Коментари

Помина уште еден Илинден

Mane_6

Mane_6
Мане Јаковлески

Богоугодно е да се сака својот род и таа љубов да се споделува со другите! Оти тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство ни за другиот!

Помина уште еден Илинден, сите ние на некој начин чествувавме, некои  правеа пикник, некои беа во Крушево или Пелинце, некои во Скопје, некои останаа дома со своите најблиски и пријатели, сите на свој начин чествувавме.

Секогаш кога одбележуваме вакви важни настани од нашата историја, едно никогаш не треба да заборавиме  дека Илинденците не се жалеа себéси, не ги жалеа своите животи во борбата да се стигне до целта, а целта беше, Македонија

Илинденците, нé обврзуваат  да стигнеме до целта, да отвориме нова современа Илинденска страница за политичко дејствување. Се бореле, ги дале животите, а Ние им одадовме почит за несебичната борба за самостојна држава.

Деновиве што поминаа  чествувавме три Илиндена.

Првиот Илинден на Гоце, Александров, Даме, Јане, Карев, Питу,…. од 1903, симболот на македонскиот непокор – израз на решеноста за борба до победа.

Вториот  Илинден на Брашнаров,Ченто, Рацин, Кузман,… од 1944 година, ги спои старите и новите Илинденци, ги сплоти генерациите и се избори за победата.

Третиот Илинден на 8 септември, 1991-та година, македонските граѓани, на Референдум се изјаснија за суверена и самостојна Република Македонија, со јасна одлучност, својствена на породот Илинденски, таа да се гради врз европските принципи на слободен пазар и владеење на правото.

Во Македонија и дијаспората, успеавме да се избориме за независна и суверена држава, Република Македонија – држава на слободни и рамноправни граѓани, легитимен субјект на ОН и целосен државен организам што чекори кон општоприфатените евроинтеграции.Политички разлики и тешкотии ќе постојат секогаш, како и во сите други демократски држави низ целиот свет. Но во актуелниве моменти и во функција на остварување на суштинските државни интереси треба да најдеме сили за надминување на политичките разлики.
На Илинден, барем за еден ден, сите бевме обединети, ситé, без разлика на политичка определба, сите ние живите,  одадовме почит кон сите кои се бореле за самостојна држава, од Македон до денес. Мораме да бидеме обединети, зошто тоа е аманетот  од тие што не се повеќе меѓу нас- жртвите за Македонија.

Тоа го бараа и македонските иселеници и нашите браќа и сестри од соседните држави. На втори август покажавме обединетост и заради децата на нашите иселеници, кои за Илинденските празници  престојуваа во нашата и нивна држава,  Македонија.

На втори август покажавме сплотеност и бевме сите горди и единствени, затоа што денес, иако во еден дел од нашата татковина, имаме држава, татковина за сите. На Илинден покажавме сплотеност, и  затоа што тоа го бараат од нас идните македонски поколенија, сеуште неродените.

И по 111 години Илинден и 70 години АСНОМ, камбаните во цела Македонија и во дијаспората повторно бијат за нови „Илинденци“ кои ќе го продолжат аманетот на своите предци, да ја продолжат  завршната битка, битка за економски развој и битка за зачувување на името и идентитетот.Ако во минатото патриотизмот се покажувал со пушка во рака, денес патриотизмот го докажуваме со постигнувања во науката и образованието, во културата и спортот, во економијата и создавањето инфраструктура која значи подобри услови за развој. Да создаваме оти така се остваруваме како луѓе создадени од Бога, со добра мисла и благослов, за доброто на генерацијата денешна но и за генерациите што следат. Богоугодно е да се сака својот род и таа љубов да се споделува со другите! Оти тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство ни за другиот!

Бог да ја благослови библијска Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top