Коментари

Ниш 2013 по стапките на Скопје 2014

Tihomir_Karanfilov

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Додека македонските медиуми внимателно ја следат изборната кампања за предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат на 5-ти јуни, незабележано помина информацијата која ја пласираа нашите северни соседи, а се однесува  на проектот Ниш 2013, а многу наликува на проектот Скопје 2014.

Според РТС (Радио-телевизија Србијa), по повод одбележувањето на 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт, градот Ниш планира до 2013 година да ги стави во функција сите споменици кои постојат во градот и да изгради споменик на царот Константин I Велики.

Градоначалникот Милан Симоновиќ, како што пренесува РТС, изјавил дека: „Нивна задача е до 2013 година да ги стават во функција сите споменици кои постојат во Ниш, зошто овој град имал исклучиво богата и бурна историја.“ Целта на овој проект, според него е целата инфраструктура, сите споменици и во градот да среди, а градот да се промовира комплетно туристички.

Сепак централно место во проект Ниш 2013 е изградбата на споменикот на Константин I Велики, кој ќе се работи според идејното решение на вајарот Вук Ѓуричковиќ. Со ова решение, царот Константин I е преставен како седи на престол под импозантна порта. Според проектот, димензиите се импресивни, а се предвидува самиот споменик да биде висок шест метри, а портата 20 метри. Со неговата изградба граѓаните на Ниш ќе добијат импозантен споменик кој се доближува до димензиите на централниот споменикот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Идејата на вајарот Вук Ѓуричковиќ  била преобразбата, затоа што смета дека царот Константин, кој е роден во Ниш, е една од најзначајните  историски личности, кој со своето дело го сменил текот на историјата.

Кој е Конснтин I Велики и зошто е значајно неговото дело?

Римскиот император Константин I Велики е роден во Ниш околу  285 година. Родители му биле Констанциј Хлор и царицата Елена. По абдикцијата на Диоклецијан и Максимијан во 305 година, за нови владетели биле прогласени Галериј и Констанциј I Хлор. За прв пат, во 311 година Галериј издал едикт за прекратување на прогоните на христијаните, но по само неколку дена тој починал. По смрта на Галериј, на негово место застанале Линциниј и Константин, како еден од најголемите подржувачи на христијанството. Со импераијата ќе владее како совладател или сам од 306 до 337 година, и ќе биде прв римски христијански цар.

Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневал во својот успех, му се јавил сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јавил и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт.

Во 313 година во градот Медиолан, денешен Милано, Константин I Велики го издал т.н Милански едикт, со кој сите религии станале равноправни, а се забранувало секакво прогонство на христијаните и се прокламирала верска толеранција, Исто така Константин го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во 325 година во Никеја за утврдување на „Симболот на верата“.

По победата над совладарот и зет Лициниј, го презел Истокот и ја раководел целата империја. Истата година, во 324 година, на Босфорот започнал да го гради Константинопол (Истанбул), а на 11 мај 330 година го прогласил за нова престолнина на империјата. Тој ќе биде и последниот Римски император кој управувал со целата империја. Се смета дека се прекрстил на смртниот одар во 337 година и од црквата е прогласен за светец, заедно со својата мајка Елена.

Можеби проектот Ниш 2013 ги следи стапките на Скопје 2014, но она што е интересно што досега во српските медиуми никаде не можете да сретнете се коментари од типот дека нема потреба од вакви грандиозни споменици како и употреба на термини дека некој се обидува да го ромеизира градот Ниш и српскиот народ.

За разлика од нас, кој уште на самиот почетокот на проектот Скопје 2014, некои нведнаш започнаа со коментарите дека некој се обидува да ја антиквизира земјата, граѓаните на Ниш и српскиот народ добро знаат да го искористат своето културно наследство и истото да го комерцијализираат искористувајќи го како добра турисстичка понуда.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top