Коментари

Пронајдени мистериозни 28 пликови на Македонски Евреи

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска

НЕВЕРОЈАТНО ВРЕДНИ ДОКАЗИ

Низ целиот свет во тек е истражувањето за потомците на македонските Евреи. Како единствен сведок за депортирањето, нивните маки, страдања и погубување во гасните комори се истражувањата  и документите. Со нив се докажува трагичната судбина на Евреите не само во Македонија туку и во другите земји од светот.

Пронајдени  артефакти и документи осветлуваат една малку позната епизода од холокаустот.

dokumenti-za-evreite

Скоро во секој дел од Европа продолжуваат да излегуваат нови откритија за холокаустот.

Пред неколку години, еден македонски историчар дојде до голем број на мистериозни пликови со еврејски имиња, пронајдени во владините архиви во Скопје.  Внатре во пликовите, 28 вкупно, имаше документи,златници и други скапоцености. Откритијата на  Јасминка Намичева фрлија нова светлина на настаните од Втората светска војна и кои можат да помогнат во враќање на одземените имоти на сопствениците.  Во овој напис, заклучоците од истражувањето како и имињата на сопствениците на пликовите, за првпат се претставени пред јавноста.

Истражувањето на Намичева е важно, бидејќи тоа открива многу за малку позната историја на еврејската заедница во Македонија. Нејзините напори, исто така помагаат да се демантираат често познатите изјави за улогата на бугарската Влада во холокаустот.

Бугарија секогаш се претставувала како земја која ги спасувала животите на бугарските Евреи. Меѓутоа, како што Намичева и други историчари имаат забележано, бугарските Евреи, исто така, беа принудени да носат жолти значки и нив им било одземено правото на сопственост над имотот.

 Бугарската влада всушност планирала да ги депортира своите Евреи во логорот Треблинка во Полска, но тие планови биле попречени во последен момент поради противењето од страна на лидерите на Бугарската православна црква.

 За жал, Бугарската Црква не беше во можност да се влијае на бугарската политика ниту во Македонија, ниту  во соседна Тракија (предвоена северна Грција), и двете окупирани од Бугарија и каде што повеќе од 12.000 Евреи беа уапсени од страна на бугарските војници и депортирани во Треблинка.  Како резултат на тоа, со повеќе од 99 проценти од убиено еврејско население во Македонија и Тракија, Бугарија, со што всушност Бугарија ја надмина нацистичка Германија во масовниот геноцид.

Намичева, експерт по архитектура, од ерменско потекло, наиде на 28 пликови  додека ја истражуваше историјата на  еврејската населба во Скопје. Во делот на архивата  во врска со Еврејската заедница, таа забележува дека пликовите со еврејски имиња на нив биле издадени од страна на Бугарската национална банка. “Знаејќи што се случи со македонските Евреи за време на војната, не бев изненадена кога видов дека бугарската национална банка била вклучена “, стои во нејзината изјава за Репорт Ерусалим. “Она што збунува е зошто овие 28 пликови не се проследени до главната банка во Софија, заедно со имотот на останатите Евреи”. Вклучување на бугарската Народна банка,  според Намичева, произлегува од окупацијата на Бугарија на Македонија за време на војната. Бугарската влада, беше во сојуз со нацистичка Германија, прогонуваше македонски  Евреи по истата линија како и нацистите во земјите под германска окупација. Бугарија, преку серија на декрети, систематски  тиранизираше македонски Евреи. Почнувајќи со донесувањето на Законот за заштита на нацијата во јануари 1941 година, бугарската влада бараше Евреите да плаќаат посебен данок во износ од 25 отсто од вредноста на своите домови и финансиски средства. Средствата биле веднаш префрлени во филијалата на Бугарската национална банка Скопје. Потоа, во март 1942 година, бугарската влада донесе закон за задолжителон носење на  жолти значки кои морале сами да ги купуваат. Уште еднаш, средствата биле префрлени на Бугарската национална банка. Конечно, во март 1943 година, целата еврејска популација од 7200 беше донесена во привремениот концентрационен логор кај Монопол железничка станица во Скопје. На влезот во кампот, нивните пари и скапоцености беа конфискувани и  ставени во бугарскиот пликови на Народната банка.

