски јазик, по шест месеци нема да најде друга причина да стави вето на патот на земјата кон ЕУ. Ако Бугарија, како земја членка на ЕУ не ги спроведува 14 пресуди на судот во Стразбур за прекршување на правата на Македонците во Бугарија, како тогаш да му се верува на источниот сосед и кој ќе гарантира дека со влезот на Бугарите во Уставот ќе заврши голготата на македонскиот народ. Софија дури не сака да чуе за влез на Бугарите во уставот со одложено дејство. Промените да се изгласаат сега, а да стапат на сила во моментот кога земјата ќе влезе во ЕУ. На тој начин Македонија ќе се заштити од нови уценувања. Македонската Влада е посветена да изнајде нови решенија, како за влез во ЕУ, така и за подобрување на животот на македонските граѓани. Нејзината упорност и исполнителност ветуваат дека тоа ќе се случи. Порано или подоцна, многу од проблемите ќе бидат решени, како што се најде и решенија за пензионерите. А Пензионерите веруваат и даваат поддршка на политиките на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. |