Коментари

СДС се јави. Зошто се јави? За свечено да соопшти — ништо!

Македонска Нација

Македонска Нација

СДС се јави за да го критикува видеото „Силно светнал ден“ посветено на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Зошто се јави? Затоа што, нели, секој ден мора нешто да каже. А кога нема што суштински да понуди, најлесно е да се создаде поделба дури и таму каде што пораката повикува на обединување.

Видеото за независноста испраќа јасна и позитивна порака. Тоа е приказна за Македонија, за нејзиниот пат и за дел од настаните што го одбележаа нејзиното постоење како независна држава. Таквата годишнина треба да биде повод за заедничко чествување, без оглед на партиската припадност.

Штета што и овој пат СДС избра да застане на погрешната страна.

Во СДС најпрво се налутиле затоа што во спотот се појавува само Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. Ако и првиот претседател им пречи во видео посветено на независноста, тогаш проблемот очигледно не е во видеото.

Потоа прашуваат зошто во него немало ништо за Никола Груевски и почнуваат да премеруваат кој колку бил заслужен. Како историјата на Македонија да е партиски биланс во кој секој треба да пресмета колку секунди му следуваат и колкав дел од заслугите може да запише на своето конто.

Притоа забораваат на сопствената улога во настаните што следуваа. Преку објавувањето на таканаречените „бомби“, Шарената револуција и долгогодишниот политички прогон беше создадена атмосфера во која Никола Груевски на крајот ја напушти државата и замина во егзил. Денес лицемерно прашуваат зошто го нема во видеото, иако токму тие направија сè за да го отстранат од политичката сцена и да ја избришат неговата улога во поновата македонска историја.

Следно е прашањето зошто во видеото немало ништо за членството во НАТО. Повторно го истакнуваат резултатот, а го премолчуваат она што го направија за да стигнат до него. Сакаат да се гордеат со членството, но не сакаат да се потсетат на цената што му ја наметнаа на македонскиот народ. Ги слават придобивките, а се обидуваат да ги избришат отстапките и националните понижувања со кои беа платени.

Можеби, сепак, најмногу им пречи тоа што во видеото нема посебно место за некој од нивните премиери. Или вистинскиот проблем е што во спотот ги нема Зоран Заев и другите нивни блиски соработници, од кои речиси секој остави зад себе по една тешко поправлива последица за иднината на Македонија.

Но ова не е изборен спот на СДС, ниту видео создадено за да ја задоволи суетата на неговото сегашно раководство. Ова е спот посветен на дел од позитивните моменти што ги одбележаа изминатите 35 години македонска независност.

Независноста на Македонија е поголема од секоја партија, од секој лидер и од секоја дневнополитичка пресметка. Таа не му припаѓа ниту на СДС, ниту на која било друга политичка структура. Таа му припаѓа на македонскиот народ и на сите граѓани што ја чувствуваат Македонија како своја држава.

Токму затоа згрозува нивото на политичка култура што го покажуваат Венко Филипче и раководството на СДС. Тие политизираат нешто што граѓаните го разбираат и го прифаќаат како народна прослава на независноста. Наместо барем еднаш да се издигнат над теснопартиските интереси, повторно се обидуваат да поделат, да релативизираат и целата тема да ја пренасочат кон самите себе.

Жално е што СДС нема капацитет да ја согледа големата слика и да го надмине сопствениот политички талог. Тоа не изненадува, бидејќи ваквото однесување одамна стана негов препознатлив образец. Сепак, разочарувачки е што токму таквиот однос денес го олицетворува раководството на партијата.

А, за негативните моменти сè уште не е снимено видео.

Ако некогаш биде снимено, Зоран Заев, Венко Филипче и нивните соработници несомнено би имале многу позабележителни улоги. Во него би имало место за промената на името, националните понижувања, политичките пазари, корупциските скандали, разнишаните институции и изгубената доверба на граѓаните.

Народот не го заборавил сето тоа. Не му е потребен спот за да се потсети. Но можеби еден ден некој ќе сними такво видео како поука за идните политичари во Македонија — за никогаш повеќе да не се води политика спротивна на интересите на државата.

Тоа видео би имало само еден соодветен наслов: „Наравоучение“.

Затоа нема потреба дополнително да се коментира партијата што со своите постапки остави зад себе некои од најсрамните политички поглавја и најголемите афери во овие 35 години.

СДС се јави. Зошто се јави? За свечено да соопшти — ништо!

За жал, повторно не кажа ништо што обединува.

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Најнови вести

To top