Коментари

Македонците доаѓаат во Руското царство во 18 век (2 дел)


Македонска нација

Со Манифестот од 04.12.1762 година, царицата Екатерина без било какви ограничувања ги повикала сите странци „да дојдат во Русија и да се населат каде сакаат“. Во манифестите за населување на странците во Руското царство, Царицата нагласувала дека има огромни ненаселени и необработени пространства кои треба да ги населат добри земјоделци. Покрај доселениците од Балкан, во 60 – тите и 70 – тите години на XVIII век во Руското царство доаѓале и колонисти од Европа. Од податоците за спомнатото „Нежинско грчко братство“, од 1765 – 1769 година, во списокот се запишани 271 трговци, глави на семејство или неоженети. Од нив, 54 трговци изјавиле дека се „македонски трговци“, односно дека се дојдени од „Македонска провинција“, воглавно од Костур, Солун, Скопје, Воден и Струмица.

По Карпошовото востание (1689) и по поразот на Австрија во Австро-турската војна (1683 – 1699), голем број Македонци се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија. Соочени со опасноста покатоличување и со изгубена надеж дека ќе се вратат во старата татковина, со дозвола на Русија, еден дел од Македонците предводени од австрискиот полковник Јован (Иван) Хорват се населуваат во царска Русија каде го формираат Македонскиот полк.

Од основањето на населбите до 1759 година, бројот на луѓето кои заминале од својата татковина и дошле во Русија постојано се зголемувал. Во воена служба се запишувале луѓе од православна вера од Српска, Бугарска, Македонска, Молдавска и Грузиска нација.

Покрај постоечките хусарски полкови: Српски, Унгарски, Грузиски, Молдавски, на 10 мај 1759 година се одобрило да се формираат Македонскиот и Бугарскиот полк. Двата полка ги формирал мајорот Пишчевич, кој преселбата и животот во новата земја ќе ја опише во своите мемоари.

Во продолжението на својот осврт за „Преселниците од Македонија во Руското царство во средината на XVIII век“ авторот М. Здравева за формирањето на Македонскиот полк пишува: „Во почетокот Хорват го доверил формирањето на полкот на Симеон Пишчевич, меѓутоа бил недоследен и препорачал во Македонскиот полк да се унапреди во потполковник мајорот Алексеј Костјурин. Ако презимето Костјурин може да се поврзе со Костур, тогаш не е исклучено дека Хорват имал повеќе доверба во своите сограѓани од старата татковина“.

Иван Хорват имал големи овластувања и во “Македонскïй гусарскïй полевïй полкъ“ и можел да унапредува војници за време на воените походи. Авторот ќе забелеи дека: „Во фазата на формирање на Македонскиот полк, на 3 март 1759 година, била издадена наредба со која новодојдениот благородник од Унгарија, Македонецот Александар Димитриев, треба да се распореди во Македонскиот полк. На барање на Хорват, на 10 септември 1759 година, била издадена наредба да се унапреди во Македонскиот полк неговиот роднина Ѓорѓи Хорват Дајамбурски во чин капетан, кој претходно бил аѓутант на Петре Панов“. Оваа грижа за своите подоцна ќе биде окарактеризирана како деспотско и апсулотистичко владеење.

Од достапните податоци, како што вели авторот М. Здравева „не може да се зборува подетално за лицата од Македонија кои учествувале во “Македонскïй гусарскïй полевïй полкъ“. Причината таа ја гледа во тоа што полкот бил „полевий“, односно не бил стациониран, туку бил испраќан во воените походи кои Русија ги водела со Полска, Турска и Прусија. „Во војните кои ги водело Руското царство, учествувале и другите полкови. Така на пример во Седумгодишната војна против Прусија (1756 – 1763), во руската војска Хорват го испратил целиот хусарски полк, а хусари исто така испратија Шевич и Прерадович“ – вели Здравева.

Македонскиот полк долго време бил цел на истражување на акедемик Александар Матковски.

Повикувајќи се на овие истражувања, како и на своите согледувања Здравева ќе забележи дека „според податоците на Централниот државен воен архив (Ф. 248, хр. 2886 лист 12 б), на 19 октомври 1759 године, на барање на Хорват била издадена наредба да се изработат печати за Македонскиот и Бугарскиот полк, меѓутоа досега тие не се пронајдени. Според Соловјев, сите полкови имале засебни знамиња во кои влегува и грбот на земјата од каде доаѓаат според Стематографијата на Жефаровиќ. Меѓутоа, тој не неведува од каде ги зел тие податоци, а академикот Александар Матковски во своите истражувања не успеал да го потврди податакот на Соловјев. Тој ја нашол илустрацијата со грбовите на полковите „Гербы Полевых и поселенныхъ Гусарскихъ полковъ с 1776–1783 г.“, но тоа не беа грбовите од Стематографијат на Жефаровиќ. Во тоа време полковите биле веќе реорганизирани, и добиле имиња според градовите, на пример од Српскиот и Бугарскиот полк бил формиран Ољвиопољски, од Македонскиот и Далматинскиот – Александриски полк и т.н. Сепак полковите долго време неофицијално биле именувани како: „Славјанский, Илирский (Иллирический), Сербский, Болгарский, Далматинский, Молдавский, Македонский и Венгерский“.

