Коментари

Илинден е аманет – ќе бидеме ли достојни наследници?

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Има народи што ја градат својата историја со векови, а има и народи што ја плаќаат со сопствената крв. Македонскиот народ припаѓа на вторите.

Затоа Илинден не е само празник, ниту историски датум што еднаш годишно го одбележуваме со говори, венци и свечености. Илинден е совеста на Македонија. Ден кога мора да си го поставиме најтешкото прашање: дали сме достојни за жртвата на оние што се бореа за оваа земја?

Од Крушевската Република во 1903 година до АСНОМ во 1944 година поминале четири децении исполнети со страдања, востанија, поделби, прогонства и илјадници жртви. Но една мисла никогаш не згаснала – Македонија мора да има своја државност, свој јазик, свои институции и право самостојно да ја гради својата иднина.

Тоа не беше подарок од никого. Тоа беше аманет испишан со крв.

Денес, повеќе од еден век по Илинденското востание и повеќе од осум децении по АСНОМ, живееме во поинаква Македонија. По планините повеќе не одекнуваат топови, туку се слуша тропот на коњаниците што маршираат кон Крушево, носејќи го споменот на илинденците и заветот дека нивната жртва нема да биде заборавена.

Но тоа не значи дека борбата завршила. Само се промениле фронтовите.

Ниту една држава не може да биде силна ако граѓаните ја губат довербата во нејзините институции, ако младите ја бараат својата иднина надвор од татковината, ако политичките поделби станат поважни од заедничката иднина и ако секоја промена на власта значи нов почеток, наместо продолжување на трајните национални приоритети.

Токму затоа најголемата лекција што ни ја оставија илинденците и асномците е националното единство.

Да не се залажуваме – ниту тие мислеле исто за секое прашање. И меѓу нив имало различни убедувања, карактери и погледи. Но кога станувало збор за Македонија, знаеле каде завршуваат личните разлики, а каде започнува државниот интерес.

Тоа е Аманетот што денес најмногу ни недостига.

Македонија не смее да биде поле на постојани меѓусебни пресметки. Не смее да биде држава во која успехот на едните се доживува како пораз на другите. Не смее да биде заложник на дневната политика и на личните амбиции.

Постојат прашања што не смеат да имаат партиски предзнак: Македонското име, јазик, култура, идентитет, историската вистина, националното достоинство, економскиот развој, образованието и иднината на младите.

Тоа не се теми за политичко надмудрување, тоа се темелите врз кои почива државата.

Затоа денес, повеќе од кога било, ни е потребен нов општествен договор – не само меѓу политичките партии, туку меѓу сите граѓани. Договор дека ќе се натпреваруваме со идеи, а нема меѓусебно да се уништуваме. Дека ќе се бориме за власт, но никогаш против државата. Дека ќе имаме различни ставови, но една заедничка татковина-МАКЕДОНИЈА.

Илинденците ни го оставија идеалот за слобода.

АСНОМ ни ја остави обновената македонска државност.

Нашата генерација има обврска на идните поколенија да им остави силна, стабилна, развиена и обединета Македонија.

На надворешен план, Македонија мора да продолжи да гради пријателства, соработка и мир со сите. Светот е исполнет со неизвесности, војни, геополитички судири и економски предизвици. Во такви околности, малите држави можат да опстојат само ако се мудри, стабилни и цврсто определени во заштитата на своите трајни национални интереси.

Добрососедството е вредност, меѓународната соработка е неопходност, но националното достоинство не смее да биде цената што ќе ја плаќаме за туѓо одобрување.

Држава што не се почитува себеси, тешко може да очекува да биде почитувана од другите.

Македонија треба да разговара со сите, да подава рака на соработка и да биде сигурен партнер, но никогаш со наведната глава. Пријателствата не се градат со самонегирање, туку со меѓусебна почит.

На внатрешен план, нашата иднина зависи од тоа дали ќе изградиме држава во која правдата ќе биде еднаква за сите, институциите ќе бидат посилни од поединците, а знаењето и способноста поважни од партиската книшка.

Тоа ќе биде најголемиот споменик што можеме да им го изградиме на илинденците и асномците. Не споменик од бронза, туку држава изградена со дела.

Кога оваа година ќе се поклониме на Мечкин Камен, пред спомените на Крушевската Република, пред АСНОМ во Пелинце или пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје, да не дозволиме тие места да останат само симболи на славното минато.

Да ги претвориме во патоказ за иднината, да си подадеме рака како Македонци, без разлика на политичките убедувања, верата, професијата или местото каде што живееме. Да разбереме дека нема силна држава без национално единство.

Тоа не значи сите да мислиме исто.

Тоа значи сите да знаеме што е поважно од нас самите.

А тоа е Македонија.

Верувам дека токму тоа ни го оставија како Аманет илинденците и асномците – не да бидеме исти, туку да бидеме единствени кога е во прашање татковината.

Ако го разбереме тој аманет, ќе ја сочуваме државата. Ако го заборавиме, идните поколенија со право ќе нè прашаат што направивме со слободата и државноста што ги наследивте.

Затоа, овој Илинден нека не биде само ден на сеќавање, нека биде ден на нова национална заклетва. Заклетва дека ќе ја чуваме Македонија со разум, работа, чесност, храброст и единство.

Заклетва дека партијата никогаш нема да ни биде поважна од државата, личниот интерес од општото добро, а привремената корист од иднината на народот. Тоа е заклетвата што би ја благословиле илинденците од 1903 година и асномците од 1944 година.

И токму таква Македонија им должиме на нашите идни поколенија!

Среќен Илинден Македонци каде и да сте.

Бог да ја Благослови Македонија!
АМИН!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top