Коментари

Посебноста на Македонската Фаланга

ivan-zdraveski

ivan-zdraveski
Иван Здравески

Идејата или творецот на Македонската фаланга, Македонскио крал Филип II му се родила додека како млад бил заточеник во Теба, тогаш за прв пат ја воочил формациската поставеност на грчката фаланга која се состоела од 8 збиени редови, нејзините орудија, и нејзините тактики, кои натака ги применил во создавањето на Македонската фаланга.

Благодарение на тоа негово заточеништво тој се стекнал со воено и дипломатско искуство кое му го пренел тебанскиот крал Епамонид, кое понатаму и те како ќе му користи во неговите воени походи, но пред се` Дипломатски потфати.

Македонската фаланга се состоела од 16 густо збиени редови, (уште една разлика во однос на грчката фаланга), имала долги копја Сариси чија должина била од 3 до 7 метра кои се состоеле од два дела кои преку механички дел се спојувале во едно копје, и морало таквото копје поради тежината да се држи со двете раце. Острицата му била кратка, железна и во облик на лист. Копјето имало и бронзен Чевел за да може да се забие во земја доколку на Фалангата наиде Јуриш.

Приказ на Македонската фаланга во формациска поставеност за напад

Илустрација 1

Пешадијата била вооружена и со краток меч, кој ретко кога се употребувал во битката, бидејќи Сарисата била и офанзивно и дефанзивно оружје на Пешадијата. А и ретко кој би се осудил да оди право во зид од Копја, каде ако непријателската Пешадија ги пробила првите неколку копја ја чекала изненадување од нови 4 копја.

Но, меѓу главните разлики на грчката со Македонската фаланга е и шлемот.

Македонскиот шлем имал форма на клун.

002

Илустрација 2

Додека гркиот шлем бил потежок со поголема заштита на главата малтене скоро целиот затворен како средновековен шлем.

003

Илустрација 3

Причината е јасна, Грчката фаланга била од 8 густо збиени редови, помала во однос на македонската од Вооружување располагала со кратки копја, долги штитови и кратки мечеви, претежно нивната фаланга била за блиска борба, од тука е и големата комплексност на грчкиот шлем.

Но во судирот со македонската фаланга во битката кај Кајронеа во 338 година, пред нашата ера, целосно се покажала нејзината неспособност да го заштити Хеленскиот суверенитет, посебно нејзината “Света Тебанска чета“ паднала пред налетот на младиот Александар кој бил единствениот кој ја поразил оваа “Света Чета“ (света се нарекува бидеќи до тогаш никој не ја имал победено во битка, сите луѓе се бореле до последен со невидена храброст).

Сепак добрата тактичка поставеност на Македонската фаланга, (што во оваа битка но и во подоцнежните битки на Александар ќе се покаже како смртоносна за непријателската војска) доблестите но и маните на македонската фаланга биле така што, еднаш ако била правилно поставена за напад била несопирлива машина, без можности во текот на битката да ја променува својата поставеност. Во последните мигови на Македонското кралство таа нејзина доблест ќе биде и мана, посебно во битката против римска легија, која во тој период била и те како обучена со поинакво формациско оружје кое се состоело во долг меч гладиус, (со две оштрици) кратко копје и голем штит, се бореле на поголемо растојание за разлика од фалангата и била претежно за блиска борба, со тоа што во тек на битка лесно можеле да се разместуваат према проценките на офицерите или Генералите на армијата, што се покажало како голема предност токму во битката со дотогаш непобедливата Фаланга.

Сепак во класичниот антички период Македонската Фаланга била застрашувачка воена формација пред која потклекнале многу народи и нации како на пример Персијанците со нивните “Бесмртници“. (така ги сметале бидејќи сите биле во една униформа и секој кој ќе загинел на военото поле друг го заменувал така да бројката секогаш им била 10 000 пешадинци).

Брзите и мобилни коњаници на племињата од кафказот, (кои му задавале и те какви проблеми на Александар со нивните брзи герилски маневри) па нескротливите племиња на Авганистан (каде како орудие Александар ја применува вешто и диплматијата преку бракот со една од помоќните племина од тој регион) се` до Далечната Индија која се сметала за крај на тогашниот свет. И средбата за Фалангата со борбените слонови во една од најкрвавите битки на реката Хидаспес.

За Александар не би останало ништо не освоиво, да не го спречела неговата војска во неговите натамошни походи према исток, со сигурност ќе го обединел целиот свет во едно кралство, каде сите нации и народ ќе бидат со полни права и слободи.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top