Коментари

Романот за Александар бил читан низ охридските и преспанските дворци на Самоил

salonika

salonikaСалоника

Претскажувањата на Александар, чие име на грчки значи „божји човек“, за тоа што сторивме и што ќе сториме уште, остануваат аманет за Македонците. А за да се исполнат, колку тие и да изгледаат фантастично, потребна е сплотеност на македонскиот народ, чест, витештво и љубов.

Покрај црковните творби, легендите за светците и биографиите на поедини владетели, едно од најчитаните дела во Средниот век бил романот за Александар Македонски, односно популарната „Александрида“.

Се смета дека од појавата на првата верзија во II или III век во египетскиот град Александрија, основана од Александар (331), позната како Псевдо-Калистенова хроника за Александар Македонски, во средниот век постоеле над двесте верзии на овој роман на најмалку 35 јазици. „Александрида“ на Балканот се појавува во X или XI век во т.н. „бугарска верзија“, потоа околу XIV или XV век во српската верзија и руски преработки.

Создавањето на Романот за Александар Македонски било поттикнато од александриските Евреи, кои следејќи ги политиките на тоа време, популарноста на Александар ја вплеле во своите религиски и филозовски размисли во помладите делови на Библијата, Талмудот и другите свети книги. Всушност романот за Александар, по Библијата тоа било најчитаното дело во светот.

Романот за Александар Македонски не се држи до историските податоци на Плутарх и Круциј Руф, туку врз Псевдо-Калистеновата историја за Александар, во која покрај вистинските настани се мешаат и фантастичните. Тоа е средновековен витешки роман, херојска епопеја, кој го воспитува високиот сталеж и обичниот народ на моралните норми на однесување.

Ова дело го пратеше судбината како ниту едно друго. Беше преведувано, препишувано, препејувано и прераскажувано во сите делови од тогашниот познат свет, со исклучок на Кина и Индија. Далечните походи на Александар, неговата храброст и бестрашност, кои биле добар пример за витешко однесување, биле привлечни за сите слоеви на народот.

Историјата за Александар, синот на Филип II Македонски, кој со своите генерали ја освојува Атина, Персија, Египет и Истокот се` до Индија, проткаена со фантастични додатоци, особено за митолошкото барање на бесмртноста по која трага Александар, потоа волшебниот прстен кој го прави невидлив, како и каменот пронајден во рибата кој светел како факел пред војската, го прават Романот за Александар Македонски уште попривлечен за читателската публика.

Иако постојат различни верзии, има и такви кои се сметаат дека се „најмакедонски и најхристијански роман на средновековната цивилиација“.

Исполнет со симболите на одамна изминати времиња, античкомакедонски и средновековнохристијански период, романот за Александар само ја надополнува носталгијата кај македонскиот народ за старите времиња и некогашната слава која ја уживал, а која долго останала во македонското паметење.

Анализата на српска верзија на романот за Александар Македонски („Приповетка о Александру Великом у старој српској књижевности“) објавена од Стојан Новаковиќ во 1878 година, според македонските научни кругови укажува дека: „овој ракопис содржи извесен број на јазични особености својствени за македонските црковно славјански ракописи“, што пак укажува не само на тесна врска со македонските средновековни ракописи, туку упатуваат на македонска предлошка. Односно се смета дека овој ракопис е препишан од постар македонски ракопис, чија трага се изгубила во историјата, заедно со многу други македонски ракописи“.

Познатите факти наведуваат дека македонската „Александрида“ била читана и препрочитувана низ охридските и преспанските дворци на Самоил и на неговите следбеници. Во музејот во Вирцбург се чува свилена завеса „орловскиот лет на Александар“, на која е претставен Александар Македонски кому два орли (христијански симбол) на главата му ставаат златна круна со три крста! Постои претпоставка дека Цар Самоил во 973 година му подарил завеса со ликот на Александар Македонски на тогашниот германски цар!? Самоил и брат му Арон, по повод Велигденските празници биле на дворот на гермаскиот владател од кого бараат политичка поддршка и го даруваат со оваа завеса.

Несомнено е дека постои македонска „Александрида“ која е постара од српската и треба да се бара некаде во X или XI век. За жал се` уште не е пронајден зачуван ракопис (целосно или делумно) на македонска Александрида, иако низ светот постојат над двесте верзии „напишани на најмалку 35 јазици во светот… На арапски, ерменски, турски… Бугарски, српски, руски и извесна македонска редакција“. Но, по систематското уништување на старите македоски црковно-славјански ракописи од страна на грчките свештеници, многу тешко може да се верува дека таков примерок некаде е зачуван.

Меѓутоа, во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец во Венеција ја објавил книгата со наслов „Пресказание на Голем Александар“ на македонски народен јазик, користејќи притоа грчко писмо што претставува една позната практика во првата половина на македонскиот книжевен XIX век. Содржината на книгата „Претскажувањата…“, која ја обелоденува Вера Стојчевска–Антиќ во 1996 година, се однесува на последните денови од животот на Александар Македонски и за неговите пророштва за иднината на неговата „патрида“ Македонија. Во неа јеромонахот Атанас Македонец ќе забележи:

„На копанието во Вавилона, натре во една коутиа златена се наиде едно ветво ракописмо от мноугу кимет. Ова ракописмо се напраи терџуме на сите јазици зошчо сет претсказание на голем Александр, што прекажаја бес грешка коуку големи работи се направија од тоа време до денеска и кажваат и шчо ќе се сторит ушче.

И шчом ова ракописмо јет претсказание на Голем Александр и чинит мноугу голем збор за негојата мноугу милослива патрида Македониа, јас слуга на Христа од истата земја, со тој големиот човек, сторив ниет, со помож на сфети Дух, да го правам терџуме и на јазиците што се зборуваат на мојата патрида и коуку можам да го чинам за да се разберува во нашата земја. Се мољам на Госпот, ова книга да донеси благославење на Господин Исуса Христа на тие што го имаат. Амин.

Писфаф во годината 1845“.

„Претскажувањата на Голем Александар“ е една од бројните верзии на средновековниот роман за Александар. Во ова значајно книжевно дело од XIX век на македонската средновековна литература, како што наведува Атанас Македонец во својот предговор, станува збор за текст што бил преведен „на сите јазици“ и како што самиот вели: „сторив ниет, со помож на сфети Дух, да го правам терџуме и на јазиците што се зборуваат на мојата патрида“.

Претскажувањата на Александар, чие име на грчки значи „божји човек“, за тоа што сторивме и што ќе сториме уште, остануваат аманет за Македонците. А за да се исполнат, колку тие и да изгледаат фантастично, потребна е сплотеност на македонскиот народ, чест, витештво и љубов.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top