Коментари

Село се плени баба се чешла!

Tihomir_Karanfilov

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

И покрај смислената денационализаторска политика на великосрпскиот хегемонистички режим и други пречки во создавањето на македонската интелегенција, постепено се зголемуваше академската младина во Македонија и таа во средината на триесетите години активно се вклучуваше во општествено политичкиот живот на Македонија. Голем дел од македонските студенти што се образуваа на универзитетите во Белград и Загреб, кои беа најсилни упоришта на прогресивните идеи, доаѓаа во допир со овие движења, ги запознаваа и ги прифаќаа нивните револуционерни идеи. Исто се случуваше и со голем број македонски печалбари кои работеа ширум Југославија.

Во штрајковите, демонстрациите, судирите, со полицијата и во други акции на студентите и другите прогресивни движење  учествуваа и Македонците. Борбите на македонските студенти и прогресивните сили на македонскиот народ се повеќе добиваа карактер на отворени политички судири со режимот. Сето ова овозможи да се создаде едно ново движење на македонските студенти и интелектуалци наречено „Македонски народен покрет“ или скратено МАНАПО. Политичката декларација беше потпишана од сите македонски студенти во Загреб, а потоа и од најголем дел од Белградските македонски студенти.

За идејното-политичко оформување на МАНАПО, од посебно значење беше состанокот кој се одржа на 28 август 1936 година во Охрид на кој присуствуваа покрај студенти и интелектуалци и други напредни македонци од Скопје, Велес,Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Охрид и тетово. На состанокот било заклучено дека МАНАПО треба да се бори за национална слобода и равноправност на македонскиот народ во рамките на Југославија. Во таа насока се истакнуваше дека борбата на македонскиот народ треба да се слее со борбата на другите југословенски народи за остварување на најдемократските права. Набргу овие заклучоци се раширија помеѓу македонскиот народ. Голема подршка ова движење имаше посебно во Велес и Прилеп. МАНАПО повторно го рагоре националниот дух кај Македонците.

Во пресрет на Втората светска војна, погодени од незапирниот растеж на скапотијата и шпекулацијата, работниците почнаа да стапуваат во штрајкови и да водат акции за одбрана не само на своите основни социјални права туку и да се борат за својот идентитет. Имаше повеќе успешни штрајкови на работниците низ цела Македонија, меѓу кои  на работниците од керамичката фабрика „Вила Зора” во Велес. Тие  успеаја со штрајк да извојуваат подобрување на работните услови. Во октомври месец истата година штрајкуваа и работниците во ка.меноломот „Превалец” кај Велес, кои беа изложени на постојана опасност, прекумерна експлоатација и разни малтретирања.

Голем број на изведените штрајкови и акции потпомогнати од студентската интелигенција и масовното учество на работниците во нив ја одразуваа се поголемата ангажираност на македонскиот народ во одбрана и за подобрување на нејзините основни интереси и права.

Ваков повик до „Браќата Велешани“ е испратен во октомври 1940 година. Иако оригиналниот позив не е најден. Постојат преписи, еден е во Историскиот архив во Велес, друг е сопственост на Перо Коробар. И двата се отчукани на латиница и имаат нечитливи места. Постои и нецелосен превод на српскохрватски. Во овој повик се вели:

„Нам ни се спрема уште една „свечаност” на гладен мев и преку целото наше катадневно гајле. Бесните, ситите и угоените претставители на големосрпскиот шовинизам, сакајат да отпразнуват стогодишницата на црквата свети Панталеум.

Село се плени баба се чешла!

Ама кога знаеме оти оваја „свечаност” се верзује со денот на ослободувањето на Велес (ослободувањето на Велес од османското владеење од страна на српските трупи во 1912 година.), јасно ни је на сите што се сака со овова.

Денеска кога гори цел свет, кога гинат илјади и гладувајат милиони кога целиот наш народ стрепи от неизвесност и се мачи за бедната прерана на својата фамилија и за издршката на државата на неговите гнетачи, денеска ситите и со сичко задоволни управители и миро помазани дембели решиле да направат уште една фалсификација на нашата историја и уште едно убирање и злоупотребување на нашата народна уметност.

Не се прави се овова случајно и без цел. Денеска кога целиот македонски народ влезуе у една нова борба за своето крајно ослободуење, а денот на таја слобода не је далеку, српските шовинисти и јадачи запињаат со сета своја снага да го оддалечат тој ден и да не нас македонците прикажат како Срби. За таја цел напишаја цела книга, заедно со македонските предатели, дека на најбезобразен начин сакат да го турат во услуга на големосрпскиот шовинизам, уметничкиот гениј на нашиот народ. И сега како и секогаш ќе се проба да се прикаже као српски архитектонскиот и уметничкиот (гениј)… на нашиот народ на нашите вредни мајстори што направија неброено историски паметници, напишаја неброено живописни икони, фрески и дуборези од најстарите времиња па до денеска.

Ако Србите незнајат кој ја правел таја црква нека идат и нека прочитат што пишује на зазиданата плоча. Това је најхубав доказ.

Тија безбожни попови, владици и јадачи не давајат ни пет пари за верското чувство на народот. А за да биде безобразието уште поголемо да дојде до полна мера нимната арамиска и политика сиот ма(срав)261 за оваја превара го фрлат пак на македонскиот народ. Одеја како питачи по чаршија и го присилуеја нашиот осиромашен чаршилија, да даде онолку колку сакаа они, за да имајат да јадат и да пијат.

Јади, пиј, баламата плаќа!

Нашиот народ треба да им каже, оти не је вече балама. Као секогаш така и сега а особено пак сега че им покаже оти у денешно време не му дошло до неканети гости, и до лудо празнување оти он има свој гајлиња и своја мисла, оти не му дошло до това да го укрепује овој пљач-кашки и угнетувачки режим, но до това како да се ослободи од него.

Должност је на секој свесен Велешанец и Македонец да НЕ ЗЕМЕ участије во оваја „свеченост”. Секој еден Македонец што ќе биде тогај сос ниф и меџу ниф нека знае оти ќе се есапи издајник на својот народ.

НАРОД НЕ ЗИМАЈ УЧАСТИЕ ВО ОВАЈА ГНАСНА „СВЕЧАНОСТ” И НЕ ИСПАЃАЈ НЕСВЕСНО ДА ИМ ПРАВИШ КАЛАБАЛАК!

ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
Велес, Октомври 1940
Истински Македонци велешани

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top