Коментари

Македонскиот јазик е огледало на македонската душа

simona-tanaskovska

simona-tanaskovska
Симона Танасковска –

Македонскиот јазик е огледало на македонската душа. Сржта на Македонскиот народ, негов идентитет и знаме на распознавање. Македонскиот јазик е цврста архитектура во чии темели е вградена колективната меморија и никој нема право да ја чепне кулата која опстојува со векови. Како велат спознај го минатото, за да ја сватиш сегашноста.

Само еден поглед кон македонските пејсажи ќе ја открие суштината на реченицата. Се воодушевуваме на новите билки, растенија, и цутови, заборавајќи дека нивниот животен сок го пушта коренот од земјата.Затоа дабот, чинарот со векови пркоси на времето. За да се насладуваме на цветовите од иднината, нашиот корен, нашиот животен сок мора да има длабоки корени. Чумути се гранки и цветови, ако коренот е плиток. Сите патеки кон иднината зачнуваат од еден, матичен запишан код, изворот на постоењето.

Во античките извори има бројни примери, во кои лесно може да се согледа дека Македонците пишувале на посебен јазик, различен на древните Елини. Досегашните сознанија за класичната филологија упатуваат на констатација дека класичниот македонски јазик бил задржан на извесна дистанца од класичнохеленскиот јазик .Тој не бил целосно изолиран и секако бил преименуван во административната и дел од писмената практика што сведочат досегашните  иденитификувани 100-тина глоси.

Дека Македонскиот јазик се разликувал од Хеленскиот имаме повеќе докази и тука ќе го споменеме и судењето на Филота во 330-та година кога тој решил да зборува на хеленски,за да го разберат и оние што не се македонци.

Атенај го споменува билингвизмот на жителите на Атина,од кои многумина зборувале макдеонски заради мешањето, од друга страна Куртиј Руф споменува дека македонците имале потреба од преведувачи за да го разберат хеленскиот јазик.

Еден податок кај Тит Ливиј очигледно е превземан од делото на Тукидит. Имено Ливиј, пишува дека јазикот на Македонците бил доста сличен со јазикот на Ајтолците и на Акарнанците. Значи неразбирлив за Хелените.

По трагите на писмото и јазикот на древните Македонци, тука ќе го споменеме каменот на Розета кои произлегоа и бурни реакции на негирања на класични филолози во однос на најновото негово дешифрирање на средниот текст од страна на македонските истражувачи Томе Бошковски и Аристотел Тентов, кои во т.н демотско писмо прават обид да ги индетификуваат класичномакедонскиот јазик и писмо.

Нивните истражувања заслужуваат внимание поради фактот  што понудија систем на расчитување на досега нерасчитеното т.н демотско писмо, што ја открива истата содржинска смисла како горното хиерогливско и долното класично елинско писмо. Но, впечатливо е што дел од расчитаната лексика е сличен на современите македонски зборови. Инаку, каменот на Розета познат текстуален артефакт од стариот Египет што бил пронајден во 1799 година од страна на еден војник од француската војска на Наполеон, а денеска се чува во Британскиот музеј во Лондон. На него е напишан свештенички декрет за величење на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос, една година по неговото крунисување  т.е  на 27 март 196 г п.н.е. Станува збор за Птоломеј Лаг, прогонетиот македонски водач на Александар Велики, кој се повлекол во Египет и тамо ја основал македонската династија со престолнина во Александрија. Содржината на декретот е напишана во три посебни целини и три писма-хиероглифско, со т.н Демотско, и со античко грчко писмо.

Сите писмени аргументи покажуваат на фактот дека Македонскиот јазик е посебен јазик. Оттука никој нема право да го менува, видоизменува, одзема и да го негира. Парадоксот на јужниот сосед ќе заврши како и сите останати историски парадокси, можеби кон овој траги-комичен пристап малку повеќе збунува и односот на опозициските и други структури кои упорно ветуваат дека знаат и умеат како да не внесат во Европа.

И ние знаеме дека борбата за влез во ЕУ е борба за бришење на името и јазикот. Нека го изустат, нека се протркала низ грлото и конечно нека не информираат  како е тоа можно?

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top