Коментари

Македонија од периферија – стратешка раскрсница на Балканот

Македонска Нација

Македонска Нација

Додека СДС, предводен од Венко Филипче и оптоварен со политичкото наследство на Зоран Заев, секојдневно создава информациски хаос со дезинформации, Владата предводена од стратегот Христијан Мицкоски ја насочува Македонија кон развој преку капитални инфраструктурни проекти, нови патишта, енергетско поврзување, странски инвестиции и заштита на националните интереси.

Од древната Виа Игнација, по чии патишта минувале трговци, војски, култури и цивилизации, до долината на Вардар, за која се велело дека оној што ја контролира, го контролира Балканот – Македонија отсекогаш имала исклучително географско и стратешко значење како мост меѓу Истокот и Западот.

Денес нејзината историска улога повторно оживува. Благодарение на стратешките политики на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, Македонија престанува да биде крајна точка на европските мрежи и прераснува во важна автопатска, железничка, гасна и електроенергетска раскрсница.

На тој начин се остварува вековната определба – Македонија од земја на периферијата да стане стратешки центар што ги поврзува Јадранското, Егејското и Црното Море со Дунав и средна Европа.

Коридорите 8 и 10 ја поврзуваат Македонија со Европа

Оваа стратешка визија се остварува преку изградбата и модернизацијата на автопатската и железничката инфраструктура долж Коридорите 8 и 10.

Коридорот 8 го следи правецот Исток–Запад и треба да го поврзе Јадранското Море, преку Албанија и Македонија, со Бугарија и Црното Море.

Коридорот 10 го следи правецот Север–Југ и ја поврзува Македонија со Србија и средна Европа на север, како и со Егејското Море на југ.

Со комплетирањето на овие коридори, токму во Македонија ќе се вкрстуваат двата главни балкански правци. Тоа ќе значи побрз транспорт на луѓе и стоки, пониски трошоци за компаниите, нови инвестиции и развој на државата како регионален логистички и дистрибутивен центар.

Стратегиско значење за Македонија и за НАТО

Развојот на сигурни транспортни и енергетски врски се совпаѓа и со стратешките приоритети на НАТО за поголема отпорност на критичната инфраструктура и подобра воена мобилност на Балканот.

Македонија, како членка на Алијансата и како држава поставена на крстосницата меѓу Истокот и Западот и Северот и Југот, добива уште поголемо безбедносно и геополитичко значење.

Нови извори и посигурно снабдување со гас

Од големо стратешко значење е и гасниот интерконектор со Грција, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри природен гас годишно и можност за зголемување до три милијарди кубни метри.

Преку поврзувањето со грчката мрежа, Македонија ќе добие пристап до гас од различни извори, вклучително и од Азербејџан, како и до течен природен гас што пристигнува во грчките терминали. На тој начин се намалува зависноста од еден снабдувач и се зајакнува енергетската сигурност на државата.

Планираните врски отвораат можност преку идниот гасен коридор да се поврзат Косово и Србија а преку нив и со пошироката мрежа на југоисточна и средна Европа.

Паралелно се развиваат делниците Гостивар–Кичево и Свети Николе–Велес. Со нив Македонија се подготвува да стане значајна транзитна точка и во регионалното снабдување со природен гас.

Повторно во функција продуктоводот Солун–Скопје

Враќањето во функција на продуктоводот од Солун до ОКТА, по 13 години прекин, претставува уште еден важен чекор кон зајакнување на енергетската сигурност.

Преку продуктоводот се транспортираат нафтени деривати, пред сè дизел-гориво, со што се создаваат услови за посигурно, побрзо и поекономично снабдување.

Проектот има и регионално значење, бидејќи отвора можност Македонија да стане важна точка во снабдувањето на соседните пазари со нафтени деривати.

Македонија станува електроенергетска крстосница

Еден од значајните проекти е 400-киловолтниот интерконективен далновод Битола–Елбасан. Тој е дел од електроенергетскиот коридор Исток–Запад, предвиден да ги поврзе Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

Заедно со постојните електроенергетски врски со соседните држави, новиот далновод ќе овозможи поголема стабилност на системот, посигурен пренос на електрична енергија и посилно вклучување на Македонија во регионалниот енергетски пазар.

Со тоа Македонија нема да биде само корисник на енергија, туку и важна точка во нејзиниот регионален пренос и размена.

Од периферија до стратешки центар

Гасоводите, продуктоводот, далноводите, железничките линии и автопатиштата не се само поединечни градежни проекти. Тие се дел од голема национална визија – Македонија да стане мост меѓу Јадранското и Црното Море, меѓу Егејот и Дунав и меѓу Балканот и средна Европа.

Од древната Виа Игнација до современите европски коридори, Македонија повторно го зазема местото што природно ѝ припаѓа – во срцето на Балканот, како крстосница меѓу морињата, државите, економиите и народите.

За остварување на оваа визија се потребни јасна стратегија, посветено раководство и лидерство способно да ја постави Македонија како важна точка на картата на Европа и пошироко.

Ако се направи споредба со Владата на Зоран Заев и со денешното раководство на СДС предводено од Венко Филипче, јасно е дека со нивниот политички и човечки капацитет Македонија можеше само да сонува за ваков развој – можеби и во следните сто години.

Македонија со децении чека пред вратите на Европската Унија. По завршувањето на овие стратешки инфраструктурни проекти и Европа, водена од сопствените економски и безбедносни интереси, ќе мора побрзо и пошироко да ги отвори вратите за нејзино членство.

Народот вели: „Кој работи и трпеливо чека – ќе дочека“, зашто сработеното најсигурно води до посакуваната цел.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top