Коментари

СМК АПЕЛИРА НА ЕДИНСТВО ПРОТИВ ОМРАЗАТА

todor

todorСквернавењето на црквите и џамиите и говорот на омраза немаат врска со верата и нацијата

Светски Македонски Конгрес

Сквернавањето на верски објекти и навредите на етничка и верска основа немаат врска ниту со верата ниту со нацијата! Духовните светилишта, црквите и џамиите, се богатство на народите и културите во верата кон Бога и грев е нивно сквернавење без никакво оправдување и поради никакви мотиви. Тоа е криминал од најдолен вид спротивно и на Библијата и на Куранот, затоа што и христијанството и исламот се против насилството, омразата и одмаздата, а за мирот и љубовта, разбирањето и почитувањето. Сквернавењето на верски објекти и навредите на етничка и верска основа не заштитуваат ниту промовираат ничии етнички, јазични и културни права.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира до граѓаните да спречат, пријават и се откажат од учество во сквернавење на цркви или џамии на целата територија на Македонија и да се откажат од навреди и провокации на верска и етничка основа на јавни манифестации и во секојдневието.

СМК од Владата на Македонија бара итно расчистување на сите случаи на сквернавење на верски објекти или поттикнување и разгорување расна, ентичка и верска омраза, раздор и нетрпеливост, како и пронаоѓање и најстрого казнување на сторителите. СМК укажува дека не е само обврска на власта да ги санкционира сторителите на кривични дела, обврска е на граѓаните да спречат, пријават и да не учествуваат во нивно вршење!

СМК бара од верските заедници, политичките партии, државните органи и јавните установи, во секое време и на секое место да ги едуцираат граѓаните против сквернавење на верски објекти, против навреди и провокации на етничка и верска основа на јавни манифестации и во секојдневнието и против расната, етничката и верската омраза, раздор и нетрпеливост, затоа што одговорноста е на сите, според надлежностите и овластувањата.

СМК ги повикува младите, учениците, студентите и невработените, како и навивачките групи, да престанат со меѓусебни навреди и провокации на етничка и верска основа, да се воздржат од повреда на туѓи имоти и животи, да се воздржат од тепачки во училишта, на стадиони, на јавни културни и спортски манифестации, да се воздржат од тепачки во автобуси и на јавни места, да се откажат од сите графити со навредливи содржини кон други, во секое време и насекаде, да спречуваат други во таквите намери и да ги заштитат послабите и немоќните.

СМК жали, доколку сквернавењето на верски објекти и поттикнувањето и разгорувањето расна, етничка и верска омраза, раздор и нетрпеливост е од партиски мотивирани лица со цел компромитирање и рекомпонирање на власта, заради стекнување симпатии на граѓаните, а всушност дестабилизирање на државата.

СМК од Владата и надлежните органи бара навремено детектирање на групи и секти кои од позиции на агресивен верски фанатизам сакаат Македонија да се реорганизира во исламска држава со шеријатско право, а кон сите лица кои се стекнале со македонско државјанство со природување, доколку на тие основи прават повреда на Уставот и законите, под итна постапка да им се одземе македонското државјанство и трајно да се протерат од државата Македонија!

Или ќе се заштитиме единствени и обединети како нација и држава, или ќе не разнебитат и растурат сите заедно! Единствени сме затоа што сме различни, а обединети мора да останеме за да ги сочуваме разликите и единството на нацијата и државата. Љубовта кон своите, не прави посилни во почитувањето меѓу себе! Не е грев што некои се побројни а другите помалубројни, сите сме еднакви пред Уставот и законите! Мораме да ја почитуваме културната автономија и стекнатите права на етничките заедници во Македонија независно од пописните резултати како услов за натамошна меѓуетничка доверба, разбирање и толеранција. Мораме да престанеме со омраза и одмазда поради бројки, правата не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема. А, правата во Македонија на хартија се повеќе од било каде на светот, во рамките на материјалните можности на општеството во целина. Ние сите заедно сме цивилизација на мирот и љубовта, која претставува основа на современиот културен глобализам и на Нова Европа! Но, мора да бидеме свесни дека животот во заедница со други луѓе не подразбира само права, туку создава и обврски, дека мораме да ги почитуваме туѓите имоти и животи и да се воздржиме од злоупотреба на разликите, на верското уверување и етничкото потекло. Се разбира, за овие вредности на толеранција и коегзистенција државата мора постојано да делува едукативно и превентивно, а наградите и санкциите им припаѓаат на сите според заслугите, независно од разликите и бројките.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top