Коментари

Македонија низ мислите на Јане Сандански

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Пиринскиот цар,кралот на планините и еден од најголемите македонски национално ослободителни дејци и револуционери е Јане Сандански кој со својата долгогодишна борба против османлиите,врховистите и против сите оние кои на овој народ му сакале зло чесно ја бранел својата татковина Македонија.

Во текот на неговиот живот,низ деновите на неговата револуционерна дејност тој искажал многу мисли и пораки за карактерот на македонската борба,за организација и општо за човекот,човештвото и македонскиот народ,бидејќи Сандански и покрај тоа што е прекален револуционер тој е и творец на санданизмот еден од првите политички и филозофски правци во Македонија во чија основа на овој правец стои дека секогаш треба да се бориме за подобро и да се стремиме кон совршенство.

Во следниов дел ќе ги проследиме мислите на нашиот великан Јане Сандански.

  •  „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот – за совршенство”
  • „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата.” – Писмо до Грците, жители на Мелник, 1904 година.
  • „Јас не го чекам брзото ослободување на Македонија. Тоа може да не дојде дури и во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам, и ако тоа се случи тој ќе ја добие својата слобода.”
  • “Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат”.
  • ,Вие (врховистите) ја сакате слободата на Македонија и Одринско како етапа на идните Ваши завојувања и анексии, додека кај нас слободата е легната во основата како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас – Внатрешните и Вас – Врховистите”!
  • “Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме”.
  • “Првпат агитирав во смисла да се постави Организацијата самостојно, да се почувствува населението слободно, на тој начин што ќе се отстранува од турските власти и што ќе се концентрира власта во рацете на Организацијата, така што населението на дело да види малку слобода, да ја осети таа слобода и да ја засака”.
  • ,Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!”.
  • Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода”.
  • “Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротиставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси”.
  • “Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи” – на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.
  • “Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте.”
  • “Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население.”

“Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на селаните, а втората, политичката, се содржи во барањео од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство. А најмногу од се друго се плашиме од тоа нашите “мили пријатели” Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да не “ослободуваат”, зошто тие, всушност, ќе дојдат да не поробат.”

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top