Во текот на две недели, Евреите беа ставени на возови и одведени во логорот  Треблинка . Со уништувањето на македонските Евреи во Треблинка се сметаше дека ќе дојде до целосна елиминација на една од најстарите еврејски заедници во Европа стара 2000 години од времето на Римската империја.

Но, не целосно. Според наодите на Намичева, еден мал број Евреи биле поштедени од депортација. “Владата одлучи да ги спаси оние Евреи кои имале странски пасоши“, вели Намичева, укажувајќи на документите што ги пронајде при нејзината истрага.. “Вкупно 33 еврејски семејства со шпански, италијански или албански пасоши, заедно со неколку семејства предводени од лекари и фармацевти, биле поштедени.“

Неподигнатите пликови, Намичева смета дека им припаѓале на Евреите, кои биле интернирани во логорот Монопол , но од непознати причини не им биле вратени по нивното ослободување. Таа укажува дека имињата на Евреите на пликовите не се појавуваат во листите на депортирани Евреи од концентрациониот логор Монопол.

 28-те пликови, откако се испитани од страна на официјални лица во Секторот за полиција Скопје, биле заштитени и обележани со канап и печат. По повеќе од 70 години, Намичева е првиот човек кој  ја испита нивната содржина.

Меѓу нив е пронајден плик кој му припаѓал на Дејвид Мушон Кастро, а во кој имало златна детска белегзија.  Друг плик му припаѓал на  Јосиф Арон Берахa, во кој имало  злато, турска монета. Третиот плик, му  припаѓал на Хананија Арон Бити,  а содржел детска обетка и шест златни забни круни.

 Од ослободените Евреи, околу 20 семејства останале во Скопје, а останатите ја  напуштиле земјата. За оние кои останале во Македонија, условите биле тешки, особено за оние кои се обидувале да се вратат во своите домови.

 “Во некои случаи нивните соседи веќе се преселиле, ги завзеле  нивните домови”, забележува Намичева. По војната, повеќето од преживеаните Евреи емигрирале во Израел, а Намичева дознава дека голем број заминале за  на Чиле и други земји. Намичева ја објави својата студија“Human Fate Clenched Between a Yellow Badge and a Paper Envelope – A Kaleidoscope of the Jewish Holocaust in Macedonia”  “Човековата судбина вклештена измеѓу жолтата значка и пликот – Калеидоскоп на еврејскиот Холокауст во Македонија” во мал школски журнал (Евреите од Македонија и Холокаустот: историја, теорија, култура, Евро Балкан печат, Скопје, 2011) а содржината на пликовите беше предадена на Музејот на Холокаустот во Скопје, која допрва треба  да биде изложен заедно со нејзината студија. Изненадувачки е тоа што истражувањата на Намичева не наидоја на очекуваното внимание кое го заслужува. Иако е малку веројатно дека вистинските сопственици на пликовите (наведени подолу) се уште живи, нивните потомци, ако можат да се лоцираат. би биле желни да знаат повеќе за имотот на нивните претци.

Автор: Бернард Дичек, Скопје, Република Македонија Септември 22- 32-35 (1)

Потомци на фамилиите наведени на пликовите можат да ја контактираат Јасминка Намичева во Музејот на Холокаустот во Скопје, Македонија или авторот на текстот: Бернард  Дичек на:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Имиња на пликовите:

Leon Isak Adiges, Elija Bohor Aladjem, Isak Chelebon Aladjem, Leon Bohor Aladjem, Salvator Haim Aladjem, Mois Jako Benadon, Josif Aron Beraha, Asher David Biti, David Asher Biti, Hanania Asher Biti, Klara Rachamin Bohor, Mentesh Harom Haim, Egon Karlo Hubert, Albert Ishaj Kastro, David Mushon Kastro, Ishaj Mushon Kastro, Josif Solomon Konforti, Benvenista Mordohai Melanem, Michel Solomon Menachem, Josif Elieser Navaro, Niko Solomon Nehama, Haim Mois Noach, Harom Chaim Nova, Avram Beraha Rahamin,  Isak Saporta, Jakov Avram Saporta and Moritz Isak Saltiel.

http://www.bdichek.com/the-28-envelopes/

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top