Коментари

Првата црковна служба на црковнославјански јазик во Солун

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Во 1870 година, неколку месеци по создавањето на Бугарската егзархија, македонското население во Солун, донесе одлука да се чествува денот на светите браќа Кирил и Методиј. Меѓутоа, постоеше меѓу нив стравување како ќе реагираат грчките свештеници. Во своите спомени за заедничката црковно училишна борба на македонскиот и бугарскиот народ против грчките свештеници и Цариградската патријаршија, како и за „Жестоката борба со грчката пропаганда кон крајот на XIX век, бугаринот Стефан Колчев Салганџиев за овој настан ќе напише:

„Тогаш се велеше дека ако се сретнеме со повторно одбивање од Грците, тогаш полошо за нив, зошто со спротивставувањето само ќе го забрзаат постигнувањето на нашето ослободување од духовниот јарем… Решивме оваа година за првпат да го празнуваме споменот на спомнатите Рамноапостоли, Славјанските просветители и Солунски граѓани Кирил и Методиј. Притоа беше нагласено пред почетокот на празнувањето да претходи една црковна служба на црковнославјански јазик, која ќе се изврши во една од грчките цркви, се разбира со дозвола на месниот митрополит.

На 2 мај една делегација од 4 лица, во која бев и јас, се претстави пред Неговото Правосвештенство  Неофит, кој не` пречека љубезно, не` ислуша со внимание за молбата на Солунската славјанска општина. Молбата на делегацијата беше ласкаво прифатена од владиката. Тој изрази задоволство и вети дека целосно ќе го поддржи барањето, а притоа додаде: „Пренесете му го мојот благослов на православното славјанското патство во градот, мојата решеност и готовност да го исполниме неговото барање и сите други во иднина, ако не се спротивни на црковните канони и прописи. Бидејќи редот бара, во слични случаеви, да се земе согласност на димогеронтијата и тоа само за црквата во која ќе треба да се изврши богослужението, тогаш конечниот мој одговор ќе ви биде соопштен подоцна најмногу за три дена“.   

Според Салганџиев „овие зборови на митрополитот Неофит, беа изнесени со таква умилност, што едвај можеа да предизвикаат сомнеж во неискреност или прикриено лукавство, со кое воопшто се служат грчките караказански приправници.

Навистина, по три дена, преку Д. Паунчев бил добиен позитививен одговор, во кој Грците за празникот ја отстапиле црквата Панагија Декса, во непосредна близина на Каламариската населба. Меѓутоа, поради здраствени причини митрополитот Неофит одбил лично да ја отслужи Светата литургија. Сепак, за овој чин, тој го назначил поп Иван да отслужи литургија на славјански, а на  Касандрискиот епископ, кој во тоа време бил во Солун и кој не го познавал јазикот, му наложил  да присуствува на службата, заземајќи го митрополискиот  стол.

Веста била бргу проширена меѓу македонското население во градот, кое во најголем дел верувало во искреноста на зборовите на фанариотот. Веднаш потоа Солуњаните радосно започнале трескавични подготовки за празникот. Како што пишува Салганџиев на сите возбудено им чукало срцето и кај никој не можело да се почувствува накаков немир или сомнеж. Меѓутоа, бидејќи Салганџиев веќе бил изигран од фанариотите, тој гледал со недоверба во ветувањата. 

Говорејќи за својата недоверба Салганџиев вели: „Се сомневав, бидејќи знаев дека пред нас стоеше едно население опиено од фанатизам и омраза кон се` што е славјанско, население кое со огромен гнев го прогонуваше секој потфат на Славјаните кое имаше национален карактер и кое немаше да дозволи владиката да го исполни ветувањето. Бев повеќе од уверен дека тоа ќе ги употреби сите средства кои му се на располагање за да ги спречи намерите на владиката“…

Имајќи го предвид сето ова, како и тоа дека мало и големо се подготвувало за денот во кој треба да се оствари очекуваната прослава во Солун, потоа дека ако се спречи прославата, Славјаните ќе бидат цел на потсмев како пред Грците така и пред други нации, Салганџиев како зачетник на идејата, како што пишува, се осеќал должен да преземе мерки за да не пропадне овој чин. Оттука, тој решава да подготви  друго свештено лице кое по потреба би го заменил поп Иван.

За таа цел прво бил кај архимандритот отец Павел Божигробски, кој како прогонет во тој моментот живеел во Солун. Инаку, Божигропски бил прогонет од своето родно место поради изразените прославјански чувства и манифестации во кои се изразува противгрчката агитација меѓу населението во Воденската епархија. Меѓутоа, отецот Павел од оправдани причини одбил да служи, но доброволно прифатил да заземе место на четец и певец од десно во црквата.

