Коментари

Грчките платеници во Р. Македонија форсираат словенски расизам! (5)

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Македонците од 18, 19 и 20 век себеси се декларирале како потомци на античките Македонци

Конечно, во длабината на својата душа античко-македонската тради­ција (или свест?) ја носел и големиот македонски национален деец Димитрија Чуповски и не случајно на македонското знаме, што тој и неговите истомис­леници го изработиле во Русија (1913 или 1914 година), било застапено сонцето и разлутениот коњ на Александар Маке­донски, по име Букефал.  Исто така, неразделен предмет од кој Чупов­ски никогаш не се делел, била сребрената монета од времето на Алек­сандар Македонски, што Чуповски ја имал закачено на синџир­чето од својот часовник. Освен тоа Чуповски бил и голем почитувач на делото на стариот војвода и македонски национален деец Ѓорѓија Пулевски, за кого рековме дека се сметал за директен потомок на античките Македонци. 

Братот на Димитрија Чуповски, Никола Д. Чупаров, непосредно пред својата смрт во 1924 година, пишувајќи за македонските пле­ми­ња Мијаци и  Брсјаци (Брзаци), запишал:

“Според книгата на Ѓорѓи Пулевски (родум од Галичник) Мија­ците биле гвардејците на Александар Македонски… Брзаците (Брс­ја­ците, з. м.), пак, биле брзата армија на Александар Маке­донски…” (цит. според Бл. Ристовски).

Во една стара албанско-латинска историја, која му била пока­жа­на на Македонецот Исаија Мажовски, за време на неговиот престој во Тирана (Албанија) и кој, она што таму го прочитал, го пренел во сво­ја­та книга “Спомени” (Софија, 1922) исто така пишу­вало за антич­ки­те Македонци како за директни крвни предци на денеш­ните Маке­донци. Додека шехот читал од книгата, освен Ма­жовски, на читањето бил присутен и Гани-беј Топтани, кој подоцна го прашал шехот за вре­мето од кога Македонците биле присутни на Балканот. Еве што, во врска со сето ова, запишал Мажовски:

“Кога се појавил славниот македонословенски цар Алек­сан­дар, албан­скиот крал Карел ги испратил своите два капетани за да го пресретнат. Тие му се претставиле на големиот словенски цар Алек­­сандар со зборовите: ‘Добро ни дојдовте, цару Александар!’

Откако го прочита ова,  Гани-беј го запраша шехот: ‘Кој на­род најпрво ги има населено обалите на Белото море: албанскиот или словено-македон­скиот?’ На ова прашање од бејот, шехот одго­во­­рил: ‘Најпрво овде се населиле македонс­ките словенски народи и од нивното доаѓање до денес имаат поминато цели 2600 години, а тоа е 200 години пред населу­вањето на албанскиот народ.’“ (цит. според Блаже Ристовски).

Големиот македонски национален деец од крајот на 19 и поче­токот на 20 век Крсте Петков Мисирков, непос­редно пред својата смрт, пишувајќи за великаните што ги дала Македонија, за Александ­ар Македонски запишал:

“Александар Македонски ја разнесе славата на Македонија до средно-ази­ските реки Аму-Дарија, Сир-Дарија, како и до Индија и Индискиот Оке­ан”.

Како директен потомок на античките Македонци себеси се сме­тал и истакнатиот македонски национален деец д-р Трифун Греков. Во текот на годините 1922 и 1924 тој објавил неколку статии посве­тени на античките Македонци и посебно за Алек­сан­дар Македонски и тоа во в. “Македонија” во Софија и во в. “Македонско сознание” во Вие­на (цит. според Блаже Ристовски).

Следниот цитат несомнено дека има посебна тежина. Се рабо­ти за документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етнич­ките разлики помеѓу Маке­донците и Бугарите, туку и за денешните Маке­донци јасно се ве­ли дека се директни потомци на славните антички Македонци! Еве што пишува во овој документ:

“…Некогаш имало славна земја  со храбар народ што дал светс­ки вла­детели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зош­то да не се случи исто­то и со Маке­донците?… Заш­то ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после тол­ку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење!… Бу­гарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е маке­дон­ско. Зошто Бу­га­рија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? За­рем Ма­ке­донците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари – толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голе­ма! ЕднитебиленаБал­кан­скиотПолу­островуштеодпредХриста, адругитедош­лево 7 век… Дос­та веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Вре­ме е да се вик­не: Маке­донија на Македонците. Осло­боде­ната бу­гарс­ка Маке­дони­ја да им се даде на сло­бодните Македонци. Дајте и автономија на Маке­до­ни­ја додека е време!”          Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пи­шу­ван е во декември  1932 год. Ова значи дека и меѓу припадниците на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го при­фаќале античко-македон­ското етничко потекло.

Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Александар Вели­ки” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен цар. На Собра­нието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претсе­дател на оваа органи­зација бил Никола Ме­ла­нов од Костурско, а во рако­водството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинстото членови на оваа организација биле Маке­донци  од преспанските села.

За фактот дека античките Македонци биле посебен народ со своја култура и цивилизација, кои ја надми­ну­вале елинс­ката, пишувале и Васил Ивановски – Бистришки (во 1934 го­ди­на), како и Ангел Динев (во 1938 година).

Меѓу двете светски војни во прилепската чаршија особено бил развиен култот за Александар Македонски. Во врска со ова македон­скиот национален деец од тие времиња Димче Аџимитрески сведочи:

“Ние имавме една стара книга за Александар Македонски. Така ние се воспитувавме. Го сметавме за наш крал и сонувавме за такво кралст­во што некогаш тој го создал”. (цит. според Блаже Ристовс­ки).

Во 1930-те години, од славата на Александар Маке­донс­ки се восхи­тувале и членовите и раководството на тајната маке­донска орга­низа­ција, позната под името ММОР (модифициран збор од фран­цус­­киот збор  морт, што значи: смрт – според девизата: Смрт или сло­бо­­­­да!) на која активистит бил и Дим­че Аџимит­рески. Еве што запи­шал нејзиниот раководител Благоја Ди­мит­ров од Скоп­је:

“Основна задача беше да се зборува на македонски, да се купу­ваат книги. Се формираа ќелии од по тројца членови и секоја таква ќелија си имаше своја библиотека. Имавме и книги за Александар Македонски и сето тоа го сметавме како наше”. (цит. според Блаже Ристовски).

Интересно е да се спомне дека во раководството на оваа тајна маке­донска организација (покрај Аџимитрески и Димитров), тогаш се наоѓал и пое­тот Венко Марковски, како и Стојан Јовановски, а бли­зок до Орга­низа­цијата бил и познатиот македонски поет Кочо Рацин. Оваа организација се зала­гала за обединета и неза­висна Македонија, со признавање на нацио­налните права на Маке­дон­ците, но во ноември 1934 година била про­би­ена, а некои од нејзините членови биле уап­сени од големосрпската  полиција.

Во периодот меѓу двете светски војни и младината од Охрид би­ла оп­фатена со култот за Александар Македонски. Поетот Гоце Ми­тески од Ох­ридско сведочел дека интелектуалната младина од регио­нот Де­бар­ца за вре­ме на Втората светска војна била воодушевена од својот предок Александар Ма­кедонски. Во 1942 год. и самиот Митески напишал песна за Александар Македонски, во која направил фантастичен спој помеѓу него и Гоце Делчев.

По Втората светска војна култот на Александар Македонски и  сла­вата на античка Македонија стануваат уште позасилени во ре­до­вите на илегалните анти-југословенски маке­донски организации во Македо­нија и во странство, како и меѓу пошироките слоеви на маке­донското иселе­ниш­тво. Полека, но сигурно, врз основа на цврсти дока­зи, овој процес конечно неза­пирливо напредува и помеѓу денеш­ни­ве генерации Македонци.

Вистината дека античките Македонци се античките предци на денешната македонска нација е прифатена и како официјален став на Македонската Православна Црква. Покрај Преамбулата на Уставот на МПЦ, како илустрација ќе ја спомнеме изјавата на митрополит на Полошко-кумановската епархија г-дин Кирил, дадена за в. “Нова Македонија” на 02.10.1999 год. Во врска со потеклото на македонската нација, митрополитот Кирил, изјавува:

“Нашите македонски корени ги наоѓаме во нај­древниот доку­мент, родословната таблица од Десет­тата глава на книгата Би­тие, каде од Бо­га, преку про­рокот Мојсеј, Маке­донците сме вброени во редот на нај­д­рев­ните народи, а Македонија е овенчана со славата на најстарите држа­ви”.

