Коментари

Опасна игра на СДСМ

Свекрва

Единствениот кој може да ги спречи опасните игри на раководството на СДСМ, кои според нив се поддржани од надвор, е македонскиот народ.

Официјално на 24 март 2014 година започна кампањата за избор на претседател на Македонија. Четворицата кандидати: Ѓорге Иванов поддржан од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски поддржан од опозициската СДСМ, Илијаз Халими кандидат на ДПА и Зоран Поповски предложен од партијата ГРОМ, во наредните денови ќе излезат со своите понуди врз кои граѓаните треба да одлучат на кого ќе му ја дадат поддршката на 13 април. Иако надлежностите на претседателот се ограничени со Уставот и законите, како шеф на државата и врховен командант на воените сили на Македонија, во негова надлежност се надворешната политика и безбедноста на земјата. Од неговите способности зависи како ќе се води државата.

Досегашниот претседател и кандидат за уште еден мандат Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, во својот прв митинг на првиот ден од кампањата кој го одржа во охридското село Велгошти, укажувајќи на досегашното искуство со владеачката партија, порача дека: „Кога се работи тимски и заедно секогаш резултатите се видливи“! Затоа тој побара доверба за уште еден мандат, за како што вели: „Да работиме заедно како тим за Македонија“. Иванов посочи дека заедно со лидерот на владеачката партија Никола Груевски покажаа дека знаат да ја сакаат Македонија и да им се посветат на граѓаните на Република Македонија. Како што вели сеуште актуелниот претседател: „Таа љубов ни се враќа на сите избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради просперитетот и успехот на Македонија. Од секој наш успешен човек, произлегува успехот на државата“.

Македонија од осамосојувањето до сега имала повеќе или помалку успешни четворица претседатели. Меѓутоа, искуството покажува дека во последните години претседателот Иванов и премиерот Груевски успешно кормилареа со македонскиот брод низ немирните меѓународни и домашни политички води. Во услови кога на македонскиот народ му се оспорува името, идентитетот, јазикот и црквата, во услови кога во светот владеат политички бури и економски кризи, а на земјата и` се попречува влегувањето во пристаништето наречено ЕУ и НАТО, двајцата овозможија не само да ја доведат Македонија во помирни води, со што се спречи поголема хаварија, туку овозможија развој на македонската економија и намалување на невработеноста. Но, сето тоа не ќе можеше да се изведе без голема поддршка на народот.

Сега, кога покрај претседателските следуваат и парламентарните избори, а во меѓународните води повторно беснеат бури, потребата од двајцата искусни кормилари е повеќе од неопходна. Но, за да го добијат кормилото повторно во свои раце  потребна е и доверба на македонските граѓани. Оттука, Иванов во својот говор во охридското село Велгошти ќе нагласи: „Ве очекувам заедно да извојуваме уште една голема, двојна победа за Македонија!

Државата пред се`! Македонија пред се`!“

Иванов и Груевски се искусни кормилари кои лесно не ја виткаат кичмата пред налетот на бурата. Но, како и секаде, така и кај нас има луѓе кои се спремни на се`, само за да го земат кормилото во свои раце, иако не се способни ни партиското бродче да го управуваат. Тоа го покажува и скандалозното однесување на партискиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој преку сервилни пораки сака да воспостави контакти со албанската партија ДПА, само за да оствари некаков партиски бенефит. Тоа говори за менталниот склоп на раководството на СДСМ кои се способни на се`.

Но, ако така се однесуваат со помалите политички партии само за да се доберат до власта, како ли ќе се однесуваат доколку треба да одлучуваат за важни државни прашања, како што е прашањето за името, области каде се задира во националните и државни интереси?

Карактеристичното виткање на кичмата кое се чита во СМС пораките на Заев, а кои ги објавува Мендух Тачи, не само што ќе предизвикаат политичка ерупција во пошироката јавност и земјотрес во самата партија, туку предизвикуваат и загриженост од ваквото неодговорно однесување кое може да се одрази на безбедноста на земјата.

Од СДСМ во ниту еден момент не ги негираа пораките.

Меѓутоа пораката во која се вели дека: „Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има  голема  поддршка  во  иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од  Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев“, го отвара прашањето кој тоа го подготвува од надвор и за какво сценарио.

Дали Заев одработува за некого од надвор или од внатре од редовите на играчите од сенка во СДСМ и дали се подготвува за т.н „Украинизација“ на земјата, односно да го повтори веќе виденото сценарио од 24 декември 2012 г.?

Иако објавувањето на пораките во кои Заев понизно го моли Тачи за соработка претставува сериозен удар за кредибилетот на лидерот на СДСМ, тој најавува дека ќе поднесе оставка само доколку партијата ги загуби изборите. За тоа време шефот на изборниот штаб изјавува дека „СДСМ оди на двојна победа на претстојните избори“, иако според сите рејтинзи народот нема доверба во нив. Интересно е што во нивната понуда за парламентарните избори за 27 април го нема раководството на СДСМ, а се поставени лица кои не се многу познати или веќе имаат претрпено изборни порази.

Оваа одлука на раководството на СДСМ за еден дел од експертите претставува доказ дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се имаат помирено со поразот и дека бегаат од одговорност и соочување со народот, за други дека тие сосема ја изгубиле реалноста, а за трети тоа е знак дека СДСМ се подготвува за бојкот на изборите.

Ако го земеме во предвид фактот дека ДУИ би признал само консензуален претседател и претпоставката дека СДСМ се подготвува за бојкот на изборите, тогаш сама по себе се наметнува загриженоста од постапките на социалдемократите кои раководени од желбата на поединци да дојдат на власт преку „надворешни центри“, сериозно можат да ја доведат земјата во т.н. „Украинизација“, со што потоа би овозможиле распродавање на националните интереси на македонскиот народ (име, идентитет…).

Единствениот кој може да ги спречи опасните игри на раководството на СДСМ, кои според нив се поддржани од надвор, е македонскиот народ. Тој на масовни избори може да каже НЕ за таквата политика и да му го довери својот глас на искусните кормилари Ѓорге Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои докажаа дека знаат да ја водат земјата и при најголемите непогоди.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top