Коментари

„Македонска нација“- весник на македонската емиграција

svekrva3

svekrva3
Свекрва

Повеќе од четириесет години поранешниот весник на македонската емиграција  а денес веб портал „Македонска нација“, претставува вистинска нацонална трибина,  во која учествуваат сите сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација.

Во сите овие изминати години, на секој чесен Македонец, без разлика на неговите идеолошки убедувања или партиска припадност, „Македонска нација“ им овозможи  да ја застапуваат и да и служат на македонската национална кауза.

makedonska-nacija

Почнувајќи од 1971 година во печатеното издание на весникот, се почитуваат принципите воспоставени на самиот почеток и изнесени во уводникот на редакторот и основач на „Македонска нација“ Драган Богдановски, ќе напише дека весникот не е орган на политичка партија, друштво или организација, туку на сите оние кои ја сакаат Македонија и се борат за македонската национална кауза.

Во 1962 година, македонската емиграција во Шведска го формира Ослободителниот  комитет на Македонија(ОКМ) со цел да се создаде семакедонско национално движење за обединување на Македонија во самостојна македонска држава. Потребата за сопствено гласило кое ќе ги промовира ставовите на организацијата се изнесени на Вонредниот конгрес во Копенхаген  во 1971 година, кога била донесена одлука за издавање официјален орган – весникот „Македонска нација“.

Во 1972 година, на редовниот Конгрес во Бремен, Германија, Организацијата на ОКМ го менува името во Движење за обединување на Македонија (ДОМ). Набрзо движењето се проширило во Европа (Данска, Шведска, Германија, Австрија, Франција, Белгија) и во прекуокеанските земји (Австралија, САД и Канада). Ваквиот забрзан развој на движењето ќе предизвика потреба од преструктуирање на Организацијата. На конгресот одржан во Минхен во 1974 година, на кој учествуваат делегати од Европа и од прекуокеанските земји, името било модифицирано во Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и била усвоена нова Политичка платформа.

Во Платформата, во која биле изразени вековните идеали на македонскиот народ, но сообразени со постачката реалност, се декларирало:  извојување поголема независност на Македонија во одност на федерацијата; признавање на националната посебност на македонскиот народ во Пиринскиот дел на Македонија и создавање Македонска Социјалистичка Република во рамките на НР Бугарија; признавање на националните права на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, враќање на протераните Македонци и создавање Македонска Република, како етапа до создавањето услови за обединување во единствена независна македонска држава. Во 1984 година, ма V конгрес била усвоена одлука за преименување во Народноослободителен фронт на Македонија, а со Спогодбата од 1986 година меѓу ДООМ и  неколку други политички организации се слеале во единствен НОФМ.

Хроничар на овие настани е „Македонска нација“, која се издигнува над дадениот статус официјален орган на Организацијата. Станува весник кој не припаѓа само на Организацијата туку на сите Македонци со чисто срце ширум светот кои интерактивно учествуваат во креирање на уредувачката политика. Тоа беше весник во кој Македонците можеа да прочитаат не само за активностите на Организацијата, туку да прочитаат свои статии, да прочитаат за себе, за своите најблиски, за својата татковина, но и за религијата и забранетата македонска историја.

„Македонска нација“ стана чувар на македонските традиции, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Тој беше извор на вистината за македонската трагедија но и сведок на македонскиот непокор. Затоа „Македонска нација“ со нетрпение беше очекуван и со радост беше читан, препрочитуван и раскажуван меѓу македонската емиграција распослана на сите страни на светот.

Но, ваквата поставеност на „Македонска нација“, стана трн во око не само кај тогашните југословенски власти, туку и кај соседите. Постојат повеќе обиди да се попречи неговара дејност, па дури и обид за издавање на пиратски изданија на „Македонска нација“. Но читателите секогаш знаеа да го препознаат вистинското издание на овој весник, а неговата редакција успешно да се справи со натрапниците.

„Македонска нација“ ќе остави длабоки траги, а дел од нејзините цели ќе се остварат со осамостојувањето на Македонија од југословенската федерација во 1991 година.  Но самиот факт дека скоро две децении по осамостојувањето на земјата, сеуште имаме непризнавање од страна на Бугарија на македонската нација, јазик и култура, потоа непризнавање од страна на Грција исто така на македонското малцинство, барање за промена на името, како и непризнавањето на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, се наметна потребата  од возообновување на „Македонска нација“.

Во период кога македонското прашање повторно стана актуелно на Балканот, а политиката на балканските држави, за жал  и политика на Европа, со што се укажува дека македонското прашање сеуште останува отворено, појавата на електронското издание на „Македонска нација“ како спона на македонскиот народ со нејзината дијаспора е повеќе од неопходна за заедничка одбрана на македонската национална кауза.

На 17 јуни 2009 година беше возобновена „Македонска нација“, едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое не така одамна претставуваше единствен печатен медиум на Македонците надвор од сопствената држава. Како основоположник на македонската национална слободна мисла, новото електронско издание на „Македонска нација“ продолжи со потрагата по вистината толку потребна за одбрана на македонската национална кауза.

Денес, електронското издание на „Македонска нација“ со своите над пет илјади статии, преставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот преставува вистински браник на македонската национална кауза.

Повторно „Македонска нација“ станува  едно од најчитаните овојпат електронско гласило.

Македонскиот народ, како во минатото така и сега, дома и во дијаспората, со нетрпение и радост го чека објавувањето на електронското издание на „Македонска нација“.

Да ни е вечна „Македонска нација“!

Да е вечна библиска Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top