Коментари

Народот гледа, памети и бара одговори

Политиката на СДС повторно се сведува на стариот рецепт: кога немаат што да понудат, кога немаат проекти, визија и доверба од народот, тогаш почнуваат со навреди, етикети и обиди за создавање страв. Најновата изјава на Венко Филипче дека „македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата“ и дека Владата сакала да ја изолира државата од […]

Политиката на СДС повторно се сведува на стариот рецепт: кога немаат што да понудат, кога немаат проекти, визија и доверба од народот, тогаш почнуваат со навреди, етикети и обиди за создавање страв.

Најновата изјава на Венко Филипче дека „македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата“ и дека Владата сакала да ја изолира државата од Европа, не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање од вистинските прашања на кои СДС со години бега да одговори.

Да, народот гледа. Но не го гледа тоа што сака Филипче да го прикаже. Народот гледа дека денес се градат автопати, железнички коридори, локални патишта, училишта, градинки и инфраструктурни проекти во речиси сите општини.

Народот гледа дека за првпат по долго време државата не стои во место. Гледа дека се отвораат процеси за реформи во правосудството, кое токму во времето на СДС беше претворено во алатка за политички прогон и партиска пресметка.

Но народот исто така памети. Памети кој ја доведе Македонија во состојба на понижување и национално обезличување.

Памети кој го смени името на државата, кој го смени знамето, кој го преименува аеродромот и автопатите, кој брусеше шахти со сонцето од Кутлеш низ Скопје за да се додворува на туѓи агенди.

Народот памети и како од пред Владата беше тргната оградата од ковано железо со приказни дека „Владата е народна“, а потоа истите тие поставија полициски бариери за да се бранат од сопствениот народ кој секојдневно протестираше против нивните политики.

Народот памети и како функционери на СДС играа ора и снимаа видеа по кабинети со креветчиња, додека институциите тонеа во хаос.

Памети како се ветуваа „живот за сите“, правда и економски просперитет, а доби криминални афери, тендери, рекет, сомнителни договори и милијарди исчезнати од буџетот без реални капитални инвестиции. Парите ги нема, проектите ги нема, но затоа останаа долговите и разочараноста кај граѓаните.

Народт исто така бара одговори. Каде завршија милијардите евра наменети за капитални инвестиции? Кој се збогати додека народот осиромашуваше? Што се крие зад приказните за златни визи и сомнителни бизнис-релации? Зошто Македонија беше туркана од отстапка во отстапка секогаш кога СДС беше на власт?

Филипче денес зборува за Европа, но народот гледа дека токму СДС со години ја претвораше европската агенда во средство за уцени и распродажба на националните интереси. Наместо достоинствена дипломатија, добивме политика исполнување туѓи барања без црвени линии.

Наместо национално единство, добивме поделби, омаловажување на сопствениот народ и поддршка за сите оние кои ја негираат Македонија и македонскиот идентитет.

Македонија не се брани со прес-конференции полни со навреди и лаги. Македонија се брани со работа, со проекти, со економија, со институции и со почит кон народот.

А народот денес многу подобро гледа кој работи, а кој само се обидува повторно да ја врати старата матрица на страв, поделби и политички манипулации.

СДС и Филипче можеби мислат дека народот заборавил. Но народт во Македонија памети. И токму затоа граѓаните денес бараат одговорност, а не нови изговори и празни обвинувања.

Изгледа дека за Венко Филипче секое спротивставување на бугарските барања веднаш се нарекува „изолација“, а секое попуштање и отстапка се претставува како „европска вредност“.

Ако за Филипче одбивањето нови уцени значи изолација, тогаш логично се поставува прашањето, дали за него предавството на националните интереси е единствениот пат кон Европа?

 

 

 

 

 

 

Мане Јаковлески

Најново од: Коментари

Македонија не треба да биде јаболко на раздор, туку мост меѓу народите!

Во Македонија со векови се менувале царства, граници, знамиња и владетели. Се воделе војни, се кроеле туѓи карти, се делел народот и се создавале омрази, но македонскиот народ и покрај сè не научил да мрази, затоа што премногу добро знае колку е тешка омразата и колку таа не гради домови, туку гробови, не создава иднина, […]

Бурак Кечаи: до Христијан Мицкоски за расчистување со правосудниот хаос

Превземено од ФБ статусот на Бурак Кечаи Поддршка и повик до премиерот Христијан Мицкоски за конечно расчистување со правосудниот хаос Во држава во која правдата со години се доживува како привилегија, а не како право, дојде време за да се смени. Граѓаните на Македонија предолго живеат со чувство дека законите за едни важат, за други […]

Филипче ја продава приказната за Европа, а подготвува нови отстапки за Македонија

Политиката на СДС повторно се враќа на добро познатата матрица – страв, притисоци, отстапки и убедување на народот дека секое ново понижување е „европска иднина“. Денес таа улога ја презеде Венко Филипче, човек кој сѐ почесто зборува во име на бугарските барања, а сѐ поретко во име на македонските национални интереси. Додека македонскиот народ бара […]

Филипче со старата матрица на Заев, но Македонија денес не е истата!

Политичката сцена во Македонија повторно почнува да наликува на веќе видено сценарио. Истите пораки, истата реторика на страв, истите обиди за создавање криза и поделби, само со нов лик во главната улога. Ако некогаш Зоран Заев беше симболот на политиката која преку хаос, конфликти и надворешна поддршка дојде до власт, денес многумина во настапите на […]

Филипче, враќај ги под хитно жезолот и круната прадедо ти што им ги даде на Бугарите

Алексндар Македонски Џеповски Аман за аман Филипче, доста е од празни политики и политички манипулации. Наместо постојано да држиш лекции и да глумиш загриженост за Македонија, под итно врати ги жезолот и круната на македонските поглавари, за кои јавноста со години зборува дека завршиле кај Бугарите. Цел народ знае и памети дека токму твојата фамилија […]

Хронологија: од СКМ-ПДП до СДС на Филипче-старата матрица во ново пакување

Хронологија на политички одлуки, кризи и контроверзи (1990–2026) и штетните политики од СКМ-ПДП до СДС низ призмата на македонската државност. Почетокот на плурализмот и судирот околу иднината на Македонија Во 1990 година Македонија влегува во нов политички систем и се одржуваат првите повеќепартиски парламентарни избори. Првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година. Изборите се одвиваа […]

Браќа и сестри Македонци!

Едмонд Темелко Пустец, Мала Преспа, Албанија Овој ден не е само датум. Овој ден е совест. Овој ден е прашање што секој од нас треба да си го постави пред огледало – дали сме достојни на името што го носиме – Македонија. Пред 123 години, на 4 мај 1903 година, во близина на селото Баница, […]

To top