Коментари

ВМРО ДПМНЕ како единствен бастион и чувар на македонското име, јазик и култура


Свекрва

По неодамнешното распуштање на парламентот и предвремените парламентарни избори закажани за 25 јануари, Грција се наоѓа пред нови искушенија. Левицата според анкетите е фаворит за победа, а водачот на СИРИЗА  Алексис Ципрас најави дека сака да ја прекине политиката на штедење наметната од кредиторите, што предизвика тревога во ЕУ.

Очите на Брисел се вперени во Атина и веќе се калкулираат последиците доколку по изборите опозицискиот водач А. Ципрас ја превземе владата и престане со отплата долговите. Најголемите земји доверители сметаат дека неизбежно ќе дојде до излегување на Грција од еврозоната, но некои се на мислење дека Грција треба да се исфрли од Еврозоната, но не и од ЕУ, поради лажирање  на статистиката и измамите со кои дојде до еврото.

Без разлика кој и да дојде на власт, поради неевропското однесување на јужниот сосед му престојат политички турболенции, што преставува плодна почва за подгревање на национализмот, но и за пресметки меѓу истокот и западот. Во такви услови, кога препораките веќе пристигаат и не се почитуваат, кога часовникот и за нив се врти наназад, за да се постигнат одредени цели, но и да се сврти вниманието на народот, грчката политика во преден план неизбежно ќе го заостри односот кон македонското прашање, проследено со уцени и закани.

Повторно Македонецот ќе треба да ги апсорбира ударите кој ќе ја потресуваат Грција.

Дека нешто веќе се случува во тој правец покажува синхронизираната кампања во грчките медиуми против проектот Скопје 2014, која сесрдно е поддржана од дел од македонската опозиција и соросовите експозитури во земјава. Отворената борба против се што е со предзнак македонско, против Македонизмот, добива на интензитет и всушност е насочена кон ВМРО ДПМНЕ како единствен бастион и чувар на македонското име, јазик и култура.

Грција и нејзините македонски опозициски колаборационисти, како во времето на нацизмот, трошат огромни средства за спроведување на синхронизирана кампања во која се изнесуваат навреди и критики за проектот Скопје 2014 и сите оние кои го подржуваат. Уличниот речник кој притоа го користи македонската опозиција и соросоидите ни најмалку не прилега на интелектуалци, како што сакаат да се престават во јавноста. Напротив користењето на уличниот речник, како на пример зборовите прости, сељаци и стока за сопствениот народ, само укажува дека овие т.н. прогресивни сили немаат аргументи со кои можат не само да го оспорат проектот 2014, туку не можат да го срушат ниту името, јазикот и идентитетот.

Македонската опозиција не може никако да сфати дека не се господари на Македонија и дека не може да тргуваат со името, знамето, идентитетот и македонската територија. Исто така опозиција не може да сфати дека се само имструмент на грчката политика, која нема да ги донесе повторно на власт, зошто таа не одлучува, туку македонскиот народ. А тој добро знае кој е, што е и што сака.

Никој не може и не смее да го потценува сопствениот народ.

Иако не се во Европската унија, Македонците се вистински Европејци, зошто уште од времето на Македонската империја, Римското царство, Византија, Отоманската империја, Југославија, тие живееле со векови и докажале дека знаат да живеат во заедница со другите народи, едни покрај други. Тие многу одамна знаат што е „ЕУ“, што е соживот, знаат да ги почитуваат луѓето без разлика на нациналната, верската или половата припадност. И покрај вековниот заеднички соживот, тие не заборавиле дека се Македонци, не ја заборавиле својата традиција, култура, идентитет, чиј дух денес се отсликува на Скопје 2014.

Меѓутоа, она што Македонецот го заборавил тоа е национализмот, кој во денешно време во блага форма и те како е потребен, ако сака македонскиот народ да не исчезне од  историската сцена. Отука македонскиот народ дури треба да му се заблагодари на однесувањето на Грција.

Поранешниот европратеник Дорис Пак која на времето се занимаваше околу евроинтеграциите на Македонија и воопшто на Балканот во тој контекст во дадено интервју вели: „Грчкиот национализам кој ја прави блокадата го разгорува и македонскиот национализам. И ова доаѓа од една земја која е членка на Европската унија, членка на НАТО, од што таа земја стравува? Од ништо. Од една мала земја која се вика Македонија? Господи, ако речеме Македонија или Северна Македонија, на крајот не можеме да негираме дека луѓето кои живеат таму се Македонци, зборуваат Македонски јазик, имаат македонско вино, македонско грозје или македонско сирење, сето тоа негирање оди само во полза на национализмите“.

Оттука таа смета дека за недозволувањето на Македонија да ги започне преговирите,  ЕУ прави грешка. Како што вели Пак „Грција е таа која се уште блокира… Не би зборувала за Грција, туку за грчките политичари кои не гледаат што се случува од другата страна и не се согласуваат да земјата се развива кон Европската Унија.“

Сепак, решавањето само на финансиските проблеми со кои денес с соочува Грција, нема да помогнат  во консолидацијата на земјата, без решавањето на македонското прашање. А Грција е земја која отсекогаш ја лажела, ја менувала не само статистиката туку и историјата, и ја уценувала меѓународната заедница кога е во прашање Македонија, без разлика на цената која ја плаќала. Така да, се додека ЕУ и НАТО не преземат сериозни мерки кон Грција, наместо економски да напредува, таа ќе стагнира и ќе преставува извор на нестабилност во регионот.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top