Коментари

„Македонија од Солун до Шабац!“

salonika

salonika
Салоника

Многубројни се документите кои јасно говорат за континуирано егзистирање на името Македонија и македонскиот народ повеќе од 25 века. Во овие документи Македонија децидно се разликува од Грција, Србија, Бугарија, Албанија, а исто така и македонскиот народ од Грците, Србите, Бугарите и Албанците.

Така Михаил Зарнович од Македонија му пишува на кралот Фердинанд од Смирна на 7 април 1556 година (држ. арх. Виена, Turcica Nachtrag). Тој јасно се декларира дека е од Македонија.

Потоа, друг еден Петар Црновиќ, син на Илија, кој во 1579 година оди кај папата во Рим да бара помош за кревање на востание и при поминувањето побарал поддршка од надвојводата Фердинад во Инсбрук (12 мај 1579), потоа од царот Рудолф II во Прага (16 јуни 1579) и од надвојводата Карло во Грац (26 јули 1579), каде изјавува дека е родум од Македонија.

Германскиот владател Рудолф II (18. VII 1552 – 20. I 1612), кој е император на Светото римско царство од 1575 и член на Хабсбуршката фамилија, се застапува кај римскиот папа Грегориј XIII (1572-1585) за протераниот од Македонија Петар Црновиќ Ангел. Во писмото кое е издадено во Прага и датирано на 16 јуни 1579 година, германскиот владател ќе напише:   

„На најблажениот во Христа отец, господарот Грегориј XIII, со божјето провидение врховен свештеник на Светата римска црква. На многупочитуваниот господин. Преблажен во Христа Отче, многупочитуван господаре! 

По најуслужливата препорака на синовска почит – непрестаен пораст. Кога предавателот на ова, дон Петар Црновиќ, инаку Ангел, дојде овде и покорно ми изложи дека тој води потекло од престариот род на царот Константин, од татко Илија – војвода од Sciabiach (Шабац), роден во Солуни другите делови на Македонија (?) и дека Турчинот, вечниот непријател на христијанската вера и име, го протерал од татковината, па не му останало ништо освен несреќата на неговите (?), споменот на несреќната судбина и онаа стара слава на неговиот род. Затоа усрдно и со синовска љубов ја молиме Вашата Светост да го прифати спомнатиот дон Петар. 

(Don Petrus Cernovicchius alias Angelus, patre Helia, duce de Sciabiach, Salone et aliarum Macedoniae partium natus, superioribus annis a perpetuo christiani nominis ac fidei hoste Turcha patriis sedibus pulsus…“)

Издадено во нашата кралска тврдина во Прага, месец јуни во лето господне 1579. Рудолф, покорен син на истата Светост.“ (А. Theiner,  Vetera monumenta Slavorum meridionalium illustrantia. II. Zagrabiae  1875, ѕ1г. 70).

Како што се гледа од самото писмо, Петар Церновиќ Ангел, бил роден во Солун и му припаѓал на „престариот род на царот Константин”. Поради тоа германскиот владетел Рудолф II се ангажирал кај папата Григориј XIII да го прифати по неговото прогонство од Македонија од страна на Турците-Османлии. Тој, инаку, се претставувал себеси како еден од борците за ослободување на балканските земји од турското господство.

Интересно е дека покрај Солун тука и Шабац се вбројувал во градовите на Македонија. Инаку постојат повеќе примери во историските пишани споменици од средниот век каде српски, црногорски, босански и бугарски територии се именуваат како македонска земја, што се најчесто се поврзува со територијата која била под јуридисдикција на Охридската архиепископија.

(извор: Документи за борбата,на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 141 )

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top