Коментари

(само) 24 причини за последиците од 24

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Кој како сака нека мисли но тие што ме знаат (или читаат) се сеќаваат дека доолго, упорно и неуморно тврдам, повторувам и опстојувам на ставот: транзиционерот Бранко не може да го победи реформаторот Никола (со сите плусови и минуси на едното или другото конто).

Дека е така сега веќе се разубедија и „шемите“ околу него но за оридинарните смртници, граѓаните кои немаат време за арчење за запишување (а и што ќе им е) или кои по малку забораваат, во оваа постизборна, извесна состојба ќе наброиме само дел од плевата причини кои доведоа до последиците и резултатите од 24 март. Симболично – 24.

1. Во 1993г. Бранко тврдеше референцата ПЈРМ е привремено решение за само два-три месеци. Сведоци сте трае и ден-денес.

2. Го промени знамето со оправдување дека ќе го решел проблемот со Грција. Фала Богу и „го реши“.

3. Без грам срам и чувство за патриотизам во јавноста обелодени документ од преговорите за името кој беше класифициран како државна тајна со што беспоговорно им нанесе штета на нашите преговарачки позиции

4. Го подметна анационалниот Закон за државјанства со кој широкоградо 150 ијади Косовари дарува со македонски пасоши.

5. Го минираше референдумот за територијалната организација (читај ПОДЕЛБА) со „некои прашања кои не заслужуваат одговори“ а чии последици ги гледаме (и чувствуваме) баш на последниве избори во Струга, Кичево…

6. Вети праведна а изврши најкриминална приватизација со од сопствените редови изнедрена и со закон заштитена олигархија, затворање на преку 600 народни фирми и над 200 000 останати без работа јадни души.

7. Како премиер на стечајците им вети решавање на нивниот проблем а како претседател одби да го потпише таквиот закон донесен од Собранието.

8. Во 2002 им вети зголемување пензиите на пензионерите а место тоа им ги намали за 8%.

9. Во истата година вети и вработување од секое семејство барем по еден. Резултат – нова лажичка предизборна лагичка.

10. Го шитна ЕСМ на ЕВН – „бонбона бизнисот“ од кој и ден денес ни е пелин во душата а змија во џебот поради висината на сметките за струјата, укинатата евтина дневна тарифа…

11. Вети автопат преку Бабуна до Прилеп а пруга до Бугарија. Ги започна пред избори, а ги батали набргу после нив.

12. Крена рачна на проектот „Ауди“ на кои според пишувањето на медиумите и покрај договорената провизија претходно, непосредно пред потпишуваето на договорот одново им побарал 12-13 милиони марки со што практично и ги отера.

13. Ако не архитект тогаш фараон во земјата на пирамидите: „ТАТ“ „Лавци“ „Алфа с“ „Џамаданче“… аферите „Фиком“, „Бачило“…

14. Нерасчистен атентат врз Претсадателот Глигоров за кој место да го разреши министерот за внатрешни Фрчкоски, мангупски го промени за надворешни со што практично одговорноста се забошоти и ја симна од неговиот грб.

15. Ги распушти „Лавовите“, единицата за брзи интервенции и, замислете која ароганција, нејзините припадници дрско и сурово ги нарече „животинско царство“.

16. Ги аболира синот на Верушевски (со безбројни инциденти и кривични пријави зад него) како и Заев обвинет за 8 милиони евра.

17. „Немам намера да се кандидирам на претседателските избори“, рече и порече. Бранко работа!

18. Во аферата „Надеж-1“ неговиот Кабинет профурца 340 000 евренца за купување на стратегија која им нуди совет како НВО да ги искористат на тема „неслобода на медиуми и нивна злоупотреба за владини цели“ (ви личи ли и на тазе од вчера-некни?) но и да предизвикуваат протести т.н. „востанија“ и сл. наними деструктивни активности место конкретни понуди на решенија и програми.

19. Во аферата „Надеж-2“ пак неговиот кабинет исплатил повеќе од 530 000 евра на „Пристоп МК“ со цел органиција на Самитот на претседатели во Охрид каде што индикативно е тоа што истата била избрана уште многу пред да е распишан огласот. И (според медиумите) тогаш и тамо биле плаќани услуги од видот: 12 000 (дванаесет илјади) евра за само едно стилизирано лебедче, а за 60 пенкала, папки и тефтери, 1 заднина, 1 банер и 1 билборд искеширани се цели 105 000 (сто и пет илјади евра).

20. Цврсто беше против референдум за прашањето за името за во 2011 година, по навика, го промени мислењето и го прифати референдумското изјаснување како дел од решението.

21. Во истата година блефираше барајќи предвремени избори (кои знаеше дека ќе ги загуби но сметаше дека Никола нема барањето да му го исполни). Но се излажа, ги доби и наними „си го доби“. Еве ве, со истата финта се служи и сега. Знае дека нема никакви шанси на парламентарни избори арно ама… нема што друго па на (леко)верниците тој ист морков им го нуди.

22. Никогаш нема да седнам на иста маса со Љупчо Георгиевски а сите ги знаете коалициските лузер ортаци од најновиве избори.

23. Доколку загубам на изборите во 2011 година ќе си поднесам оставка. Е, и ги загуби и ги призна арно ама и н(а)ивните одново ги „слизна“. Демек имал повеќе гласови од претходните и еве-го-ве ја крка хаваријата од 24 март.

24. Сета своја ароганција ја круниса со исмејувањето на стечаецот кој кутриот си ја кажуваше својата мака а овој таков каков што го дал Господ – циничен колку што е тежок му порача: „Нашле некој грев, вели заради Бранко се разведов. Абе чоек, оди прашај ја жена ти да не е некој друг во прашање, и да сакам не можам да сригнам бе брат“.

П.С. И после само само „тоцку“ лаги и измами на Папата од Бихачка има ли некој сеуште дилема зошто се вакви резултатите од изборите е прашање од оние кои или не заслужуваат или, пак, не бараат одговори.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top