И во светската јавност во последно време се забележуваат из­весни арти­кулации во оваа насока. Така, на пример, на 10.08.2000 го­ди­на во рамките на квалификациите за Купот на УЕФА се одигра меѓународниот фудбалски натп­ре­вар помеѓу романскиот пр­во­лигаш “Универзитатеа” од Крајова и македонскиот ФК “Побе­да” од Прилеп. Познатиот романски спортски весник “Про-Спорт” на де­нот на одигрувањето на натпреварот (10.08.2000 година) објави на­пис, во кој напиша дека (цитат): “…Македонци­те од Победа од При­леп се наследници на големиот водач на војската од антиката Александар Македонски. “

Дури и истакнати научни кругови во Европа во последно време сме­таат дека денешните Македонци се потомци на древните. Пак ќе го спомнеме фран­цус­киот академик Жорж Сербело Саланјак, кој во 1992 година во Париз објави книга под нас­лов “Етничките потекла на Европјаните” (1992, Париз,). Во оваа книга фран­цус­ки­от академик тврди дека денешните Македонци се потомци на ан­тич­ките. Тој пишува дека и навистина во 6 век на Балканот се поја­виле Сло­ве­ните, но дека тие, како заостанато племе, не можеле да станат до­минантни жители на Македонија, поради што бргу се пре­топиле во античките Маке­дон­ци, кои тогаш биле културен и циви­лизиран на­род. Пишувајќи за Слове­ните тој вели: “…Не зави­сеј­ќи од никаков авто­ритет, не формирајќи никој­пат еден органи­зи­ран на­род и очиг­ледно незајакнати од нови елементи, тие конечно се рас­топуваат во популацијата на староседелците… Словените кои ќе ги најдеме подоцна во Илирија апсолутно не произлегуваат од нив.”

Откако дава објаснување кои биле древните Македонци, потен­ци­рајќи  дека тие не биле никакви Грци, овој истакнат фран­цуски ака­де­мик пишува:

“Македонците постојат и денес во Македонија, поделени на два дела. На југ грчката провинција Македонија, на север Република Македонија… И едните и другите имаат јасна свест за своето заед­ничко етничко потекло, и од Скопје и од Солун тие не се чувст­вува­ат како странци.” (исто, стр. 96).

*

Секако постојат и други вакви пројави на прифаќање на етнич­кото античко-македонско потекло од страна на Македонците од 19 и 20 век и оваа појава допрва треба уште посериозно да се истражува. На крајот посебно треба да се потенцира  констатацијата дека дек­ла­­­рирањето на Македонците од 19 и 20 век како потомци на ан­тич­ките Маке­донци има неспоредливо поголема тежина од декла­ри­ра­њето на поедини етнички Македонци како: Грци, Срби или како Буга­ри. Ќе одго­ворам и зошто го тврдам ова.

За да се декларираат Македонците од 19 и 20 век како: Грци, Бу­­га­ри или ка­ко Срби  најголема причина биле баснословните су­ми што Грција, Србија и Бугарија ги фрлале за своите пропаганди во Маке­донија. Но кој ги убедувал тогашните Македонци да се дек­лари­раат како потомци на античките Маке­донци? Се разбира, никој! И не само што никој отстрана не ги убе­дувал нашите предци да се декла­рираат како потомци на античките Маке­дон­ци, туку странските про­па­ганди со сите сили се обидувале да го за­ду­шат вак­­во­то декла­ри­ра­ње, исто­времено убедувајќи ги дека тие им припаѓаат на нив­ни­те нации. При­тоа, многуброј­ните исто­ри­ски докази за ве­ков­ната нацио­нална посеб­ност на Македонците биле крие­ни од Македонците во егзар­хиските (бу­гарски), патријар­шиските (грчки) или во срп­ски­те цр­кви и учи­лиш­­та. За­тоа вак­вото декларирање, кое не само што не било пот­тик­нувано, туку ду­ри би­ло и попречувано, има далеку пого­лема тежи­на од инаквото дек­лари­ра­ње на Македонците од 18, 19 и 20 век. Вак­вото декларирање не е настанато како ре­зултат на ниту една стран­ска про­паганда, туку истото Македонците го наследиле од свои­те пред­ци и во тоа се состои неговата исконска си­ла.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top