Коментари

Се чуствувам горд што сум македонец


Македонска нација

Македонскиот народ денес живее под голем притисок од страна на Европската Унија која стана жртва на грчката шовинистичка влада, Македонија да не биде примена како членка во Унијата се додека не го смени уставното име?!

ЕУ покажа дека има двојни стандарди, тие што ја имаат силата ќе прават што сакаат, а пак помалите, послабите, за нив имаат други аршини, тие ќе бидат жртви на посилните, на поголемите и се ќе зависи од пријателските односи што ги имаат членките на ЕУ меѓу себе.

Македонците во Грција сеуште живеат под терор на шовинистичките сили во оваа држава.Грчката влада сеуште ги држи границите затворени за Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, кои беа протерани за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 год. од страна на грчката монархофашистичка влада.На Македонците од Егејот, не им е дозволено да се вратат на своите родни огништа, не им е дозволено ниту да запалат свеќи на гробовите од нивните родители кои беа убивани за време на граѓанската војна од монархофашистите- родителите на денешните грчки политичари.

А нам, во годинава кога славиме јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание ни доаѓаат разни емисари и ни велат дека имаме проблем околу нашето име!

Ние немаме никаков проблем со нашето име, проблем има нивниот партнер-нашиот јужен сосед, ние македонците знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски! Затоа, да веруваме дека емисарите од ЕУ и нашиот јужен сосед, ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека оваа држава се вика Македонија, дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат!

Во некои држави во Европа, животните имаат повеќе права и слобода од Македонците кои живеат во Грција- чланка на НАТО и ЕУ.

А Европа, ги затвора очите и ушите, се прави дека не слуша и не гледа, спие како да е падната во длабока кома, како да е опиена од виното на античките Атињани.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top