Коментари

Еден гради, друг сака да растура

stavreski

stavreski

Мора сите ние да работиме за  Македонија, без разлика дали сме од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или било која друга политичка партија, треба да работиме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и за иднината на неродените Македонци, да градиме перспектива, да ги штитиме интересите на Македонија, како што тоа го правеле Илинденците, Партизаните и како што денес работи премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

Додека Владата на премиерот Груевски се труди да го зголеми растот на македонската економија и да ја намали невработеноста, опозицијата предводена од СДСМ се труди на секој чекор да ги попречи позитивните трендови во земјата. Наместо во Собранието, и покрај препораките кои доаѓаат од ЕУ, тие продолжуваат со бојкотот, постојано се закануваат со некакви „бомби“ и постојано креираат, поддржуваат или подбуцнуваат состојби, кои би довеле до ескалација во земјата со цел да се формира техничка влада. Едноставно нив не ги интересира дали ќе се наруши безбедноста во земјата, ниту нејзин прогрес, туку личниот интерес и само гола власт.

Последните објавени статистички податоци за намалувањето на невработеноста на историско најниско ниво од 27,9 % , како и за растот на македонската економија, односно раст на БДП со стапка од 4,1 %, покажуваат дека 2014 била успешна година. Во услови кога економијата во Европа стагнира, ваквите резултати се потврда на добрите економски политики на македонската Влада, предводена од премиерот Никола Груевски.

Но, и покрај добрите резултати, македонската влада не престанува со активностите зацртани во стратегија за економски раст и намалувањето на невработеноста во земјата. По успешната посета на Германија, премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставревски ја посетија и Саудиска Арабија каде ги преставија поволностите кои нашата земја ги овозможува за странските инвеститори.

За жал, додека едни градат, други сакаат да растурат.

Опозициската СДСМ, која одамна ја изгуби довербата кај најголем дел од народот, во недостаток на сопствена визија и идеја, наместо во Собранието да го поддржува трендот на економски раст и намалување на невработеноста, а со тоа да проба да си го поправи рејтингот кај гласачите, таа континуирано создава состојби кои би ги избркале потенцијалните инвеститори.

Така неодамна, без и малку срам СДСМ се замеша и во студентските протести. Се појави на улица и една чиста студентска идеја ја обои со политички бои. Да имаа и малку принципи и навистина да сакаа да ги застапуваат оние кои ги избраа, денес наместо на улица, тие би биле во Собранието за да ги застапуваат интересите на граѓаните и студентите. Меѓутоа, сите игри на СДСМ во последните години не им донесоа успех. Спротивно на нивните очекувања,  народот ја препознава нивната игра, па тие ги губеа изборите, еден по еден. Но, затоа, нивната политика пак му одеше во прилог на Грција, која со нивните исконструирани аргументи се служеше за да го блокира евроатланскиот пат на Македонија.

Колкави се штетите кои ги прави СДСМ за својата земја, може да се види и од  изјавата на Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Наследникот на Штефан Филе ги потврди заклучоците усвоени на средбата на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија дека за нашата земја нема да има отворање на преговорите и на претстојниот самит на Европскиот совет. Како што вели: „Официјален став на Еврокомисијата е дека местото на опозицијата во сите земји од Балканот каде што отсуствува од работата на парламентите е дека на нив местото им е таму и дека треба да се вратат и да функционираат во рамки на законодавните домови.“

Во однос на Република Македонија и шестата препорака на ЕК за отворање на пристапните преговори, комесарот Хан ќе истакне дека за жал има некои препреки во рамки на Советот кои не дозволуваат тоа да се случи, притоа не прецизирајќи кои се тие пречки. Сосема е јасно дека се работи за блокада од страна на Грција, заради името. Меѓутоа, другите препреки се и оние кои ги креира СДСМ, со што ова партија ја прави најголем сојузник на Грција.

И додека премиерот Никола Груевски со својот тим гради и создава, го зголемува растот на македонската економија и ја намалува небработеноста, раководството на СДСМ продолжува со својата деструктивна политика, како да сака да ја врати земјата во времето кога тие беа на власт, а Македонија имаше најголема невработеност.  Се однесуваат како во нив да нема ништо македонско.

За разлика од нив, премиерот Никола Груевски, без разлика на сите внатрешни и надворешни препреки, како вистински МАКЕДОНЕЦ чекори напред, создава и остава зад себе цивилизациски дела, споделува и поучува, насочува и втемелува. Тоа е правиот генетски код на МАКЕДОНЕЦОТ! Делата од секогаш го красат МАКЕДОНЕЦОТ.

Ние сме потомци на големите Македонци чија цивилизација ни е оставена како аманет да ја пренесеме на идните поколенија! Да создаваме дела од кои сите ќе имаат благодет. Има ли нешто поблагородно од ова?! Има ли нешто поголемо и поважно од Македонија, од Македонското?! Да бидеш Македонец, по крв, по род, по јазик, писмо и свест, тоа е вредност и привилегија.

Мора сите ние да работиме за  Македонија, без разлика дали сме од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или било која друга партија, треба да работиме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и за иднината на неродените Македонци, да градиме перспектива, да ги штитиме интересите на Македонија, како што тоа го правеле Илинденците, Партизаните и како што денес работи премиерот на Република Македонија Никола Груевски.

Не смееме да ги прифаќаме пропагандите чија цел им се  предвремени избори или по секоја цена да влезат во власта, само да ги задоволат личните интереси, Македонија е повеќе од лични интереси, Македонија е наша библиска држава, Македонија е се што имаме.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА ! И ЕДИНСТВЕНА !

 
Свекрва

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top