Коментари

Притисоци врз Македонците пред пописот

svekrva

svekrva
Свекрва

Во Благоевград, бугарската полиција го уапси сопственикот и еден од вработените на печатницата „ЕТ Иранк – М“, каде што на македонски јазик се печати билтенот „Македонски глас“. Иако засега не се познати вистинските причини за нивното апсење, како што пренесуваат медиумите, според ОМО Илинден Пирин, причина е повикот објавен во билтенот за слободно изјаснување  на населението на пописот.

Според изјавата на Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, дадена за медиумите, без никакво образложение при апсењето на сопственикот на печатницата и еден од вработените, бил конфискуван и билтенот „Македонски глас“ кој му припаѓа на Пиринскиот македонски информативен центар   Според него, се претпоставува дека властите на овој чекор биле потикнати од написите во билтенот преку кои се повикува населението слободно без страв да се определи онака како што се чуствува.

Ваквата тактика на сеење на страв, како што вели Стојков не е првпат и тоа се случува пред секој попис, кога се преземаат акции со кои се заплашува населението.

Стравот од слободно изјаснување на македонскиот народ во Бугарија е огромен и не од вчера. Ваквиот однос трае со децении, а Бугарите ги сметаат Македонците како свои „по јазик и срце“.

Најдобар пример за бугарскиот страв од македонското прашање наоѓаме во стенографските белешки од бугарското Народното собрание (Реч в Народното сабрание, от 1012.1917 и Дневници на 16 -17 –то обикновено Народно сабрание, Четврта редовна сесија, Кн 1, Софија, 1930)  Од нив се гледа дека Димитар Благоев, големиот пролетерски трибун, во својата реч во бугарското Народно собрание на 10 декември 1917 год. по повод на дебатата за воениот буџет на Бугарија во својство на шеф на бугарските социјалисти, јавно ја одрече „ослободителната” улога на Бугарија во Македонија и како Македонец побара Македонија да се самоопредели и конституира во самостојна држава.

Стеноградските белешки на Народното собрание на Бугарија на 10.12.1917 година ќе ги забележат следните дискусии на Благоев и други пратеници:

„Д. Благоев: Македонските Склавинии во VIII и IX век под власта на Византија имаат статус на потчинети, но независни во својот внатрешен живот.

Некој од левицата: Не заборавајте ја историјата.

Д. Благоев: Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? (С м е а.) Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста. Факт е, г.г. народни претставници, дека имало голема борба меѓу бугарските и словенските племиња на Балканскиот Полуостров. И тој процес, за кој ни говори г. Сак’зов (водач на бугарските широки социјалисти) и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на словенските племиња на Балканскиот Полуостров што масовно се преселуваат во Византија и Мала Азија, и од друга страна одат на југ кон Македонија, во која имено се запазува долго време словенското племе.

Г. Данаилов: Ама вие сте родум од Загоричани.

Д. Благоев: Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин, јас сум Словен. (С м е а.) И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја која ќе си има своја сопствена управа.

Некој од десницата: Што бараш тогаш во Бугарија?

Д. Благоев: Така што процесот за кој ни се зборува е процес за завладување, а не за обединување на бугарското племе. Ако вие ја примите теоријата што некни ни ја разви г. Сак’зов, т.е. историското минато, тогаш ќе треба да ги оправдате стремежите на српската буржоазија, зашто српското племе е чисто словенско племе, без никакви примеси. Како што ви е познато, таа сака да ги обедини Словените во Македонија. Спрема тоа, ако вие ја примите таа теорија за минатото, вие сте изгубени.

X. И. Попов: Да, да!

Д. Благоев: Да, да. Ако вие не сакате да обрнете внимание на фактите, тогаш други обрнуваат внимание, противниците ви обрнуваат внимание.

Претседавачот д-р И. Момчилов: Обрнуваме внимание на фактите – во 1885 и 1913 година.

Министерот X. И. Попов: Како се викаат во Загоричани Бугарите?

Д. Благоев: Ако ги прашате, тие се викаат христјани.

Министерот X. И. Попов: Тие се викаат Бугари.

Д. Благоев: Јас не сакам да навлегувам во таа сфера, но сакам да истакнам какви опасни од ваша гледна точка … теории се развиваат во нашата историја, односно за процесот на обединувањето на бугарското племе…

Министерот X. И. Попов: Борбите за независноста на бугарската црква најмногу се развија во Вашето село и затоа го изгорија.

Д. Благоев: Тоа воопшто не е така, а зборот е за завојување на племињата на Балканскиот Полуостров од Бугарите. И ако говориме за историски процес, тогаш тој процес и денеска постои, имено бугарското племе настојува да ги завладее местата што му се неопходни за да може да излезе на море, за да може да излезе на големите водени патишта и Егејското Море. Ете ја смислата на историскиот процес.

Д. Благоев: Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала ое Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум…“

Генерации и генерации во Бугарија се воспитани дека Македонија е втора бугарска држава. Меѓутоа, Бугарите се свесни дека Македонците нема да прифатат да бидат Бугари и затоа штитејќи ги своите стратешки интереси, без некој поголем притисок на меѓународната заедница не  дозволуваат референдум или слободно изјаснување на Македонците.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top