Коментари

Македонците биле само едно: Балкански домородци

risto-ivanovski

risto-ivanovski
Ристо Ивановски

БИДЕЈЌИ НИКОГАШ НЕМАЛО ПОСЕБНИ СЛОВЕНСКИ НАРОДИ, РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО СО ЕЛАДА (Т.Н. ГРЦИЈА) СЕ ИЗЛИШНИ. ПА И ЗАТОА ТИЕ ИТНО ТРЕБА ДА ПРЕКИНАТ. ПАК, КОГА МАКЕДОНЦИТЕ ОСТАНАЛЕ ДОМОРОДЦИ, СО НИКОЈ НЕ СМЕЕ И Е ДРСКО ДА СЕ РАЗГОВАРА ЗА БИЛО ШТО МАКЕДОНСКО. СЛЕДИ САМО ЕДНО И ЕДИНСТВЕНО: МАКЕДОНЦИ=МАКЕДОНЦИ- НИКАКО ИНАКУ.

По историја со векови не учеа дека сме Словени и тоа дека Словените преку Дунав на Балканот дошле во 6 век. Ако тоа би било вистина, не е никаков грев да се биде Словен, секој Македонец би требало да се гордее дека тој би бил Словен. Секако, ако такви преселби би имало, грев не би имало. Меѓутоа, преселби на посебни словенски народи никогаш немало. Ова се потврдува со наводот што со преселбите дојдениот народ на Балканот со себе морал да донесе и нешто со кое ќе се потврди неговото преселување. Бидејќи преселувањето било со растенија, животни, кола, садови, пари…, од сите доселеници (Хуни, Готи, Авари, Бугари…) имало докази/наоди, а немало само од Словените- тие како посебни народи се најголема лага. Токму и затоа секој оној кој пронајде било што за преселби на Словени донесено северно од реката Дунав, а тоа се растение, животно, кола, дел од кола, колце, дел од колце, пара, сад и било што друго, итно нека ја добие Нобеловата награда или било која друга награда. Со тоа што досега ниеден автор во светот не навел било што донесено од посебните словенски народи, Словените се најголема лага- такви посебни словенски народи во историјата никогаш и не постоеле.

Единствен наод/доказ бил словенскиот јазик. Само тој бил варврски- пелазгиски- т.н. Платонов (Херодот, Тукидикт, Платон). Токму на него говореле и Македонците (Јустин). Збрките настанале само со т.н. старогрчки (коине), кој бил само Александриски јазик. Според Х.Џ.Велс, неговата прва граматика и прв речник биле составени во Александрија 300 г.п.н.е., кој го познавал Апостол Павле, а не службениот во Атина. Пак, службен во Атина бил јонскиот со јонските слова од Милет (Лукиан, Аријан). Овој јазик и писмо го прифатил и Филип Македонски.

Бидејќи коине со Апостол Павле постанал христијански јазик, треба да се види дали жителите во Македонија го разбирале христијанскиот јазик – коине.

Хрватот Стјепан Антолјак, „Средоновековна Македонија“, Мисла – Скопје, 1985, на стр. 12, пиши: „Miracula II е збирка од ‘6 чуда’ и таа е продолжение на Miracula I, со таа разлика што овде секое опишано чудо претставува повеќе или помалку значаен настан. Се претпоставува дека авторот на Miracula II е припадник на нижиот црковен клер на Солун, зашто тој а н о н и м у с, не знаел да се изразува, не пишува со изграден стил како архиепископот Јован…“.
Бидејќи свештениците добро не го познавале т.н. старогрчки (Александриски коине) јазик, тој не бил народен, не само во Македонија, туку и на Елада каде се говорел само варварски= пелазгиски=т.н. словенски јазик кој бил и т.н. Платонов.

Еве и втор доказ: историчарот Приск (5 век), кој го опишувал пратеништвото од Константинопол кај Атила 448 година, напишал: (Жителите во Панонска низина, Р.И.) „мешајќи се со разни народи го научиле готскиот, хунскиот и латинскиот, а меѓу себе го говореле својот варварски јазик“. Демостен Филип Македонски го нарекол Варвар. За Јустин „Македонците биле со потекло на еден пелазгиски народ“. За Херодот „Елада порано се нарекувала Пелазгија“… „народот во Атина и Атика бил пелазгиски“. Според Тукидид, „се нарекувала сега Елада“.

Од овде произлегува третиот доказ: коине во Римската Империја не бил службен, кој бил само христијански јазик. Бидејќи се говори за Римјани и латински јазик, се добива впечаток дека Римјаните говорел латински. И ова е лага, потврдена со Дионис Халикарнишки, кој во Рим живееле во 1 век од новата ера. Тој запишал, Римјаните говореле варварски и пелазгиски. Значи, само т.н. словенски јазик. Бидејќи ваква била состојбата, Европјаните никаде ги нема- тие него само го кријат, затоа што латински бил „копија“ на коине не од Латин, ниту Римјан, туку само Греик Лив Андроник од 240 г.п.н.е., никако порано. Со наводот се потврдува: Европјаните се најголеми лажговци. 
Следи заклучокот: Словените како посебен народ се најголема лага. Само до кога ќе продолжиме и сами да се лажеме. Па ова е срамота, која е неиздржлива.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top