Коментари

Доста е, дајте да дишеме!!!

svekrva3

svekrva3
Свекрва

Миланскиот едикт, извор од кој произлегува верската слобода

Централната манифестација на одбележувањето на 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт (313 – 2013) се одржа во Ниш, во градот во кој е роден римскиот император Константин I Велики, кој го потпишал најзначајниот документ за христијанството. На манифестацијата на која присуствуваа поглавари и највисоки достоинственици и претставници на православните цркви, потоа на Високата делегација на Ватикан и претставници на римокатоличките цркви во регионот, како и претставници на реформаторските цркви и други бројни различни христијански организации од Европа и светот, не присуствуваше ниту еден претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Сигурно и самиот римски император Константин I Велики, човекот кој го потпиша Миланскиот едикт со кој била прогласена верска рамноправност во империјата и ставено крај на верското прогонство, би се срамел од постапката на своите сограѓани и Српската православна црква, кои поради политички причини и интереси на повеќе држави, не ја поканија МПЦ – ОА, најстарата Апостолска – христијанска црква не само на Балканот, туку и во Европа.

Срамот е уште поголем ако се знае дека одлуката на СПЦ да не ја покани МПЦ – ОА нема никаква врска со христијанското учење кое тежнее кон Бога и е извор на единство на луѓето, а не извор на недоразбирања, ниту поделби. Како што порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Миланскиот едикт претставува извор од кој произлегува и начелото на верската слобода во целиот свет“. Меѓутоа, токму истите, вселенскиот патријарх и поглаварот на СПЦ, кои славеа 17 века од Миланскиот едикт, истовремено ја оспорија верската слобода на македонскиот народ  со непризнавањето на МПЦ – ОА.

Во својата беседа после Светата архиерејска литургија, потсетувајќи на прогоните на христијаните, Вартоломеј напоменува дека и денес се случуваат прогони на христијаните во Нигерија, Египет, Сирија, Ирак и на други места. Во тој контекс тој исто така го споменува страдањето на „охридскиот брат Јован“, што е недостојно за еден верски поглавар на православието, да не е запознат со верската слобода во Македонија. Вартоломеј како божји човек не смее да си дозволи, без разлика кој го плаќа, своите информации да ги темели само врз извештаите на СПЦ или ГПЦ. Пред да даде било каква изјава тој може слободно да дојде во Македонија и да се запознае со состојбата на христијанското население во Македонија и МПЦ – ОА, но и да се запознае со „прогонот на Јован“, дали е од верски, политички или криминални причини.

Ваквите изјави во кои се вели дека македонската црква е антихристијанска и псевдо-црковна организација, се резултат на напуштени божји патеки и застарени идеологии. Тие делуваат спротивно на волјата на Бога за единство меѓу луѓето и прогресивно ги раздвојуваат. Тогаш тие стануваат извор на проблеми, брат со брат да си вади очи и оставаат простор да се радуваат следбениците на пророкот.

Така во минатото падна Балканот, така падна Константинопол, така денес паѓаат христијанските бастиони во Азија и Африка. Денес ги прогонуваат христијаните во Сирија, Египет, Нигерија и на други места, а утре прогонот ќе биде и во Европа. Во едно плурално општество и во ерата на глобализацијата, само верската слобода, толеранцијата и единството е гаранција за мир и за достигнување на нови цивилизациски вредности.

„Отсуството на МПЦ – ОА од настаните посветени на 1.700 години од Миланскиот едикт што се одржа на 6 октомври во Србија е на товар на совеста на православието и православните цркви“, но и покрај тоа, како што вели поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан, „фактите говорат дека Македонската Православна Црква постоела и ќе постои“.

Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена. Но без разлика на политчките интереси и интриги, таа опстојувала, зошто таа е апостолска црква. Охридската архиепископија како вековна црква била мајка на повеќе цркви од нашето опкружување, така да сосема е јасно зошто таа денес не е прифатена од нив.

Меѓутоа, загрижува фактот што токму во црквите и денес се негува нацинализмот.

Според македонските црковни великодостојници, помесните цркви треба да бидат загрижени за оваа појава која покажува дека нешто не е во ред со православието. Токму овој тврд црковен нацинализам претставува најголема пречка за обединување на православните народи, но и православието да биде прва христијанска вера во светот.

Отсуство на МПЦ – ОА од прославата по повод 1.700 години од Миланскиот едикт е само одраз на националистичките политики кои одамна се водат и кои не го признаваат македонскиот народ. Познавајќи ги традиционално добрите односи на Грција и Србија кога се во прашање нивната опсесија и интереси во Македонија, сосема е јасна и нивната црковна политика кон Македонија. Оттука архиепископот г.г. Стефан вели дека: „Проблемите во православната црква ќе бидат надминати во тој момент кога ќе се надмине спорот што го има Грција со името на Македонија“.

На прославата по повод 1.700 години од Миланскиот едикт беше присутен и државниот врв на Србија. Претседателот Томислав Николич и премиерот Ивица Дачич во присуство на присутните патријарси и архиепископи се поклонија на реликвиите во црквата Св. Константин и Елена, меѓутоа, тие ништо не направија да овозможат присуство на МПЦ – ОА на овој голем собор на христијаскиот свет.

Времето покажа дека иницијативите на српскиот претседател Николич за враќање на преговарачка маса на СПЦ и МПЦ – ОА биле само обичен политичко-маркетиншки трик, кој му овозможи меѓу другото по повод 100 години од Кумановската битка на собирот во Зебрењак, Кумановско, да донесе за првпат без одобрение на МПЦ-ОА, владика на СПЦ за да изврши панихида. Тогаш Србите ја остварија целта, а сега ниту со прст не мрднаа да овозможат не само средбите на двете цркви, туку и присуство на претставници на МПЦ на прославата во Ниш.

Оттука, некако празно делуваат зборовите на вселенскиот патријарх Вартоломеј дека:

„Невозможно е во пракса да се применат начелата  на Миланскиот едикт ако не се води конструктивен дијалог… Во денешниот меѓусобно поделен свет, кој и покрај својата поделеност се обидува да најде излез по пат на мирен дијалог и помирување… Не е дозволен верски фанатизам кој во минатото нанесе големо зло, но го нанесува и денес… Постојат мирни начини на решавање на меѓучовечките разлики и тие кои тврдат спротивно да ја изразуваат правата Божја воља“.

СПЦ ниту изразува воља за рамноправен дијалог и помирување, што е спротивно на Божјата волја и волјата на српскиот и македонскиот народ, туку континуирано ги попречува активностите кои водат кон тоа. Не само што МПЦ-ОА не беше поканета на прославата на 1.700 години од Миланскиот едикт, туку секоја година на 2 август го попречува и чествувањето на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот „Св. Прохор Пчински“, кој денес се наоѓа на територијата на Србија.

Така не се градат добрососедските односи и не се спроведува божјата волја, туку се врши прогон на македонските православни христијани.

Доста е од „нашите браќа по вера!

  1. Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,
  2. Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена,
  3. Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто….
  4. Ние сме нивни наследници.
  5. Славјаните дошле од зад или пред Карпатите (нека се докаже ако навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци.
  6. Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале.
  7. Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори.
  8. Ние сме Македонци, ако сме поделени, имаме една софра, имаме едно сонце, и едно срце македонско.

ДОСТА Е, ДАЈТЕ ДА ДИШЕМЕ !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top