Она од што стравува Салганџиев се случува токму два дена пред празникот. Тогаш се пренела веста дека поп Иван поради “тешка болест“ нема да може да служи на 11 мај! За да не пропадне прославата, тој како што вели авторот, тој веднаш преминал на резервниот план, кој делумно му го кажал планот на Јосиф Јаковов кој се плашел како ќе излезе пред народот ако не успее прославата, и притоа му рекол да не зборува за него, за да не дознаат Грците и него да не го осуетат. 

Јаковов притоа имал за задача изутрината на 11 мај да обезбеди црквата да биде завземена од народот, како и тоа да го увери владиката дека ако поп Иван не оздрави и не биде во состојба да ја води богослужбата или пак ако владиката не биде во состојба да даде друг кој ќе служи на старославјански или славјаните сами не најдат таков, тогаш тие ќе се задоволат Светата литургија да биде изведена од епископите на грчки јазик или пак во краен случај од парохискиот свештеник. За тоа време Салганџиев заминал од Солун без да знае никој.

Со Никола, синот на Ѓорѓи Караџадалијата (Кадијата) и со неговите коњи, вечерта на 9-ти спроти 10-ти мај, Салганџиев заминал за метохот на рускиот манастир во Ормиља, каде пристигнал на 10-ти пред изгрејсонце. Во него живеел јеромонахот отец Варлаам, негов близок пријател, родум од Бесарабија, кој бил потстрижан во рускиот манастир Св. Пантелејмон на Света Гора. Откако во метохот се одмориле 3-4 часа, заедно со отецот Варлаам, се вратиле назад за Солун.

Утредента, на 11 мај, Салганџиев и отец Варлаам се појавиле во црквата која беше преполна од народ, кој нестрпливо го очекувал свештеникот. „Во дворот биле пречекани од Јаковов, кој радосен од благословот, ликуваше уште повеќе. Звукот на камбаната го најави почетокот на утринската молитва од отец Варлаам, од чија што десна страна на црквата се огласуваше отец Павел, а од лево певците Вељо Дебренец, Насте Стојанов и уште неколку други на кои имињата не им ги паметам“ – пишува  Салганџиев.
       
Меѓутоа, повторно се слушна ѕвекот на камбаната, која овој пат го најави пристигнувањето на епископот. Тој бил пречекан на влезот од црквата од отецот Варлаам и Солунските првенци, како и од парохискиот свештеник кој во меѓувреме пристигнал. Додека епископот го спроведувале до митрополискиот стол, тој не ја криел нелагодноста и јадот од тоа што церемонијалот не го водел енорискиот  свештеник, туку друг нему туѓ свештеник и тоа на црковнославјански јазик.

Кога веќе се наближувало времето да започне Светата литургија, грчкиот свештеник се обидел да го спречи чинот. Салганџиев за ова пишува. „На големо чудење на присутните, епископот слезе од столот за да служи. Но, токму кога сакаше да влезе во светиот олтар, го запреа неколку гласа кои повикаа: „На владичкиот стол, на владичкиот стол, агиа Геронда! Ние си имаме свештеник кој ќе ја отслужи светата литургија на славјански јазик согласно дозволата на Неговата светост „нашиот“ духовен пастир и ваш началник. Вашето богољубие не знае црковнославјанско четание, ве молиме на седнете на столот и не ја прекршувајте заповедта на Вашиот началник“!

Меѓутоа, епископот останал глув на молбите на верниците и продолжил да се движи кон олтарот без оглед на редот и церемонијалот, вообичаен за случајот. Тој бил пресретнат од браќата Јосиф и Наум Јаковови кои уште еднаш, малку заканувачки, го поканиле да се повлече на владичкиот престол. Како што вели Салганџиев, епископот поставен во тесно, се вратил одново на столот на кој останал до крајот на службата. 

По светата служба, сите славјански семејства, однапред договорени, се собрале повторно на местото наречено Черевари, надвор од градот на североисток, каде по извесно време пристигнала и делегацијата која била да го поздрави владиката и да му заблагодари од страна на Солуњани за дадениот благослов и за исполнување на ветеното.
Потоа, расположениот народ прославувал до зајдисонце. Тоа бил вистински народен празник на Македонците во Солун на кој се славеа сонародниците светите браќа Кирил и Методиј. Целиот тој ден поминал во песни и игри. Се играле неколку долготрајни ора, а играчите биле облечени во празнични народни носии (Дебарско) кои уште повеќе го оживувале и возвишувале празникот. 

Со едно весело оро одиграно пред заоѓање на сонцето, се ставило крај на таа прва прослава во Солун. Потоа, на чело со музиката, народот се упатил кон домовите со желби да бидат здрави и живи и догодина уште повесело во сопствена црква и во народно духовништво да го празнуват споменот на светите браќа. „Така завршило првото празнување на овој сенароден празник на Солуњани, празник кој ги зближува, поврзува и насочува македонскиот народ во борбата против Грците угнетувачи на народноста и јазикот“ – пишува Салганџиев.

 

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top