Коментари

Нема ниту еден комита или војвода Бугар

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Дали сте слушнале дека за време на „ослободувањето“ на Бугарија од Турција, во таа утопистичка целина наречена Бугарија пред 1878 година, имало борби, гинеле комити и војводи? Да замислиме дека имало – единствена опција е дека нивните имиња би биле Аспарух, Омуртаг, па дури и Осман… Дали тие се иста крв со Гоце, Даме и Јане?

Нема никакво ослободување на Бугарија од Османлиите, ниту револуција, што е многу чудно и неразбирливо. Сето тоа е фарса и има само еден главен играч, а тоа е Русија.

Примерот со Левски како доброволец во српската армија е капак на бугарскиот сарказам. Немаат ниту еден, ама баш ниту еден пример дека дури и некој Татар по грешка испалил куршум, па да се залажат себеси и целиот свет дека се бореле против Турците, имале револуција и се ослободиле.

Лично јас, а не Бачев, пред 25 и кусур години прашував: во која песна се спомнува дека Гоце, па и сите великани илинденци, се бореле за Бугарија?

Дали Бугарите еднаш ќе разберат дека Бугарија е руски производ за контрола на Балканот, Црното Море и Медитеранот, измислен во 1878 година? Бугарска нација и црква не постоеле пред 1878 година. Тоа е трик на Ватикан, спроведен преку Фанарот и големите лаги за првото и второто таканаречено Бугарско царство, кои се научна фантазија повторувана стотици пати.

Пуста Европа – колку билиони има потрошено и колку пати банкротирано за финансирање на бомби наречени Бугарија и Грција во последните 200 години.

МАКЕДОНИЈА ЈА ИМАШЕ ТАА СРЕЌА ДА БИДЕ СЛАВНА АНТИЧКА И БИБЛИСКА ЗЕМЈА, НО ЈА ИМА И ТАА НЕСРЕЌА НА НЕЈЗИНАТА ТЕРИТОРИЈА, ВО 19 ВЕК, ДА СЕ СОЗДАДАТ БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА, ПА ДЕНЕС ДА ПЛАСИРААТ ГЛУПОСТИ КАКО „ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ“.

ПОМАГАЈ БОЖЕ. ОВА ВЕЌЕ ГИ ПРЕМИНА СИТЕ ГРАНИЦИ И СТАНУВА НЕПОДНОСЛИВО.

АМИН

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top