Авторот  се осврнува и на колонизацијата во Руското царство која продолжила со доаѓањето на престолот на Екатерина II (1762–1796). „Со Указ на Елисавета Петровна од 29.12.1751 година и со манифестите кои ги издава Екатерина од 4. 12. 1762  и 22. 07. 1763 година биле поставени основите за колонизација на странците во Нова Русија. Со Манифестот од 04.12.1762 година, царицата Екатерина без било какви ограничувања ги повикала сите странци „да дојдат во Русија и да се населат каде сакаат“. Во манифестите за населување на странците во Руското царство, Царицата нагласувала дека има огромни ненаселени и необработени пространства кои треба да ги населат добри земјоделци. Покрај доселениците од Балкан, во 60 и 70–тите години во Руското царство доаѓале и други колонисти од Европа“ – пишува Здравева.

Меѓутоа, како што вели авторот  „од податоците со кои располагаме за спомнатото „Нежинско грчко братство“, од 1765 – 1769 година, во списокот се запишани 271 трговци, глави на семејство или неоженети. Од нив, 54 трговци изјавиле дека се „македонски трговци“, односно дека се дојдени од „Македонска провинција“, воглавно од Костур, Солун, Скопје, Воден и Струмица“. Повикувајќи се на Кабузан, Здравева пишува дека: „во 1762 година во Нова Србија и Славјаносрбија имало околу 25.000 балкански доселеници. Во време од 1764 до 1769 година на земјиштето на Киевскиот Братски манастир се населиле група на бугарски доселеници, а некои се приклучиле на српските и грчките колонисти во Черниговската губернија. Голем број на бугарски колонисти се доселиле во Бесарабската губернија, потоа и во Херсонската“. Оттука таа со сигурност заклучува дека „меѓу споменатите бугарски, српски и грчки колонисти имало и доселеници од Македонија“.

Влијанието на Хорват и значењето на Нова Србија како војничка населба, населена воглавно со балканско население, се намалува со зголемувањето на бројот на автохтоното население или пак со други странски доселеници. Тоа се одразува на Ива Хорват, кого се` повеќе го клеветат дека се однесувал деспотски и апсулутистички кон новодојдените. Тоа ќе ги примора властите во Русија да ја проверат состојбата во новата земја.

„По извршената ревизија во 1761 година и негативниот извештај на полковникот Спичински за работата на полковите во Нова Србија, руската влада не била задоволна со работата на Иван Хорват. Со Указ од 11. 07. 1763 година тој бил расчинет. Нему му бил одземен генералскиот чин и бил прогонет на север во Вологда каде умира во 1780 година. Спичински предложил да се укине автономијата на Нова Србија, Славјаносрбија и Земјата на Запорошците. На 22 март 1764 година бил издаден Указ за укинување на Нова Србија како војничка населба. Со Указ  од 09 и 11 јуни 1764 година, Славјаносрбија е преименувана во Екатеринска провинција, а наредниот месец биле укинати војничките и другите привилегии. Нова Србија, Славјаносрбија и Запорожје влегоа во состав на Новоросијска губернија. Меѓутоа, полковите биле реорганизирани подоцна, а Македонскиот полк бил укинат во 1773 година“ – ќе напише на крајот од својот осврт за „Преселниците од Македонија во Руското царство во средината на XVIII век“ авторот М. Здравева.

Како што исчезнал Македонскиот полк, така и преселеното население се вклопило во новата средина и со обзир на истата вера и блискиот јазик со време се претопиле. Некои од нив стекнале високи воени чинови и големи имоти. Меѓу нив се спомнуваат и луѓе со потекло од Македонија, воглавно потомци на веќе споменатите преселници. Со тоа се исполнуваат зборовите на Австриецот Енгелшофен кој се обидува да го одврати Пишчевич да замине во Русија. Во своите мемоари Пишчевич ќе забележи дека пред да замине бил предупреден да не зема пример од постарите кои огорчени од Унгарија заминуваа во Русија. Не оспорувајќи дека Славјаните во Русија ќе бидат убаво примени, Енгелшофен тогаш му нагласил дека сето тоа е „руска политика“, зошто Славјаните таму ќе се изгубат и ќе се претопат, и внуците и правнуците нема да го знаат своето право потекло, што во Австрија не би се случило.

Денес од присуството на Македонците на тие простори останале само топоними како што е меѓу другите и Македоновка на Крим.

Крај

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top