Коментари

Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Балканскиот Полуостров одамна претставува заветно „Елдорадо“ за мнозина сесветски претенденти“. „Местото каде што ќе се одигра финалето на меѓународната трагедија е Балканскиот Полуостров“. „Како храна за раздорот се јавува еден несреќен агол на Балканскиот Полуостров – Македонија“ – се цитати од Д. Благоев кои авторот Ангел Анков ги посочува во својата статија „Димитар Благоев и македонското прашање“.

Сан-стафанскиот мировен договор меѓу Руската и Отоманската империја од 3 март 1878 година, како и Берлинскиот договор од истата година кој го ревидира претходниот, го отвари македонското прашање кое до ден денешен претставува „храна за раздор“ на Балканскиот Полуостров. Во меѓувреме, секогаш кога се разгледувало македонското прашање, голем број интелектуалци го изнесуваат своето мислење.

Интересни се размислувањата на социјалистот Димитар Благоев (1856 – 1924), кој секогаш се искажувал по македонското прашање, кога тоа прашање било поставувано, како во печатот, така и во Народното собрание или на публични собранија. Иако најголемиот дел од животот го поминува во Бугарија, тој се чувствува Македонец. Како што вели: „Јас сум родом од Загоричане (Костурско), меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец! …јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа“.

Благоев најенергично се спротивставува по посегањата по Македонија и ја поддржува тезата „Македонија на Македонците“ во рамките на Балканската федерација. Авторот на статијата „Димитар Благоев и македонското прашање“, објавена во „Работническо  дело“, 17.VI.1949 год., се осврнува на овие негови ставови.

„Во весникот „Македонски глас“ бр.16 од 20 април 1885 г. Благоев објавил статија „Балканската федерација и Македонија“ во која пишува: „Пред народите на Балканскиот Полуостров стои дилемата: или да постигнат највисок материјален и морален развиток преку слободен сојуз, преку свесно движење кон колективизам, или да бидат поробени од сесветскиот капитал, кој не ќе задоцни да се јави дома кај нив со својот сесветско-колективен труд, со своите огромни средства што тој ги собира од целата земјина топка“.

За авторот нема потреба од коментари на тие кристално јасни мисли изречени од Благоев кон крајот на XIX век. Но, како што вели: „Ако тогаш тие не беа сфатливи и разбирливи за мнозина – денеска нема човек на кој да не му се јасни“. Анков кој ја поддржува Балканската федерација го цитира Благоев каде овој истакнат интелектуалец вели:  „За да го избегнеме ропството, неопходна е федерација на народностите. Без неа нема спас, нема прогрес“.

Во тоа време, за Благоев кој го анализира Берлинскиот договор, идејата за Балканска федерација претставува реална неопходност, која произлегува од условите на современата стварност. Како што вели авторот, Благоев уште тогаш говорел дека „само оној што е слеп не може да види дека положбата на младите и слаби балкански националности е сомнителна пред силно организираните соседи. Анков ќе посочи дека Благоев: „Балканскиот Полуостров одамна претставува заветно „Елдорадо“ за мнозина сесветски претенденти“. „Местото каде што ќе се одигра финалето на меѓународната трагедија е Балканскиот Полуостров“. „Како храна за раздорот се јавува еден несреќен агол на Балканскиот Полуостров – Македонија“.

Оттука, единствениот излез од оваа состојба, Благоев го гледа во следното: „За Бугарија разрешувањето на македонското прашање е безусловно неопходно за нејзиниот прогрес“, а „Балканската федерација што треба да го има за цел ослободувањето на Македонија и препуштање на сите народности на Балканскиот Полуостров широка слобода на самоуправување, ете каде е спасот на балканските народи“. Како што ќе наведе авторот Анков, Благоев во однос на Македонија смета дека:  „најдобро е да му се остави на нејзиното население доброволно да си го избере оној јазик, вера и народност што ќе ги посака“.

Анализирајќи го текстот од весникот „Македонски глас“, Анков  завршува   со  повикот на Благоев: „Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна“.

Подоцна, во 1903 год., Благоев пишува две статии во Лениновата „Искра“, едната во бр.45 од 1 август 1903 год. под наслов: „Македонското прашање, Бугарија и руската влада“, а другата, во бр.48 од 15 септември 1903 година, под наслов: „Односот на руската влада кон Бугарија и Македонското прашање“. Осврнувајќи се на статиите на Димитар Благоев, основоположникот на социјализмот во Бугарија, Ангел Анков пишува:

„Благоев констатира дека во Бугарија главното прашање околу кое се вртат и внатрешната и надворешната политика на владата и на кнезот Фердинанд е македонското прашање. За Бугарија ова прашање не е новост. „Македонското движење“, во кое се изразува македонското прашање, започнува од истиот момент кога се потпиша Берлинскиот договор. Ветените од него реформи во Македонија не се воведоа и ниту една влада што го потпишала Берлинскиот договор не нашла корист за себе за да мисли за воведувањето на каква било реформа.

Странската конкуренција, странските капитали ги поткопаа политичките основи на економскиот и социјалниот живот во Македонија. Порасна емиграцијата пред се` во Бугарија. Санстефанска Бугарија стана за бугарските патриоти национален идеал, „голема национална задача на бугарските политичари“, а и руската царска дипломатија не престануваше да ѝ шепоти на уво на бугарската буржоазија: „Ќе има Сан-стефанска Бугарија“.

Првите пет години по ослободувањето на Бугарија тие „национални идеали“ останаа на втор план, поради потребата внатрешно да се уреди новата држава… Кога бугарската буржоазија се збогати, таа се почувствува стеснета во границите на Бугарија, таа почна да се интересира за „националните идеали“, за Санстефанска Бугарија и др. И сега (1886) започна веќе вистинското македонско движење“.

Многу децении изминаа од моментот кога македонскиот народ на светот му стави до знаење дека тој е државотворен народ, кој заслужува да има своја држава. Но, наместо правилно решавање, македонското прашање остана отворено до денес. Заинтересирани за контрола на територијата на Македонија која излегува на Егејско Море, постојано имаше некој кој шепотеше и ги подбуцнуваше балканските народи еден против друг. Тоа беше причина за неколку војни, што доведоа до поделба на Македонија. Создавањето на денешна Македонија не еден дел од нејзината територија, сеуште преставува шок за балканските држави кои ги анектираа деловите од Македонија. За жал тие изгледа ништо не научија од историјата. Како да ги заборавија жртвите кои ги дадоа во меѓусебните војни за туѓи интереси.

Тие денес го негираат името, јазикот и црквата на македонскиот народ.

Грција која со спорот околу името ја попречува Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, го води орото. Како некој се уште да ѝ шепоти дека е можно создавање на Голема Грција. Како некој се уште да шепоти дека не постои македонски народ. Но, за нејзина жал, тој е тука, и како и секогаш подава рака на пријателство, подучува и потсетува дека Македонецот не може да исчезне, зошто тој е запишан во Библијата.

Денес, во процесот на глобализација, кога не се говори за Балканска федерација, туку кога целиот Балкан тежнее да стане дел од ЕУ и НАТО, попречувањето на евроатланските интеграции на Македонија не оди во ничиј прилог, напротив е на штета на сите Балкански народи. Никој не посакува финалето на меѓународната трагедија да биде на Балканот. Оттука, особено значење има мислата на Благоев кога вели:

 „Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top