Коментари

Четириесет години „Македонска нација“ 1971-2011

svekrva

svekrva
Свекрва

Веќе четириесет години поранешниот весник на македонската емиграција  а денес веб портал „Македонска нација“, претставува вистинска нацонална трибина,  во која учествуваат сите сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација.

Во сите овие изминати години, на секој чесен Македонец, без разлика на неговите идеолошки убедувања или партиска припадност, „Македонска нација“ им овозможи  да ја застапуваат и да и служат на македонската национална кауза.

MN-1

Веќе четириесет години, почнувајќи од 1971 година во печатеното издание на весникот, се почитуваат принципите воспоставени на самиот почеток и изнесени во уводникот на редакторот и основач на „Македонска нација“ Драган Богдановски, дека весникот не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку на сите оние кои ја сакаат Македонија и се борат за македонската национална кауза.

Во 1962 година, македонската емиграција во Шведска го формира Ослободителниот  комитет на Македонија(ОКМ) со цел да се создаде семакедонско национално движење за обединување на Македонија во самостојна македонска држава. Потребата за сопствено гласило кое ќе ги промовира ставовите на организацијата се изнесени на Вонредниот конгрес во Копенхаген  во 1971 година, кога била донесена одлука за издавање официјален орган – весникот „Македонска нација“.

berlinska_sredba_pred_formiranje_na_vmro-dpmne-13.06.1990_berlin-1

Во 1972 година, на редовниот Конгрес во Бремен, Германија, Организацијата на ОКМ го менува името во Движење за обединување на Македонија (ДОМ). Набрзо движењето се проширило во Европа (Данска, Шведска, Германија, Австрија, Франција, Белгија) и во прекуокеанските земји (Австралија, САД и Канада). Ваквиот забрзан развој на движењето ќе предизвика потреба од преструктуирање на Организацијата. На конгресот одржан во Минхен во 1974 година, на кој учествуваат делегати од Европа и од прекуокеанските земји, името било модифицирано во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и била усвоена нова Политичка платформа.

Хроничар на овие настани е „Македонска нација“, која се издигнува над дадениот статус официјален орган на Организацијата. Станува весник кој не припаѓа само на Организацијата туку на сите Македонци со чисто срце ширум светот кои интерактивно учествуваат во креирање на уредувачката политика. Тоа беше весник во кој Македонците можеа да прочитаат не само за активностите на Организацијата, туку да прочитаат свои статии, да прочитаат за себе, за своите најблиски, за својата татковина, но и за религијата и забранетата македонска историја.

„Македонска нација“ стана чувар на македонските традиции, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Тој беше извор на вистината за македонската трагедија но и сведок на македонскиот непокор. Затоа „Македонска нација“ со нетрпение беше очекуван и со радост беше читан, препрочитуван и раскажуван меѓу македонската емиграција распослана на сите страни на светот.

Но, ваквата поставеност на „Македонска нација“, стана трн во око не само кај тогашните југословенски власти, туку и кај соседите. Постојат повеќе обиди да се попречи неговара дејност, па дури и обид за издавање на пиратски изданија на „Македонска нација“. Но читателите секогаш знаеа да го препознаат вистинското издание на овој весник, а неговата редакција успешно да се справи со натрапниците.

„Македонска нација“ ќе остави длабоки траги, а дел од нејзините цели ќе се остварат со осамостојувањето на Македонија од југословенската федерација во 1991 година.  Но самиот факт дека скоро две децении по осамостојувањето на земјата, сеуште имаме непризнавање од страна на Бугарија на македонската нација, јазик и култура, потоа непризнавање од страна на Грција исто така на македонското малцинство, барање за промена на името, како и непризнавањето на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, се наметна потребата  од возообновување на „Македонска нација“.

Во период кога македонското прашање повторно стана актуелно на Балканот, а политиката на балканските држави, за жал  и политика на Европа, со што се укажува дека македонското прашање сеуште останува отворено, појавата на електронското издание на „Македонска нација“ како спона на македонскиот народ со нејзината дијаспора е повеќе од неопходна за заедничка одбрана на македонската национална кауза.

На 17 јуни 2009 година во просториите на Младискиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје, беше возобновена „Македонска нација“, едно од првите демократски и емигрантски  гласила, кое не така одамна претставуваше единствен печатен медиум на Македонците надвор од сопствената држава. Како основоположник на македонската национална слободна мисла, новото електронско издание на „Македонска нација“ продолжи со потрагата по вистината толку потребна за одбрана на македонската национална кауза.

Денес, електронското издание на „Македонска нација“ со своите над пет илјади статии, преставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот преставува вистински браник на македонската национална кауза.

Повторно „Македонска нација“ станува  едно од најчитаните овојпат електронско гласило.

Македонскиот народ, како во минатото така и сега, дома и во дијаспората, со нетрпение и радост го чека објавувањето на електронското издание на „Македонска нација“.

Да ни е вечна „Македонска нација“!
Да е вечна библиска Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top