Коментари

Остани силна Македонијо

gordana-dimovska

gordana-dimovska
(„Татковина“- Гордана Димовска)

Дијаспора – татковина – заедно сме многу, заедно сме посилни!

Тој глас  од минато едно, вика и моли: Чувај ја синко земјата своја, Чувај го јазикот наш македонски, ти доволно даде, ти доволно страдаше, воздигни се одново сега, од вистината никој нема да избега, не, ние не сме сами ти постоиш, ти овде си, ти земја си, ти мајка си, наша Македонија, наша татковина!

Илјадници страници се испишани за Македонија како земја, за нејзиниот статус низ историјата до ден денес. Посебно се пишува и се навраќа на борбите, историски неправди сторени над  Македонија, неправдите од кои последиците ги чувствуваме и ден денес на сите континенти. Знаеме дека македонската нација има своја историја на културно и политичко пројавување. Знаеме за големата заслуга за будење на националното чувство на македонскиот поробен народ имаа Браќата Миладиновци. Тие го воспеаа Охрид и Македонија како своја татковина на чист македонски дијалект.

По браќата Миладиновци, дошле ред  други народни учители и духовни будители кои успеаа да создадат своја историја, после долги и упорни борби за да се ослободат економски и да се здобијат со самостојна држава. Ваквите борби се разгореле под водството на ВМРО кои силно застанаа во одбрана на своите национални интереси, против посегањата на балканските држави. Затоа се вели дека македонскиот народ со крв ја запишал својата историја и првата македонска револуција – Илинденското востание.

Голем дел од тоа историско, културно минато се рефлектира во песните, низ творечката работа на писателите во земјата и светот, во активностите на иселениците и организациите во матичната земја. Денес, често се цитиираат мислите на нашите херои, песните на Рацин, Конески, Миладиновци, цитати од странски дипломати, мисионери кои во минатото се заземале за Македонија и не секогаш успевале да ја остварат конкретната цел. Тоа треба да се сфати како поттик, инспирација за нови дела, за нови борби од поинаков вид и нови начини на презентирање на македонската историја во светот. Токму тоа минато ги поттикнува Македонците дома и во светот да работаат за Македонија. Токму тие пишуваат нова историја, и треба да се цитираат. Не можеме да се однесуваме како времето да застанало и дека не постои ништо друго што заслужува внимание и од каде произлегуваат насоки за нови правци. Секое време носи нови промени и потреба за нови начини на презентирање и дипломатски борби. Македонците во дијаспората претставуваат посебен пример за тоа како се третира нивниот статус во новата земја но и од страна на матичната земја. Македонецот во туѓина е подложен на критики, исмејување за јазичните грешки, акцентот, културата која е различна од новата и која мора да се адаптира во новото општество. Македонец во туѓина не е ‘талкач’ по светот без корен и идентитет. Токму историските неправди, распарчување на Македонија имаат последици и ден денес. Да живееш како Македонец во туѓина, значи постојана борба да се докажуваш дека имаш свој посебен јазик кој се разликува од другите балкански јазици и не е грчки. Да докажуваш дека не си Бугарин, Југословен, Грк. Да си Македонец во туѓина не значи само нов инвеститорски потенцијал за татковината или донатор на своите најблиски. Статусот на Македонецот во туѓина треба да се сфати многу сериозно од страна на матичната земја и по тој основ да се третира како уште еден зрак од македонското сонце. Но и тука мислењето е поделено, и иселениците “немаат право да се борат или грижат за Македонија, иселениците си го средиле животот“ итн.

Македонците во дијаспората се активни преку самоиницијативни активности, преку здруженија со одредени цели но и со посебни спецификации за тоа од каков карактер треба да бидат (не политички) и со какви активности ќе се занимаваат. Здруженијата се повеќе од социјален карактер, спортски здруженија, фолклорни културно уметнички друштва кои го промовираат македонскиот фолклор. Тие претежно се со мал број на членови и не значи дека имаат способност и легитимитет да се справуваат со вака суштински проблеми и прашања од национален карактер. Интелектуалците, професионалците допринесуваат во својата сфера на работење.

Знаеме и го чувствуваме тоа дека другите етнички групи истовремено работат на ширење на ‘својата вистина‘ го негираат постоењето на македонската нација. Според  Бугарите, ‘Македонците се најдобриот дел од бугарската нација‘, според Србите, ‘Македонците се чисти Срби‘, а според Грците, ‘ние сме словеногласни Елини‘. Еден таков пример е грчкото лоби кое е силно во Австралија и поради кое ние сме се уште БЈРМ во официјалните документи. А со кое право не` нарекуваат така како што не` нарекуваат? Ако не постоеше македонската нација, немаше ниту тие што да говорат за нас и немаше ниту ние за кого да се бориме и гордо кажуваме дека сме Македонци. Сличноста на нашиот јазик со нивните, е обична сличност меѓу јазици на блиски, но самостојно развиени нации. Такви сличности има и меѓу Русите, Украинците, Белорусите, како и меѓу Србите, Хрватите, Црногорците, но наспроти тоа, тие претставуваат одделни нации. Англичаните, Ирците, Американците од САД, говорат еден ист јазик, но се одделни нации.

Освен јазикот како еден од белезите по кои се идентификува еден народ, тука е и националниот карактер. Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни што наспроти националниот ген, никогаш не престанале да се пројавуваат. Но дали е тоа доволно? Дали секогаш оди во прилог на одбраната на националните белези и идентитет? Како пример да го посочиме примерот со 16 зрачното знаме. Ние знаеме дека е наш симбол, пронајден на надгробната плоча на Филип Македнски. Дијаспората масовно го користи во сите манифестации, демонстрации. Од тоа произлезе и како да им помогнавме на Грците да го заштитат со закон тој симбол и да ја натера Р. Македонија да го промени знамето. Ајде сега како да си го вратиме назад тоа што е наше? За да го оправдаат господарството над заземениот дел од нашата Македонија, ја користат племенската врска меѓу грчката нација и Македонците, ги кажуваат древните Македоно-Илири, заедно со Македон, Филип Македонски и Александар Македонски како да се составен дел на древните Грци. Со тоа свесно го прикриваат фактот на населување на Македонија со Македонци. Доволно знаеме, но треба повеќе дела и разбирање, детално анализирање на работите и помалку разединетост. Потребно е да се работи со изградена стратегија во согласност со мнозинството фактори во дијаспората и татковината.

Веруваме дека актуелната Влада на Р. Македонија, премиерот Никола Груевски и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов ќе направат многу повеќе во разреуавње на многу значајни прашања на релација дијаспора – Македонија. Потребно е во Австралија да се испраќаат стручни лица, историчари, писатели, лингвисти, и да се формира некое иселеничко тело на просторот каде живеат Македонци. Тоа тело да има задача континуирано и редовно да истражува, да собира податоци, да одржува средби со македонски здруженија и продлабочува врската меѓу иселениците и татковината. Многу е значајно да имаме лингвист кој би ја разгледал ситуацијата со статусот на македонскиот јазик во училиштата, и можност за отворање на лекторати во австралиските универзитети. Потребно е да се испраќаат редовно учебници по македонски јазик, списанија, книги за потребите на иселениците, одржување на форуми за насочување на народот, а преку кои стручно и директно ќе се запознаваат Македонците со потребните информации од областите кои се во обострана корист.

Денес, нашата матична земја Македонија треба силно да се вооружа за одбрана на националните интереси, силно да ја вооружа и дијаспората и заеднички да ја оправдаме славата и жртвата на нашите претци, на Филип и Александар Македонски.

Заедно сме многу, заедно сме посилни!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top