Коментари

МАКЕДОНИЈА – земја библиска, една и единствена, од секогаш и за секогаш!

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Каде грешиме, толку ли имаме згрешено пред Бога, па сега не` казнува толку лошо па не можеме да се се исправиме? Од славно Царство кое прерасна во Империја, после повеќе од 2000 години, дали се уморивме од самите себе и си велиме нека оди се` по ѓаволите… 

Имаме големи недоразбирања самите со себе. Кога е најпотребно, не сме заедно и секој бара шанса да дојде до најдобра позиција за век и векови, од каде ќе се молзе вечно и неограничено. Дотогаш анонимец или анонимци, бараат нивното свето и најмилосрдно мислење да стане дел од сите нас, Македонија да плаче и да се крсти во него или нив и секој што ќе се осмели да им застане една секунда… е тогаш тоа се душманите, изродите и расколниците на народецот наш. 

Како во дијаспората, така и во Македонија, имаме толку контрадикции, омрази и проклето одмазнички идеи, што се наметнува прашање дали има понесреќен народ на целата планета? Со најголемо право си земам за слобода да го речам ова, затоа што не знаеме кога да запреме и да ги оставиме работите таму за сосема друго време, а комшиите не спијат и си ја спроведуваат долгорочната политика и Дракулската с`рж да ни ја испијат крвта. 

Единствена причина за овој феномен треба да го бараме во тоа што имаме Кралски Династии по Европа, гледај иронија, создадени преку Македонските Кралски лози… кои работат против Македонија и на нејзиното уништување. Но едно нешто дознавме овие денови. Таа толку фалена Америка си ги покажа роговите, со воведување на Сатанизмот како религија, еднаква и рамноправна со Христијанството и сите други религии. Значи, ние како Православни треба тотално да пропаднеме или да станеме слуги на Ѓаволот, па се наметнува прашање ако се дефинираме како Сатанска Македонија или Ѓаволски Македонци, дали Америка ќе не остави на мир? 

Значи, полека можеме да видиме каде сме грешеле. Спиеме, не планираме, ниту анализираме или да поставиме план или некоја задача за иднина. Како да се бориме, како економски да зајакнеме и да не дозволиме да се игра некој со нас… звучи неверојатно, но како другите успеале и како нашите пра пра пра дедовци до пред 2000 и кусур години го правеа тоа, да пробаме и ние барем 30 % како нив. 

Но ние не би биле Македонци и после толку време, ако не веруваме во подобро утре и да ја видиме Македонија како што беше порано – една, цела и обединета. Имаме право на тоа и некакво чудо мора да се случи, зошто Господ ги решава сите работи во најпогоден момент. Само што мене и на многумина не ни се чека и сакаме додека сме на овој свет, тоа чудо да го видиме со свои очи. Изгледа тука грешиме, немаме трпение.

Каква Македонија сакаме да оставиме на нашите идни поколенија, ќе биде референдум за честа, достоинството и напредокот, а против нечесните, мрачните и подземни игри, сплетки и удари врз Македонија!

Македонија е света земја, затоа традиционално е кај нас да се негуваат љубовта и почитта кон Господ!

Да ја негуваме сплотеноста на сите на кои Македонија ни е во срцето и гласно да кажеме: НЕ САКАМЕ ЛУЃЕ КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

За наша среќа денес Македонија го има двоецот Иванов-Груевски, кои искрено и вистински се борат за доброто на Македонија.

Тие се на добар пат, да ја направат Македонија таква каква што ние, со генерации наназад ја замислувавме.

Ние сите треба да работиме заедно со нив, за доброто на МАКЕДОНИЈА – земја библиска, една и единствена, од секогаш и за секогаш!

Амин!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top