Коментари

До кога ќе се расправаме дали имало Словени?!


Ристо Ивановски

За потеклото на Македонците во Македонија имало три групи автори:

1) Македонците биле Словени-дојденци;

2) Македонците биле домородци и

3) најмудрите тврдат дека, Македонците биле „мешанци“ без ниту еден да каже што словенско донеле словените од Скитија! И затоа следи прашањето:

Дали имало Словени ?!

Приск (5 век н.е.) запишал дека, во Панонија се говорело хунски, готски и латински, а народот говорел само варварски. Следи хунски= хунски, готски= готски, латински= латински, а народот говорел само варварски. Пак, овој бил само пелазгиски= т.н. словенски на кој говорел и Платон. Овде никаде го нема христијанскиот јазик коине кој бил само Александриски јазик од 300 г.п.н.е. Овој јазик не се говорел во Елада (т.н. стара Грција) со Атина, туку јонскиот јазик со јонско писмо од Милет, што го прифатил и Филип Македонски. 

Според Јустин, Македонците биле Пелазги, а Елада била Пелазгија. Следи, Атина била пелазгиска. За Елада од коине бил создаден еладски јазик и тој бил прифатен од Цариградската патријаршија дури во 1868 година. 

Пак, што се однесува за преселби на посебни словенски народи нема никаков материјален доказ/наод, и секој оној кој таков ќе пронајде итно нека добие Нобелова награда… Прокопиј не познавал Словени туку Склавини, кои Римјаните до 5 век не ги познавале. Ова се потврдува и со Константин Велики, во своите писма (Ото Цирер), кој во 4 век бегал кај таткому по Вардар-Морава-Дунав… Рајна… Тој никаде не видел живи суштества Словени, никако ниту Склавини. 

Секогаш при расправиите никогаш не се кажува: кои се тие Словени? Од каде тие дошле? Од утробата на Земјата или од Вселената? Што тие со себе донеле на Балканот од каде што дошле? НИШТО!

Па само јазикот им бил варварски=пелазгиски. Меѓутоа, за потеклото на еден народ мора да има било какви наоди дека тој народ постоел. Досега такво нешто никој не нашол. Еве ги повикувам сите, секој оној кој ќе пронајде некаков доказ/наод нека каже, кој и каков е тој!

Не само тоа, ова важи за цел свет, досега никој и ништо не нашол. Зошто? Затоа што таков народ и не постоел. Доколку таков народ би постоел него би го познавале Херодот, Тукидид, Платон… Царот Адријан (2 век н.е.) во неговите мемоари (Јуксандар…), Константин Велики…Прокопиј… Во Музеите на Будимпешта… до денес нема ништо словенско-народно. Па словенството било само според слово. 

Историчарите говорат дека имало словенски черепи. Еве докази дека такво нешто немало: Лончар пишува за черепите на Старата минојска епоха кои биле долги, т.н. словенски. Во Новата минојска доба тие се заокружиле, станале т.н. несловенски. Ф. Вељановска говори за ретки словенски черепи, а денес во Р.Македонија има само Словени, значи черепите не се совпаѓаат.

Според черепите, истражувањата за ДАГ од Македонците преселени во Русија (Ташкенд) личеле на черепите на античките Македонци. 

Грешката е и во просторот и времето. Можат да се споредуваат черепи само од исто време и ист простор. Ова е неминовно затоа што имало периоди на сиромаштија, глад, поради што нема соодветен развиток на костурот. Исто така, никој не го интересира pH-вредноста на почвата од која зависи усвојувањето на калциумот, фосфорот… од растенијата со кои се хранат животните и човекот. Па тие елементи се основни состојки на коските.

Следи заклучок, пресметките никако не се битни.

Исто така, е погрешен и математичкиот (биометрискиот) метод. Се оди директно на t-тест да се утврдат разликите, што не е дозволено, затоа што нему мора да му претходи F-тестот со кого ќе се утврди дали групите биле случајно избрани или имало дотерување. Бидејќи антропологијата го употребува само t-тестот, нејзините истражувања не се доследни. Па за време на Хитлер, Русите и Германците имале исти черепи итн. Еден мој професор ја истражувал должината на носевите. Очигледно промашување: па поголема глава има поголеми носеви. Овде има соодноси. Ако на t-тест му претходел F-тест, тој ќе каже дека разликите не се значајни. Ова говори, не е дозволено да се оди на t-тест. Само вакви истражувања признава популациона генетика, која не се изучува во Р.Македонија.

Бидејќи преселбите биле само по долината Вардар-Морава-Дунав…Рајна…, со нив се носеле домашни животни и растенија. Токму и затоа на Балканот нема ниедно животно и растение донесено вон Балканот-северно од реката Сава и Дунав со Црно Море. Па човекот без нив не би можел нормално да живее и да изчезне. Таков пример била и лозата. Со преселби таа била однесена во Европа, и постои и Лозана според лоза. Бидејќи до денес лозата ја нема во Русија и на западно од неа, Европа со неа уште не е донаселена итн. Следи, отпаѓаат балканските задкарпати.

Токму само заради тоа има географска оддалеченост само од југ кон север, никако обратно. Следи, според ДНК, Македонците се блиски со Критјаните, кои во 1913 година го разбирале бугарскиот јазик, но не еладскиот од 1868 година- види и член 5 од Букурештанскиот договор (1913), Бугарија била принудена таа да се откаже од островот Крит и што се случило. Пасоф (1815) пишува, Илијада била напишана на словенски јазик. Грчкиот лингвист Чулкас (Тсиоулкас) вели, во 1907 година Словено-Македонците во Лерин говореле Ран-хомеров јазик. Пак, Македонците во Пакистан не го познавале поимот Словени, а тие биле Бриги со бригиски куќи како во Охрид… Битола… Крушево… со бригискиот бог Арес= Јарес= јарец, кој ги краси наведените градови, со исти обичаи, музика… Гриневич пишува: исти знаци со исто значење имало во Русија, Подунавјето, на Балканот и на Каменот на Розета-Египет, чиј текст македонските автори го прочитале со битолски говор од 21 век.  

Во прилог се наведува најсуштинското: ниеден автор не наведува било какви Словени, туку само Анти, Венети и Склавини. Не само што Антите и Венетите биле само со балканско-малоазиско потекло, Европјаните за Словени не ги прифаќаат Венетите, и тоа не само што Венеција била Venetia, туку цела Европа била венетска со руни во кои има Кирилични слова. Со рецки (руни) пишувале Русите и Етрурците.  

Пак, на Балканот Склавините изчезнувале кога Повеќебожците биле христијанизирани. Или поинаку кажано, тие го прифатиле Божјото Слово. Значи, има поклопување на изчезнување на Склавините со македонската писменост со слово.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top